Pimen.It.jpg

Петта недела од Велигденскиот пост, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Пимен на пат за Лондон каде ќе  богослужи за Цветници, ја посети Црковната општина  Св. Архангел Михаил во Неиве, Италија.

 Pimen.It.jpg

 Pimen.It.jpg

 Pimen.It.jpg

 Pimen.It.jpg

 Pimen.It.jpg

За време на посетата Владиката одржа состанок со членовите на Црковната управа, на кој се разговараше за подготовките кој ги прави општината во пресрет на Велигденските празнувања и за идните планови и активности.
По покана на католичкиот парохиски свештеник од Неиве don Eligio, Владиката Пимен и отец Михајло го посетија Центарот за лекување од зависности во градот S. Stefano, кој е организиран и поддржан од католичката црква во вид на времена заедница со монашки правила. Владиката Пимен зборуваше за некои сегменти од и во православната традиција на Црквата пред членовите на заедницата како и пред голем број млади италијански семејства кои дојдоа во посета.
 Во неделата кога Црквата го празнува споменот на преподобна Марија Египетска од Великиот пост, за време на светата Литургија во преполниот храм на Македонската православна црква Св. Архангел Михаил, Митрополитот г. Пимен го произведе свештеникот Михајло Матевски во протопрезвитер.
 Во организација на Црковната општина беше успешно одржан концерт на популарното КУД Китка од Истибања и групата Унико во градот Canelli пред голем број присутни гости.

Pimen.It.jpg

 Pimen.It.jpg

 Pimen.It.jpg

                                               
  Известува:  Владо Стојев

Посети: {moshits}