LIT.sv.Makaveevi.jpg 

14 август 2009 год-  храмот на св. Петка, Скопје 

LIT.sv.Makaveevi.jpg

Божествена Литургија

Во десеттата недела по Педесетницата кога Света Црква го слави споменот на Седумтемина Макавеи, нивната мајка Соломонија и свештеникот Елеазар  во храмот на св.Петка  во Скопје,  се отслужи Божествена Литургија. На Литругијата  верниот   народ се причести со Светите Христови Тајни.

LIT.sv.Makaveevi.jpg

LIT.sv.Makaveevi.jpg

LIT.sv.Makaveevi.jpg

Свето Евангелие од светиот апостол Матеј (зач. 91)

Во она време пристапија кон Исуса садукеите, кои велат дека нема воскресение, и Го прашаа, говорејќи: „Учителе, Мојсеј рече: ,Ако умре некој без деца, тогаш брат му нека ја земе жената негова и нека го воздигне потомството на брата си!’ При нас беа седуммина браќа; првиот се ожени и умре; па, бидејќи немаше пород, ја остави жената своја на брата си; исто така направи и вториот, и третиот, дури и седмиот; а по сите нив, умре и жената. При воскресението, на кого од седуммината ќе биде таа жена, бидејќи со сите живеела?“ Исус им одговори: „Се лажете, оти не ги познавате Писмата, ниту силата Божја; зашто при воскресението луѓето ниту ќе се женат, ниту ќе се мажат, а ќе живеат како ангели Божји на небесата. А за воскресението на мртвите не сте ли читале, што ви рекол Бог, Кој вели: ,Јас сум Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов’. Бог не е Бог на мртвите, туку на живите.“ И народот, слушајќи го тоа, се восхитуваше на неговата наука.

LIT.sv.Makaveevi.jpg

LIT.sv.Makaveevi.jpg

LIT.sv.Makaveevi.jpg

LIT.sv.Makaveevi.jpg

LIT.sv.Makaveevi.jpg

LIT.sv.Makaveevi.jpg