Tino.S.sv.Juda2

+Светиот апостол Јуда; Преподобен Паисиј Велики; Светиот маченик Зосим; Преподобен Јован Отшелник; Свети Јован Шангајски;

 

Tino.S.sv.Juda1

Евангелие на празник: Свето евангелие според светиот апостол Јован 14:21-24

21.     Кој ги има заповедите Мои и ги пази, тој е оној што Ме љуби; а кој Ме љуби Мене, возљубен ќе биде од Мојот Отец; и Јас ќе го возљубам, и ќе му се јавам Сам.”
22.     Му рече Јуда, не Искариот: „Господи, што е тоа дека сакаш нам да ни се јавиш, а не на светот?”
23.     Исус одговори и му рече: „Ако некој Ме љуби, ќе го пази словото Мое; и Мојот Отец ќе го возљуби, и ќе дојдеме при него и живеалиште во него ќе направиме.
24.     Кој не Ме љуби, не го запазува словото Мое; а словото, што го слушате, не е Мое, туку на Мојот Отец, Кој Ме прати.

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Матеј 7:24-29;8:1-4

24.     И така, секој, што ги слуша и исполнува овие Мои зборови, ќе биде како благоразумен маж, кој си направил куќа на камен.
25.     И заврна дожд и надојдоа реки, и дувнаа ветрови, и навалија на таа куќа, но таа не падна, оти беше изградена од камен.
26.     А секој, што ги слуша овие Мои зборови и не ги исполнува, прилега на човек глупав, кој си направил куќа од песок.
27.     И заврна дожд, и надојдоа реки, и дувнаа ветрови, и навалија на таа куќа, и таа падна, а паѓањето ? беше страшно.”
28.     И кога ги заврши овие зборови, народот се чудеше на Неговото учење,
29.     зашто Он ги поучуваше како Оној, Кој има власт, а не како книжниците.
1.     А кога слегна од планината, по Него врвеше многу народ.
2.     И ете, се приближи еден лепрозен. Му се клањаше и говореше: „Господе, ако сакаш, можеш да ме очистиш.”
3.     А Исус, кога ја пружи раката, се допре до него и рече: „Сакам, очисти се!” И тој веднаш се очисти од лепрата.
4.     И му рече Исус: „Гледај, никому не кажувај; а оди, покажи им се на свештениците и принеси дар, како што заповедал Мојсеј, ним за сведоштво.”

Апостол на празник: Соборно послание на светиот апостол Јуда 1:1-10

1.     Од Јуда, слугата на Исуса Христа, а брат на Јакова – до призваните, осветени во Бога Отецот и запазени од Исуса Христа.
2.     Милоста, мирот и љубовта да ви се умножат!
3.     Возљубени, грижејќи се постојано, да ви пишувам за вашето општо спасение, најдов за добро да ви напишам и да ве помолам – да се борите за вистинската вера, која им е дадена на светиите еднаш засекогаш,
4.     зашто се вовлекоа некои луѓе, чија осуда е одамна определена, безбожници, што ја обрнуваат благодатта Божја во нечистотијата и се одречуваат од Единиот Господар Бог и Господ наш Исус Христос.
5.     Сакам да ви напомнам, иако ова веќе го знаете, дека Господ, откако го избави народот од Египетската земја, ги погуби потоа оние, што не веруваа;
6.     ангелите, пак, што не се покоруваа на своето началство, и го напуштија своето живеалиште, ги стави во вечни окови, во мрак за суд на великиот ден.
7.     Како што Содом и Гомор и околните градови, што блудствуваа и на ист начин како и тие налетуваа и на друга плот, станаа пример со тоа што беа накажани со вечен оган.
8.     Исто така ќе стане и со оние, кои ја осквернуваат плотта, ги презираат началниците и достоинството на власта.
9.     А Архангел Михаил, кога се препираше со ѓаволот за Мојсеевото тело, не се осмели да изрече хулна пресуда, туку рече: „Господ да ти забрани!”
10.     А овие хулат на она, што не го знаат, а во она, што го знаат во природа како неразумно животно, во него се распаѓаат.

Апостол на денот: Послание на светиот апостол Павле до Римјаните 3:28-31;4:1-3

28.     И така, си мислиме дека човекот се оправдува со верата, без дела според Законот.
29.     Или Бог е пак само на Јудејците, а не и на незнабошците? Се разбира, и на незнабошците,
30.     бидејќи еден е Бог, Кој ќе ги оправда обрезаните по вера и необрезаните преку вера.
31.     И така, го нарушуваме ли Законот преку верата? Никако, туку уште го утврдуваме.
1.     Па што да кажеме за нашиот отец Авраама, што добил по плот?
2.     Ако Авраам се оправда со дела, тој има пофалба, но не пред Бога.
3.     Оти, што вели Писмото? – „Му поверува Авраам на Бога, и тоа му се прими како оправдание.”

Поука на денот: Старечник
Меѓу великите монаси, познати египетски подвижници беше и авва Агатон. Тој особено се одликуваше со смирение и трпение. Сакајќи да го проверат тоа, еднаш во посета му дошле неколкумина браќа. Тие го прашале: „Авво, слушнавме дека си горд, дека ги презираш другите и дека си блудник?“ Авва Агатон им одговорил: „Да, тоа е вистина.“ „А дали си озборувач и клеветник?“ И на тоа прашање, тој им одговорил потврдно. Но, кога го прашале: „Авво, дали си еретик?“ Тој им одговорил: „Тоа не! Јас не сум еретик.“ Потоа го прашале: „Авво, те молиме кажи ни зошто ги признаваш претходните особини, а третата не ја признаваш?“ Тој им одговорил: „Тоа првото го прифаќам, бидејќи тоа е корисно за мојата душа, но да се биде еретик значи да се биде одвоен од Бог, а јас не сакам да бидам одвоен од Бог.“

 

Tino.S.sv.Juda