Georgij.Ma.jpg

 Georgij.Ma.jpg

Денес, на 21 јуни 2009 година, кога Македонската Православна Црква го слави споменот на преносот на моштите на Светиот великомаченик Теодор Стратилат и Свети Ефрем, патријарх Антиохиски, во манастирот посветен на свети Георгиј Победоносец во Куманово, беше отслужена Божествена Литургија. Во знак на благодарност за прекрасната атмосфера создадена од ангелскиот призвук на византиското пеење, свештеникот на храмот, о. Раде, ја посвети денешната беседа на присутните псалти предводени од гостинката од певницата на црквата света Петка во Скопје.

Во она време врвејќи Исус покрај Галилејското Море, ги виде двајцата браќа, Симона, наречен Петар, и брата му Андреја, како фрлаат мрежа во морето, бидејќи беа рибари, и им рече: „Појдете по Мене и Јас ќе ве направам ловци на луѓе.“ И ете, тие веднаш ги оставија мрежите и тргнаа по Него. Потоа, одејќи, понатаму виде други двајца браќа: Јакова Заведеев и брата му Јована, во кораб со Заведеја, таткото нивни, кои си ги крпеа мрежите свои, и ги повика. И тие наеднаш го оставија коработ и татка си и тргнаа по Него. И одеше Исус по цела Галилеја и, кога поучуваше по синагогите, го проповедаше Евангелието на царството и лекуваше секаква болест и немоќ кај народот.

 Georgij.Ma.jpg
 Georgij.Ma.jpg
 Georgij.Ma.jpg
 Georgij.Ma.jpg
 Georgij.Ma.jpg
 Georgij.Ma.jpg
 За Преминпортал  од Куманово: Б.Ѓ.