Angel.Pojasot.Presveta3

Скопје,13ти септември 2022 г. -

Во Соборен храм Св. Климент Охридски, на  Празник на појасот на Пресвета Богородица; Свети Генадиј, патријарх Цариградски; Светиот свештеномаченик Кипријан; Свети Јован, митрополит Киевски, свештеникот Ангел Сердарски отслужи Божествена Литургија,Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

Angel.Pojasot.Presveta8

Angel.Pojasot.Presveta4

 Angel.Pojasot.Presveta5

Поука на денот:

Авва Памво
Делата се добри.

Но, ако го сочуваш и својот ум чист

во однос на ближниот ќе се спасиш.

Angel.Pojasot.Presveta1

Angel.Pojasot.Presveta9

 Angel.Pojasot.Presveta6

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Марко 4:24-34

24.     И им велеше: „Внимавајте на она што слушате: со каква мерка мерите, со таква ќе ви се мери, и ќе ви се придодаде вам што слушате.
25.     Зашто, кој има, нему ќе му се даде; а кој нема, од него ќе се одземе и она што го има.”
26.     Па рече: „Царството Божјо прилега на човек што фрлил семе в земја,
27.     па спие и станува ноќе и дење; а како никнува и како расте семето, тој не знае.
28.     Зашто земјата сама од себе донесува плод, најнапред трева, па клас, а потоа и полно зрно во класот.
29.     А кога узрее плодот, одеднаш испраќа срп, зашто дошло времето за жетва.”
30.     Пак продолжи: „Со што да го споредиме царството Божјо, или со каква парабола да го прикажеме?
31.     Тоа е како синапово зрно, кое, кога се сее в земја, е помало од сите семиња земни;
32.     а кога се посее, израснува и станува поголемо од сите растенија, и пушта големи гранки, така што под неговата сенка можат да се засолнуваат птиците небески.”
33.     И со многу такви параболи им го проповедаше словото, колку што можеа да слушаат.
34.     И без параболи не им говореше, а на учениците Свои насамо сe им објаснуваше.

Апостол на денот: Второ послание на светиот апостол Павле до Коринтјаните 12:20-21;13:1-2

20.     Бидејќи се плашам, да не би, кога ќе дојдам да ве најдам не такви, какви сакам; а и вие да ме најдете таков, каков што не сакате: да не би меѓу вас да има кавги, завист, гнев, гордост, раздор, клевети, охолост, бунење;
21.     да не би пак, кога ќе дојдам при вас, да ме унизи мојот Бог, и да плачам за мнозина, кои погрешиле порано и не се покајале за нечистотијата, блудството и срамотата, што ги направиле.
1.     Ова е третпат како веќе доаѓам при вас: „Од устата на двајца или тројца сведоци ќе се потврди секој збор.”
2.     Порано реков и велам, како кога бев по вторпат, и сега, кога не сум при вас, им пишувам на оние што порано погрешија, и на сите други, дека, кога ќе дојдам пак, нема да штедам;

 Angel.Pojasot.Presveta7

 Angel.Pojasot.Presveta11

 Angel.Pojasot.Presveta10

Angel.Pojasot.Presveta

 Angel.Pojasot.Presveta2

 Angel.Pojasot.Presveta12

Angel.Pojasot.Presveta13

 Преминпортал (к.т.)