pimen.london5.jpg
 

На денот на Св. Јоаникиј Велики, 17 Ноември, 2007 Лето Господово, Митрополитот Европски Г. Пимен за прв пат отслужи Архиерејска Божествена Литургија во Лондон, Велика Британија. На истиот ден се одржа собрание на кое се избра црковниот управен одбор на Македонската Православна Црковна Општина Свети Архангел Михаил и Сите Ангели -  нов почеток за оваа мала богољубива заедница.

 

pimen.london1.jpg
 

Пристигна Владиката. Радост неизречлива. Насмевката ти го стоплува срцето. Одекнуваат зборовите: Кој влегува низ вратата, пастир е на овците; нему вратарот му отвора и овците го слушаат гласот негов, и тој ги вика своите овци по име... и овците одат по него, бидејќи му го познаваат гласот негов; а по туѓ човек не одат, оти гласот на туѓиот не го познаваат (Јов.10,2-5). Возглавени од нашиот Пастир, заедничаревме во она Благословено Царство на Отецот, Синот и Светиот Дух. Хорот пак, кој Господ го собра од краиштата на земјата (Македонија, Англија, Грција, Романија, Франција), одговарајќи на повеќе јазици, дополнително сведочеше за нераскинливото единство на Црквата... 

pimen.london4.jpg
 
 

 

pimen.london2.jpg
 
pimen.london3.jpg


Како што некој рече на собранието, денес навистина е историски ден за многумина: најнепосредно за нас кои овде битијствуваме, потоа за епархијата од која станавме дел, а секако и за Македонската Православна Црква која конечно си ги прибра своите чеда во мајчинските прегратки.

pimen.london9.jpg
pimen.london6.jpg
pimen.london7.jpg
 
pimen.london11.jpg
 

 

pimen.london10.jpg
 

 
pimen.london8.jpg
                                                                           Соработници  од Лондон:  Марија Стефановска
                                                                                                                     Борче Китанов

 


ВО ЛОНДОН

pimen.london.jpg
Митрополитот Пимен служеше Литургија

 

Митрополитот Европски на Македонската Православна Црква г. Пимен служеше Архиерејска  Божествена Литургија во црквата Сент Панкрасс во Лондон, одбележувајќи го патрониот празник на црковната општина на МПЦ Св. Архангел Михаилл.

Во сослужение на Литургијата беа и секретарот на Европската епархија протореј Ставрофор Блажо Козарски од Малме-Шведска, како и парохискиот свештеник од Лондон и Велика Британија отец Виктор Стојчев.

По завршувањето на светата Литургија, се одржа и изборно собрание на Црковниот одбор при македонската црковна општина. За претседател на Одборот е избран Кико Маневски.
На литургијата се изврши и помен за трагично загинатиот македонски пејач Тоше Проески.

Извор: Вечер

 

Посети:{moshits}