Богородица е заедница помеѓу Бог и Човек.
6. За Исусовата молитва / Свети Теофан Затворник
Излезе од печат новото издание на православното списание „Премин“ (22.09.2008)
Светлината на светот
Раѓајќи Го Бог, го раѓа Човекот.
Во светлината на Нејзината чистота се содржи тајната на љубовта заради која Бог го создал светот.
Во убавината на Нејзината личност е содржана причината заради која Бог Го даде Својот Единороден Син за спасението на светот.
На Богородица се чекаше илјадници години, за да дојде и да го покрие светот со тишината на Својата молитва и љубов кон Небесниот Отец.
Светлина од Која се роди Светлина за да му го покаже патот на човештвото. Љубов заради љубовта и заради Оној Кој Е.
Нема зборови и нема ум за да се изрази величенственоста на Онаа што стана почесна од херувимите и пославна од серафимите. Онаа што со еден двиг на срцето Му одговори на Бог: „Да, Господи, нека биде волјата Твоја!“
Затоа Нејзината душа е поширока од небесата, а нејзината пречиста утроба Светиња над светињите.
Дар што светот и човештвото Му го принесуваат на Бог, како што вели божикната молитва: небото Ти принесе ѕвезда; ангелите – песна; мудреците – дарови; пастирите – радоста своја; земјата – пештера; пустината – јасли... Ние луѓето – Мајката Дева...
Заради молитвите на Твојата Пресвета Мајка и Секогашдева Марија,
Господи Исусе Христе, помилуј нè!
сестра Макрина
Содржината на овој број на списанието „Премин“ e:
Содржина:
1. Уводник
2. За Пресвета Богородица
3. Пресвета Богородица во Црквата / ава Јустин Ќелиски
4. Репортажа: Манастир Горњак
5. Ни Јас не ви кажувам… / Митрополит Струмички Наум
7. Старец Харалампиј Дионисијатски / Писмо до духовното чедо
8. Светоотечка ризница
9. Премин Галерија
10. Зборник на текстови „Црквата и медицината“
11. За мозаикот, или: во делот да се созерца целината / Венко Андоновски
12. Романското влијание во македонското црковно пеење / д-р Јане Коџабашија
13. Возобновени храмови / Јанко Илковски
14. Горан Величковски
15. Вулгаризација на тема веронаука / д-р Драган Михајловиќ
16. Вести од православниот свет
17. Празници на Пресвета Богородица
Списанието „Премин“ во овој број подарува CD од фестивалот по источно црковно-пеење „Денови на Јустинијан Први 2008“, избор од завршниот концерт, во продукција на ПРЕМИНПОРТАЛ (www.preminportal.com.mk).
Продажни места:
Во Скопје
1.Скопје: Соборен храм, Св. Петка, Св. Јован Крстител,..
2. Во сите поголеми продажни пунктови
Во останати градови во Р.Ммакедонија
Охрид, Битола
Посети: {moshits}