Aleksand.Lit.jpg

25 септември 2009 год-  храмот на св. Петка, Скопје 

 Aleksand.Lit.jpg

  Aleksand.Lit.jpg

Свето Евангелие од светиот апостол Марко (зач. 32)

Во она време, кога се беше собрал многу народ и немаше што да јадат, Исус ги повика учениците Свои и им рече: „Ми е жал за народот, оти три дена веќе стојат при Мене и нема што да јадат. Ако ги распуштам гладни по куќите нивни, ќе премалеат по патот, зашто некои дошле оддалеку.“ Учениците Му одговорија: „Од каде може човек сите овие да ги нахрани со леб, овде во пустињава?“ И ги праша: „Колку лебови имате?“ А тие одговорија: „Седум.“ Тогаш му заповеда на народот да поседне по земјата; па, откако ги зеде седумте лебови, заблагодари, ги раскрши и им ги даде на ученците Свои да ги разделат; и тие ги ставија пред народот. Имаа и малку риби; како ги благослови, заповеда да ги раздадат и нив. И јадеа, и се наситија; и кренаа седум кошници останати парчиња. А оние, што јадеа, беа околу четири илјади. И ги распушти. И веднаш влезе во кораб со учениците Свои и дојде во пределите Далманутски.

     Aleksand.Lit.jpg

Во петнаесеттата недела по Педесетницата кога Света Црква го слави споменот на светиот свештеномаченик Автоном, преподобен Даниил од Тасос, светите маченици Македониј, Татијан и Теодул , во храмот на св.Петка  во Скопје,  се отслужи Божествена Литургија. На Литругијата  верниот   народ се причести со Светите Христови Тајни.

Aleksand.Lit.jpg

 Aleksand.Lit.jpg

 Aleksand.Lit.jpg

Покајание е обнова на Крштението. Покајанието е завет со Бога дека ќе се води еден нов живот. Покајанието е извор на смирение. Покајанието е неотповикливо откажување од секоја желба за телесни добра. Покајанието е самоосудувачка мисла и грижа за себе без грижа за надворешните нешта. Покајанието е ќерќа на надежта, и одрекување на безнадежноста. Покајникот е осуденик којшто не е лишен од чест. Покајанието е помирување со Господа преку вршење добри дела спротивни на поранешните гревови. Покајанието е очистување на совеста. (Свети Јован Лествичник)

 Aleksand.Lit.jpg

 Aleksand.Lit.jpg

Свети Јован Лествичник

 Aleksand.Lit.jpg

Во храмот на св. Петка, вероучителката Копчаревска Надица, во петоците по Светата Литургија, одржува часови по веронаука.

 Aleksand.Lit.jpg

Посети: {moshits}