o.Serafim.Panihida2

o.Serafim.Panihida3

o.Serafim.Panihida4

Со пристигнувањето на кичевската илинденска коњаница во манастирот „Св. Јован Претеча“ – Слепче кое беше најавено со биење на камбаните, воочи празникот Илинден, денеска при влезната капија на Манастирот, која со векови ги чува трагите од куршумите на сите оние кои не се ослободија од своето властољубие како желба да владеат со другите, се отслужи ПАНИХИДА за сите оние кои го положија животот застанувајќи во одбрана на сираците, вдовиците, немоќните, и сите кои ја сакаат слободата од Бога им дарувана.

o.Serafim.Panihida1
На свеченоста беше осветен леб (колач) во чест на св. Марина (Огнена Марија), која се прославува денес.

Лебот беше прекршен од игуменот Сeрафим и водачот на коњаницата, за здравје и спасение на сите учесници во коњаницата и присутни.

o.Serafim.Panihida9

o.Serafim.Panihida10

Се отслужи и панихида за сите загинати бранители на Македонија, сите учесници во илинденскиот период, како и за народот кој бил под ропство. Како што беше и во најавата, молитвите за упатени и за непријателите.


o.Serafim.Panihida5

Во молитвите на панихидата беше спомнато и целото население кое страдаше под јаремот на поробувачите а кое денес не е помеѓу живите на земјата, но живо остана за Бога.

o.Serafim.Panihida6


o.Serafim.Panihida

Молитвите на панихидата упатени кон Живиот Христос се за прошка на гревовите на сите оние, кои зедоа дел во таа слободарска кауза, како и за прошка на гревовите на сите оние кои во туѓи војски извршуваа наредби на претпоставени, а беа во редот на поробувачите. Молитвите беа и за сите оние кои како непријатели на жителите на оваа земја се пројавија, ние, и за нив од Христа нашиот Спасител, милост бараме. Како Христијани непријатели немаме, бидејќи и нив ги љубиме, бидејќи Господ и за нив ја пролеа Својата Крв.
o.Serafim.Panihida7

Отец Серафим го спомена Мелхиседек од Стариот завет кој го пречекал Аврам со леб и вино, што е симбол на телото и крвта на Христос. Во овој контекст беше и благословот над коњаницата, односно луѓето кои се залагаат за слободата, да се умножуваат и преумножуваат, бранејќи ја слободата и нејзините вредности кај сопствениот народ.

o.Serafim.Panihida8

o.Serafim.Panihida11

Фото: Маја Богоевска

https://citaj.be/panihida-vo-slepcenskito-manastir-za-onie-koi-go-polozija-zivotot-za-slobodata/