tret-akatist-2023-006 

tret-akatist-2023-007 

Неопислива и неискажлива е тајната на Богородица. Неизброиви и необјасниви се чудата на најчистиот плод што некогаш човештвото го дал, Пресвета Дева Марија. Нејзиното име радува срца и духови, утешува таги и лекува слабости. Поширока од Небесата, почиста од Сонцето. Подлабока од мислата, потаинствена од животот. Таа ни Го роди Спасителот Христос, предвечниот Бог, Кој преку Неа стана и човек. Таа е вратата на Животот, скалата кон Небото и клучот за Царството Божјо. Нејзе Црквата по целото потсончевие непрестајна песна, благодарност и слава ѝ воспева. Кога би се собрале сите восхвали кон неа, ниту малку не би биле достојни за заслугата на таа таинствена личност, Мајката Божја.

tret-akatist-2023-008

Нашиот Старец и Игумен, Епископот Антаниски г. Партениј, преку кого сите ние зедовме удел во радоста небесна и тргнавме по патот на спасението, вечерва ни ги заслади срцата со најслатките воспеви и поздрави кон Пресветата, учејќи нѐ воедно како вистински, од душа да ѝ се обраќаме и синовски да ја љубиме. Затоа сите ѝ повикуваме, поздравувајќи ја: „Радувај се, Невесто Неневесна!“

 tret-akatist-2023-021

  

 

 

Повеќе

https://bigorski.org.mk/vesti/bogosluzhbi/presveta-bogorodica-kluch-za-hristovoto-carstvo-tret-akatist/