Ljupcho..Veljanovski.petochno1

 Скопје, 02.12.2022 год.-  храм Рождество на Пресвета Богородица

 (24та недела по Педесетница) 

 Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Лука 13:31-35 

 Ljupcho..Veljanovski.petochno2

 Ljupcho..Veljanovski.petochno

На 2ри декември   2022 година, во  нашата света, соборна и апостолска  Цркви молитвено се прослави споменот на светиот пророк Авдија; Светиот маченик Варлам; Преподобен Варлам и Светиот принц Јоасаф; Светиот маченик Илиодор; Преподобен Порфириј Кавсокаливит;

 

 

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Лука 13:31-35

31.     Во тој ден пристапија некои од фарисеите и Му рекоа: „Излези и оди си одовде, оти Ирод сака да Те убие!”
32.     И им рече: „Одете и кажете ? на таа лисица: еве, истерувам бесови, и лекувам денес и утре – и на третиот ден ќе свршам;
33.     но Јас треба да врвам денес, утре и задутре, бидејќи не бива пророк да загине надвор од Ерусалим.
34.     Ерусалиме, Ерусалиме, ти што ги убиваш пророците и со камења ги засипуваш пратените при тебе, колкупати сакав да ги соберам чедата свои, како квачка пилињата свои под крилја, но не сакавте.
35.     И ете, домот ваш ќе ви се остави пуст. И Јас ви велам, дека нема да Ме видите сe дури не дојде времето да кажете: »Благословен е Оној што иде во името Господово!«“

Апостол на денот: Второ послание на светиот апостол Павле до Солунјаните 3:6-18

6.     Ви заповедам, браќа, исто така во името на нашиот Господ Исус Христос, да се двоите од секој брат, кој живее неуредно, а не според преданието, што го добија од нас!
7.     Сами знаете како треба да се угледате на нас, бидејќи ние не живеевме неуредно при вас,
8.     ниту, пак, при некого јадевме леб дарум, туку работевме со труд и мака дење и ноќе, за да не му додеваме на никого од вас.
9.     И не поради тоа што немавме власт, туку за да бидеме пример, та да се угледате на нас.
10.     Зашто, кога бевме меѓу вас, ви го заповедавме ова – дека кој не сака да работи, нека и не јаде.
11.     Но слушаме оти некои од вас живеат неуредно, ништо не работат, туку се занимаваат со празни работи;
12.     на таквите им заповедаме и ги молиме во нашиот Господ Исус Христос да работат мирно и да го јадат својот леб.
13.     А вие, браќа, не паѓајте со духот, кога вршите добро.
14.     Ако некој не ги послуша нашите зборови од ова послание, означете го и не дружете се со него, за да се посрами;
15.     но не сметајте го за непријател, туку поучувајте го како брат.
16.     А Сам Господ на мирот нека ви даде мир секогаш и во секое дело! Господ нека е со сите вас!
17.     Своерачен поздрав од мене, Павла; тоа е белег во секое послание; јас пишувам така:
18.     благодатта на нашиот Господ Исус Христос нека биде со сите вас. Амин!



Поука на денот: Свети Макариј Египетски


Така, можно е да се вкуси благодатта Божја, зашто е кажано: „Вкусете и ќе видите колку е благ Господ“ (Псал. 33, 8). Ова вкусување е динамичната сила на Духот која што се манифестира во целосна полнота во срцето. И затоа оние што се синови на Светлината, служители на Новиот Завет во Светиот Дух, немаат што да научат од луѓето. Тие самите се поучувани од Бог. Самата благодат ги врежува во нивните срца законите на Духот... Срцето е господар и цар на целиот телесен организам, и кога благодатта ќе го заземе подрачјето на срцето таа владее со сите негови делови и со сите негови мисли. Зашто во срцето живее умот, и сите мисли на душата, и нејзиното исчекување на идните добра. Ете затоа благодатта и ги проникнува сите делови на телото.