Grujo.zaBigorski2.jpg

 

Горен ред, (од лево на десно)  Св. Јован Кукузел; Св. Иларион Мегленски; Св. Ѓорѓи Кратовски; Св. Злата Мегленска; Св. Лидија; Св. Еразмо Охридски; Св. цар Јустинијан;  Св. Синклитикија; Св. Спасо Радовишки; Св. Теофил Мироточив; Св.Теофил Исповедник и Св.Нектариј Битолски.
Долен ред, (од лево на десно)  Св. Јован Рилски; Св.Гаврил Лесновски; Св. Горазд; Св. Наум Охридски;  Св. Кирил Солунски; Св. Климент Охридски; Св. Методиј Солунски; Св. Ангелариј; Св. Сава; Св. Јоаким Осоговски и  Св. Прохор Пчински.

    Grujo.zaBigorski2.jpg

 Во сите македонски православни цркви, во земјата и надвор од неа, за спомен на сите македонски светители, во првата недела во октомври се одржува Света богослужба. Црквата ни порачува да се поклониме пред светите икони, посветени на нашите светци, и да им оддадеме почит и благодарност за се што сториле за доброто на Македонија и за целиот свет низ сите векови. Многумина наши светители се овековечени со многубројни икони, но за жал не се претставувани заеднички.
     Кога се јави желбата да ја насликаме иконата на Македонските светители, прво се соочивме со недефинираниот термин «Македонските светители», а потоа со неодредената нивна бројност.
    На нашиот мал македонски простор се родиле, живееле и делувале за ширење на Христијанството голем број светители. Тој број е уште поголем со мачениците кои пострадале за Христовата вера пред, и во Отоманскиот период и нивниот број навистина само Господ го знае.
    Неколку наши историски и црковни извори спомнуваат стотина македонски светители, но ние ја имавме во предвид листата од официјалната веб страница на МПЦ која опфаќа 42 светци. Од  нив  поради ограничениот простор  изостанаа 15 Тивериополски свештено-маченици. Бевме принудени поради недостаток на визуена и пишана докумнтација да изоставиме уште четворица, како Св. Ахил Преспански или Св. Никодим Прилепски. Исто така сакавме да ги додадеме и новите, како Гаврил Светогорски, но одлучивме да ја почекаме официјалната канонизација и затоа оставивме две празни места.
    Во предговорот на брошурата за иконописот во црквата Свети Никола, од Винзор, Канада, историчарот на уметност Владимир Јанчевски, пишува:
    «Меѓу сцените во втората зона на северниот ѕид се издвојува и композицијата Собор на македонските светители, непозната во православната сликарска традиција и прва од ваков вид. Овде Глигор Стефанов, надградувајќи ја претставата на Седмочислениците која претставува инспирација и основа врз која е надградена оваа уникатна композиција, во една заедничка слика, на еден оригинален начин, ги соединува сите (23) значајни светители од нашата духовна, просветна и културна традиција меѓу кои се св. Кирил и св. Методиј, св. Климент и св. Наум, како и св. Злата Мегленска, св. Георгиј Кратовски, св. Нектариј Битолски. Македонските светители насликани според своите препознатливи физиономии, се групирани во два реда, а во горниот дел нив ги наткрилува фигурата на Богородица Платитера (Знамение).«  
    Grujo.zaBigorski2.jpg

 Македонски светители драги, стоејќи пред Бога, молете се за спасението на нашите души и нашата татковина.

 

Иконографко студио “Артсоме”