(Радост и за сите и за сé!)

  
 

Денес, кога светата Црква го празнува споменот на свети маченици Агатоник, Зотик и др.со нив, и света мач. Евлалија и предвечерието на оддание на Успението на Мајката Божја  во Светотроитскиот манастир во Џорданвил –Њујорк, се донесе чудотворната икона на Мајката Божја- Курскаја и копија од Печерската чудотворна иkона, каде истата беше високо воздигната од рацете на митрополитит Восточно-Американски, г. Иларион.


 Митрополитот Восточно-Американски, г. Иларион. со свештениците прочитаа Акатаист на закрилникот на Русите, свети преподобен Јов Печерски.
 Звоната манастирски преку сиот ден биеја, се правеа литии и на крај се заврши со бдение-Воскресна вечерна и утрена служба.
 Утредента се отслужи Божествена Литургија, на која чиноначалствуваше митрополитот Восточно Американски и Њујоршки, г. Илариот, прв иерарх на Руската Задгранична Црква, во сослужение на двајца архиереи.
 
 Благословот од чудотворните икони на Мајката Божја, Курскаја и Печерскаја и свети преподобен Јов Печерски да го прими сиот Македонски народ и Црква! Амин!
 
 Радувај се, Невесто неневесна!
Радувај се преподобен Јов, преславен угоднику Божји, и на Печерската обител украсу!
 И ти, возљубен христијанину, радувај се!


  

 

   

  





    
  
 

За Преминпортал од  Џорданвил –Њујорк: теолог Стојанче Андов

Лето господово 2010