akademija.sv.Sofija6.jpg


 akademija.sv.Sofija4.jpg

Во рамките на свечениот дел на Архиепископиот црковно-народен собор во храмот на св. Софија  во Охрид, а  по повод 50-годишнината од возобновувањето на Охридската Архиепископија во лицето на МПЦ, се одржа свечена Академија.  Со пеењето на композицијата „В хиљада седумстотин  шездесет и второ лето...“, хорот Св. Климент Охридски од Скопје ја отвори Академијата.

 akademija.sv.Sofija2.jpg

 Потоа беше прикажан  краткометражен документарен филм: „50 години возобновена Охридска Архиепископија- Македонска православна црква“

akademija.sv.Sofija3.jpg

akademija.sv.Sofija8.jpg

akademija.sv.Sofija.jpg

akademija.sv.Sofija12.jpg

akademija.sv.Sofija14.jpg

„Имајќи ја предвид традицијата во Христовата Црква, уште од најрани времиња, како и мислењето на светите отци, како, на пример, учесниците на IV Вселенски собор, кои, во 17 правило на истиот, предвиделе дека доколку една територија, со свои граници, во текот на соследователни 30 години, независно од другите, го организирала црковниот живот, значи дека на истата треба да и' се признае самостојност. Тоа го препорачуваат скоро сите толкувачи на каноните.

Македонија, не 30, не 300, туку и трипати по 300 и уште толку, ја има Црквата Христова, Црквата израсната од посеаното евангелско семе уште од светиот апостол Павле, и истата потврдена како Јустинијана Прима, за потоа, од Светиклиментовото време, па се до денес, да ја имаме како Охридска архиепископија - Македонска православна црква.

Благодарение на длабоката вера, на верата потврдена со дела, со дела на љубовта, ете, растеше и расте Црквата наша Охридска и Македонска, напредуваше полевана од солзи и крв, мачеништва и страданија... За таа Црква, возобновена пред половина век, еве, се собравме да и' се радуваме и на младоста нејзина и, воедно, да се гордееме и на древноста нејзина, „сеќавајќи се", како што вели пророкот, „на она што го направиле нашите татковци", како и на тоа дека „сме Црква на живиот Бог, Кој се вселил во нас и живее во нас - и ние сме народ Божји" (сп: 2 Кор. 7, 16).“


akademija.sv.Sofija5.jpg

akademija.sv.Sofija7.jpg

 

 akademija.sv.Sofija1.jpg

Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан произнесе Јубилејно слово

akademija.sv.Sofija11.jpg

 akademija.sv.Sofija10.jpg


akademija.sv.Sofija9.jpg

Првиот Собор се одржал на 4 и 5 март 1945 година во Скопје. На Соборот е утврдена вековната желба на македонскиот народ за возобновување на Охридската архиепископија според 17. и 30. правило на Вселенскиот собор, и според 800-годишното постоење на Охридската архиепископија како Помесна православна црква како дел од Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква. На Соборот е утврдено да се изберат епископи од македонскиот народ, како и да се задржи карактерот на Охридската архиепископија како родна црква на македонскиот народ. Утврдено е титулата на поглаварот да биде Охридски архиепископ, црквата Светиклиментова охридска архиепископија, а архиепископот да биде востоличен во Охрид на тронот на охридските архиепископи.

Вториот Собор бил одржан од 4 до 6 октомври 1958 година кога е возобновена Охридската архиепископија во лицето и како Македонската православна црква со тогашни три епархии: Скопска, Охридско-битолска и Злетовско-струмичка. На чело на МПЦ на тронот на охридските архиепископи во Охрид во црквата Св. Климент Охридски (Св. Богородица-Перивлепта) на 5 октомври 1958 беше востоличен архиепископот г.г. Доситеј со титула архиепископ охридски и скопски и митрополит македонски, а седиштето на МПЦ е определено во Скопје.

На 6 октомври 1958 е донесен Уставот на МПЦ, раководена според каноните, правилата и преданието на Светата православна црква.

Третиот Собор бил одржан на 17 јули 1967 година кога е прогласена автокефалноста на Македонската православна црква на чело со архиепископ со титула Архиепископ охридски и македонски. Подоцна се одржани уште неколку архиепископски црковно-народни Собори на МПЦ во 1994, 2004, 2005 година.

+++


 akademija.sv.Sofija13.jpg„Нам, на Македонците, ни беше дадено да бидеме извор од кој ќе се напојуваат повеќе народи. Тоа ни беше Божја награда, зашто како народ не тргнавме да освојуваме туѓи земји и да стекнуваме богатства, туку избравме да бараме и да најдеме приод до Бога и да останеме со него. И ни изгради Господ Црква, со темели во душата на секој Македонец, Црква врз камената вера на нашиот народ, Црква која ни вратите адови нема да ја надвладеат. Таа наша Црква, понекогаш во времињата мрачни се сведуваше дури на еден окаден олтар и на само еден верник и на само еден свештеник, ама и тогаш името и беше цело и големо: Македонска православна црква како славна Охридска Архиепископија.

И преку свети Климента ни порача дека ќе бидеме единствениот народ на кој неговата Црква ќе му биде држава и границите на таа држава нема да бидат оние меѓу кои ќе живеете, туку тие ќе се протегаат дотаму, до каде Бог се изговара Бог, а небото - небо и водата - вода. И тоа ваше Царство ќе биде небо на земјата и вашиот Охрид ќе остане за сите векови Ерусалим.

Браќа и сестри, народ сме што се борел и се молел со песна, а песната секогаш му била висока до Бога, а широка до Ерусалим да се слуша. И ни во песната, ни во молитвата не сме се пофалувале за своите земни богатства, за своите убавини, ни за она што око не може да го догледа и што со уста не може да се искаже, туку секогаш сме се пофалувале со својата вера. Нашата вера најарна, ката недела - Велигден.
И сега, ќе продолжиме со песна - молитва, да Му благодариме на Бога за Неговите добрини, кон нас како народ и Црква, преку изведбата на членовите на хорот Свети Климент Охридски од Скопје. И дај Боже, вечно да ја славиме нашата Црква.“

 

Посети: {moshits}