ЧЕТВРТА КНИГА

 bogorodica.k.dol.jpg

ПСАЛМ 93
Бог е праведен судија
1 Боже, Господи на одмаздата, Боже на одмаздата, покажи се!
2 Стани, Судијо на Земјава, дај им отплата на горделивите!
3 До кога нечестивите, Господи, до кога нечестивите ќе се фалат,
4 ќе мрморат и говорат дрско, до кога ќе зборуваат така сите злосторници?
5 Го газат Твојот народ, Господи, и го угнетуваат Твоето наследство;
6 вдовица и туѓинец убиваат, и сирак усмртуваат.
7 Па велат: Господ нема да види, Бог Јаковов нема да дознае!
8 Вразумете се, вие што сте безумни! И дали вие, луѓе, некогаш ќе се опаметите?
9 Оној, Кој го насадил увото, нема ли да чуе, и Оној што го поставил окото, нема ли да види?
10 Оној, Кој ги вразумува народите, и Кој го учи човекот на знење, зар нема да казни?
11 Господ ги знае човечките мисли, знае дека се тие суетни.
12 Блажен е оној човек, кого го вразумуваш Ти, Господи, и го поучуваш на Твојот Закон,
13 за да му дадеш мир во лошите денови, додека за грешникот не се ископа гроб!
14 Зашто Господ нема да го отфрли Својот народ и нема да го остави Своето наследство,
15 зашто правдата не ќе се врати кај праведните и сите прави по срце ќе ја следат.
16 Кој ќе се крене за мене против лукавите или кој ќе стои покрај мене против злосторниците?
17 Да не ми беше помогнал Господ, душата моја брзо ќе се преселеше во светот на мртвите!
18 Кога помислив: ногата ми се поколеба, - Твојата милост, Господи, ми помогна!
19 Кога се намножуваа тешкотиите во срцето мое, Твоите утехи ја развеселуваа душата моја.
20 Па зар до Тебе ќе се приближи престолот безбожнички, оној што работи спротивно на законот Твој?
21 Ја ловат душата на праведниот и осудуват невини на смрт.
22 Но Господ е мое прибежиште и Бог мој - сигурна тврдина моја.
23 Тој ќе им плати за нивното беззаконие, и за нечестивоста нивна ќе ги погуби, Господ Бог ќе ги погуби.

 

Aleksand.Lit.jpg

„Ќе му пеам на Господа се додека постојам.  “


Од преполнетото срце на Давида и другите псалмописци, се изли копнежот на секое срце човечко да заедничари со Бога да испроси од Бога прошка за согрешенијата, изливајќи го низ благопријатната песна своето покајание пред престолот Божји и од Сесилниот Господ да побара заштита од злото кое постојано го притиска.


Секоја Богобојажлива душа колку повеќе ги чита светите псалми се повеќе во неа се буди радоста која произлегува од посетата на Божјата благодат и се влева во неа мир и сигурност од закрилата на цврстата закрила  Божја. 
Господ наш  Исус Христос ги посочува и како пророштва за она што стана со Него а заради нашето спасение /лк.24.44/.Светите Апостоли пак ги препорачуваат на верните за усовршување во верата/Еф.5.19/. Великите отци наши /св.Атанасиј Велики , св.Григориј Ниски , св. Јован Златоуст .../со голема радост говорат за нивната душеполезност во своите беседи и одговори на верниците за поуките од псалмите, препорачуваќи ги на верните што повеќе да ги читаат. Светата Црква поделуваќи ги во таканаречени катизми ги распоредила во богослужбениот неделен циклус со цел да се прочита целиот псалтир за една седмица, а за време на Великиот пост и два пати. За жал денес катизмите честпати се прескокнуваат на богослужбите од причини да се постигне во време и другите обврски да можат да се завршат, а ако се земе во обзир и тоа што во многу храмови не се служзи секојдневно/ да не бидам погрешно сватен ова најчесто се случува од практична па и финансиска невозможност/за да не се маргинизира псалтирот и верните да не се исклучат од големите дарови кои произлегуваат од неговото читање се препорачува на верните покрај молитвеното правило во своите молитви да го практикуваат и читањето на псалмите со голема богобојазливост за да нацрпат од овој благодатен извор многу дарови за своја душевна полза - за мир, утешение, здравје и спасение .Амин!

о. Горан Тасески

vinjeta.m.jpg

 ПСАЛМИ

Вовед

Псалмите се најдолгата книга во Светото Писмо. Тие се песни кои се пееле со музичка придружба, или, пак, се рецитирале како молитви. Значителен број псалми се напишани од Давид, но има и од други писатели, како што се Асаф, Мојсеј, Соломон и потомците на Кора. Овие песни биле собирани подолго време и заземале важно место во богослужбите на израилскиот народ.
Името Псалми потекнува од насловот на оваа збирка песни во грчкиот превод на Стариот завет.
Сто и шеснаесет псалми содржат пред-текст кој дава податоци за потеклото, видот и музичката придружба на соодветниот псалм. Можат да се издвојат повеќе видови псалми, меѓу кои:
1. Химни, или славословија кои Го слават Господа. Такви псалми се: 8, 9, 32, 99, 102-104, 110, 112, 113, 116, 134, 135, 144-149.
2. Псалми во кои Господ е прикажан како Цар: 46, 92, 95-98.
3. Псалми за владетелите: 2, 17, 19, 20, 44, 71, 88, 100, 109, 143.
4. Сионски песни: 45, 47, 75, 86, 131.
5. Псалми за верата во Бога: 1, 36, 48, 72, 77, 111, 118, 126, 132.
6. Псалми испеани во неволји: 11, 43, 57, 59, 73, 78, 79, 82, 84, 89, 93, 105, 107, 122, 125, 136
7. Молитви упатени кон Бога, поради несреќи: 5-7, 12, 16, 21, 24, 25, 27, 30, 34, 37, 38, 40-42, 50, 53, 56, 58, 60, 62, 63, 68–70, 85, 87, 101, 108, 119, 129, 139-142.
8. Благодарствени псалми: 9-10, 29, 31, 33, 39, 91, 106, 115, 117.
Инаку и Исус пеел некои псалми, заедно со Неговите ученици (види Мр. 14,26).
Псалмите се цитирани повеќе од сто пати во новозаветните книги. Некои псалми содржат прототипови за Личноста на Исус Христос. На пример, псалмите 21 и 68 ги претскажуваат Христовите страдања, додека псалмите 15, 109 и 117 содржат елементи на Христовото воскресение и слава. Псалми во суштина се состои од пет книги и тоа: 1. Пс. 1-40, 2. Пс. 41-71, 3. Пс. 72-88, 4. Пс. 89-105 и 5. Пс. 106-151.

Извор: БИБЛИЈА

Друго:

bogorodica.k.dol.jpg

„НА РЕКИТЕ ВАВИЛОНСКИ“

 Ново издание од Повардарската епархија (18.02.2010)