Vladika.Metodij6.jpg


Vladika.Metodij.jpg 

На . о2. 11. 2008, на  празникот посветен на  св.вмч Артемиј и преп. Герасим Нови,  во манастирската црква Св. Георгиј, во  Криви Дол во Скопје,  Митрополит Американско- канадски г. Методиј, во сослужение на презвитер Игор Калпаковски и ѓаконот Горан Стојчевски, отслужи  Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Тајни Христови. 


. Vladika.Metodij.jpg

 Vladika.Metodij.jpg  

  Vladika.Metodij4.jpg Vladika.Metodij5.jpg

Vladika.Metodij6.jpg

Vladika.Metodij6.jpg

Беседа на Митрополит г. Методиј:
Во Името на Отецот и Синот и Светиот Дух ! Амин!

    Возљубени браќа и сестри, чудата кои што Господ ги правеше секаде каде што одеше го восхитуваа народот и сите сведочеа дека навистина таков чудотворец и таков пророк не се јавил меѓу Израилот.
    Ете и во градот Наин, Тој го воскресна синот единец на вдовицата наинска,  којашто го сожалуваше синот свој, а и целиот народ ја сожалуваше. Со тоа Господ покажа дека навистина има власт и над животот и над смртта. Оние пак коишто го видоа тоа чудо навистина се исплашија и страв ги обзеде, зошто тие знаеа дека и претходно имаше големи пророци во Израилот меѓутоа таков пророк којшто воскресна мртовец, не се имаше јавено дотогаш.
    Мнозина од оние коишто Го следеа Христа исто така се утврдија во верата зошто и чудата се дел од Божјата педагогија. Тие навистина сфатија дека тоа не е само пророк или само праведник когошто го следеа или  учител којшто имаше голема мудрост, туку Синот Божји Кој се вооплоти за спасение на целиот човечки род. Со ова чудо пак на Божјата педагогија, Господ покажа дека Неговото Воскресение не е единствено воскресение, туку дека преку Неговото Воскресение возможно и е на секоја човечка природа да го врви истиот пат до Царството Небесно.
    Преку Воскресението, преку станувањето  од мртвите Бог ни покажа дека овој живот не е единствениот живот и дека ова време коешто го имаме сега не е единственото време.
    Создадени сме за Вечност, а за таа Вечност треба добро да се подготвиме, подготвувајќи се најпрвин преку исполнување на Божјите заповеди

Vladika.Metodij6.jpg

Vladika.Metodij6.jpg

Vladika.Metodij6.jpg

Посети: {moshits}