Во организација на еминентни професори од Музичката академија во Скопје веќе години наназад, се одржува меѓународна научна  конференција на познати етнолози, музиколози и истражувачи на народниот мелос. Годинава оваа конференција под наслов: "Балканот како музички крстопат" на која учествуваа етнолози од 15 земји, беше збогатен со уште една вечер која иΔ даде и духовна димензија на оваа манифестација.vevcani1.jpg

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

vevcani2.jpg

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

vevcani.jpg

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


На учесниците им се пружи ретка можност да почувствуват дел од нашата богата духовна традиција, длабоко вкоренета во источното византиско пеење, која со благослов од архимандрит Партениј, им ја претставија сестринството од манастирот св. Георгиј - Рајчица.
Во духовната атмосфера на храмот посветен на св Николај во Вевчани, на денот од рождеството на Пресветата наша Владичица Богородица, сестрите се претставија со избрани псалмопенија .
Манифестацијата беше крунисана со пасхалните стихири кои што на присутните им ја пренесоа пасхалната радост, со надеж дека во иднина ваквата манифестација ќе се одржува и во манастирите како центри на византиската традиција и духовност.

vevcani3.jpg

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Изветува: монахиња Варвара