Blaga.odanie.jpg

Свето Евангелие од светиот апостол Јован 43

Рече Господ на Јудеите што беа дошле кај Него: „Додека ја имате светлината, верувајте во светлината, за да бидете синови на светлината!” Штом го рече тоа, Исус се отстрани и се сокри од нив. Иако толку чудеса беше направил Он пред нив, тие пак не веруваа во Него, за да се исполни словото од пророкот Исаија, кој рече: ,Господи, кој поверува во она, што чул од нас? И раката Господова кому се откри?’ Тие затоа не можеа да поверуваат, оти Исаија уште вели: ,Ги ослепи очите нивни, ги скамени срцата нивни, за да не гледаат со очите и со срцето да не разбираат, и да не се обрнат, за да ги излекувам.’ Ова го рекол Исаија, кога ја беше видел славата Негова и зборувал за Него. Но од началниците мнозина поверуваа; само заради фарисеите не признаваа, за да не бидат исфрлени од синагогата; зашто им беше помила човечката слава, отколку славата Божја. А Исус подигна глас и рече: „Кој верува во Мене, не во Мене верува, а во Оној, Кој што Ме пратил, и кој Ме гледа Мене, Го гледа Оној, што Ме пратил. Јас како светлина дојдов во светот, така што никој, кој верува во Мене, да не остане во темнина. И ако некој ги чуе зборовите Мои, и не поверува, Јас нема да го судам, оти не дојдов да му судам на светот, туку светот да го спасам.“

Blaga.odanie.jpg  Blaga.odanie.jpg

Ава Памво

Делата се добри. Но, ако го сочуваш и својот ум чист во однос на ближниот ќе се спасиш.

 Blaga.odanie.jpg

 Blaga.odanie.jpg

 Blaga.odanie.jpg

 Blaga.odanie.jpg

 Blaga.odanie.jpg

Денес, на денот на Одание на празникот Пасха, светиот маченик Исидор и преподобен Серапион Синдонит, во храмот на св. Петка, во Скопје ,

се отслужи Утрена Богослужба.  


Од Верскиот календар на МПЦ

Светиот маченик Исидор     27/05/2009

Во времето на царот Декиј, Исидор беше насила земен во војска од островот Хиос. Од малечок се држеше за Христовата вера и животот го минуваше во пост, во молитва и во добри дела. Во војската штом се прокажа како христијанин, војводата му побара одговор и го советуваше да се одрече од Христа и да им принесе жртва на идолите. Светителот одговори: „И телото да ми го убиеш, над мојата душа немаш власт. Јас Го имам вистинскиот и жив Бог Исус Христос, Којшто и сега живее во мене и по мојата смрт ќе биде со мене и јас сум во Него и ќе останам во Него и нема да престанам да го исповедам Неговото Свето име дури е духот во моето тело“. Војводата нареди и најпрво го биеја Исидор со воловски жили, а потоа му го отсекоа јазикот. Но и без јазик Исидор со Духот Божји говореше и го исповедаше Христовото име. Војводата пак, го постигна Божја казна и одеднаш онеме. Нем најпосле даде знак да го убијат Исидор со меч. А Исидор ѝ се зарадува на пресудата и фалејќи Го Бога најпосле излезе на губилиштето, каде што му ја отсекоа главата, во 251 година. Неговиот другар Амониј го погреба неговото тело, но за ова и самиот пострада и прими венец на мачеништво.

Преподобен Серапион Синдонит     27/05/2009

Синдон значи крпа платно. Овој светител е наречен Синдонит, бидејќи својата голотија ја покриваше само со една крпа платно. Во раката носеше Евангелие. Серапион живееше како птица, без покрив и без грижи, преоѓајќи од место на место. Својот синдон му го даде на еден бедник којшто трепереше на мразот, а самиот остана сосем гол. Кога некој го запраша: „Серапионе, кој те разголе?“ Тој покажа на Евангелието и рече: „Ова!“ Но потоа и Евангелието го даде за откуп на некој задолжен човек, когошто доверителот го гонеше во затвор заради долгот. Еднаш во Атина четири дена не јадеше ништо бидејќи немаше ништо и почна да вика од глад. Кога атинските философи го прашаа зошто вика, тој одговори: „На тројца им бев должен, двајца ги подмирив, а третиот уште ме мачи. Првиот заемодавец е телесната похот, која ме мачеше во младоста; вториот среброљубието, а третиот стомакот.“ Философите му дадоа златник да си купи леб. Тој отиде кај пекарот, си купи само еден леб, го остави златникот и си отиде. На старост мирно се престави кај Господ, во 5 век. (Извор: МПЦ)

Blaga.odanie.jpg

 27 мај  2009 год.- храм на св.Петка, Скопје