Zlatko.LIT.jpg

18 септември 2009 год-  храмот на св. Петка, Скопје 

 Zlatko.LIT.jpg

Свето Евангелие од светиот апостол Марко (зач. 26)

Во она време ги натера Исус учениците Свои да влезат во кораб и да отидат порано од Него на другата страна кон Витсаида, дури Он не го распушти народот. И како се оддели од нив, отиде во гората за да се помоли. Приквечер коработ беше среде морето, а Он сам на суво. И ги виде како се мачат при пловењето, оти ветрот им беше спротивен; а околу четвртата стража ноќта се приближи до нив и, одејќи по морето, сакаше само да помине покрај нив. А тие, штом Го видоа како оди по морето, помислија дека е тоа привидение, па извикаа; оти сите Го видоа и се уплашија. Он веднаш почна да говори со нив и им рече: „Не плашете се! Јас сум, не бојте се!“ И влезе при нив во коработ и ветрот стивна. А тие многу се уплашија и се чудеа во себе; зашто не се вразумија со лебовите, бидејќи срцето им беше скаменето. И кога преминаа, дојдоа во земјата Генисаретска и се задржаа таму.

 Zlatko.LIT.jpg

 Zlatko.LIT.jpg

Во петнаесеттата недела по Педесетницата кога Света Црква го слави споменот на светиот пророк Захарија, светите маченици Јувентин и Максимин  и преподобен Атанасиј , во храмот на св.Петка  во Скопје,  се отслужи Божествена Литургија. На Литругијата  верниот   народ се причести со Светите Христови Тајни.

 Zlatko.LIT.jpg

 Zlatko.LIT.jpg

Zlatko.LIT.jpg

  Zlatko.LIT.jpg

Zlatko.LIT.jpg

 Zlatko.LIT.jpg

 Zlatko.LIT.jpg

Старечник

Го праша авва Јован Евнух, кога беше помлад, старецот: „Како вие можевте со леснотија да го понесете делото Божјо, а ние ни со напор не можеме да го вршиме?“ А старецот му рече: „Ние можевме, зашто наше главно занимање беше делото Божјо, а на телесните потреби малку внимававме, а вам телесните потреби ви се главно занимање, а делото Божјо не го сметате за неопходно. Затоа се измачувате, и затоа Спасителот им рече на Своите ученици: Маловерни, барајте го најнапред Царството Божјо и сѐ друго ќе ви се придаде.“

 Zlatko.LIT.jpg

 Zlatko.LIT.jpg