Boge.svPimen7.jpg


  09 септември 2009 год-  храмот на св. Петка, Скопје 

Boge.svPimen.jpg

Божествена Литургија

Boge.svPimen2.jpg

Во четрнаесеттата недела по Педесетницата кога Света Црква го слави споменот на светиот маченик Фануриј, преподобен Пимен Велики, сСветиот свештеномаченик Кукша и Пимен Посник, во храмот на св.Петка  во Скопје,  се отслужи Божествена Литургија. На Литругијата  верниот   народ се причести со Светите Христови Тајни.

 Boge.svPimen1.jpg

Свето Евангелие од светиот апостол Марко (зач. 18)

Рече Господ на Своите ученици: „Да минеме на спротивната страна!“ И кога го отпуштија народот, учениците Го зедоа со себе, како што беше во коработ, а го следеа и други кораби. И се подигна голема бура, и брановите се префрлуваа во коработ - така што тој веќе пропаѓаше. Он, пак, беше на кормилото и спиеше на возглавница; Го разбудија и Му рекоа: „Учителе, зар не Ти е жал што загинуваме?“ А кога стана, му забрани на ветрот и му рече на морето: „Молкни, престани!“ И ветрот стивна, и настана голема тишина. Па им рече: „Што сте така плашливи? Како немате толку вера?“ И ги опфати голем страв, и говореа еден на друг: „Кој е, пак, Овој, што и ветрот и морето Го слушаат?“

Boge.svPimen3.jpg

Boge.svPimen4.jpg

Boge.svPimen5.jpg

Boge.svPimen6.jpg

Boge.svPimen6.jpg

Boge.svPimen6.jpg