Stefan.LIt.Bogorodica.jpg

Тропар, Глас четврти:

Твоето раѓање, Богородице Дево, радост му јави на целиот свет, зошто од Тебе изгреа Сонцето на правдата- Христос, Бог наш; рушејќи ја клетвата ни даде благослов; уништувајќи ја смртта, ни дарува живот вечен.

 

  Stefan.LIt.Bogorodica.jpg

 Божествена Литургија во Скопје

Во  осумнаесеттата  недела по Педесетницата кога Света Црква го слави споменот на Раѓањето на Пресвета Богородица,  Неговото Блаженсво Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на Митрополитот Горазд и свештенство од храмот посветен на  Нејзиното раѓање, отслужи Божествена Литургија. На Литругијата многубројниот верен  народ се причести со Светите Христови Тајни.

  Stefan.LIt.Bogorodica.jpg

 Свето Евангелие од светиот апостол Марко (зач. 27)

Во она време, штом излезе Исус од коработ, Го познаа луѓето од земјата Генисаретска и брзо ја обиколија целата таа околија и почнаа на носилки да носат болни таму, каде што слушаа дека се наоѓа Он. И каде и да влегуваше: во села, во градови или населби - на раскрсниците полагаа болни и Го молеа да се допрат барем до полата од облеката Негова. И сите што се допираа до Него, се спасуваа.
Се собраа при Него фарисеите и некои од книжниците, што беа дошле од Ерусалим. И кога видоа дека некои од Неговите ученици јадат леб со нечисти, односно со неизмиени раце, ги укорија. Зашто фарисеите и сите Јудејци, држејќи го преданието на старите, не јадат, дури не ги измијат рацете до лактите; и кога ќе се вратат од пазар, не јадат, дури не се измијат; и уште многу друго има што примиле и го држат: миење чаши, чинии, котли и столови. Потоа фарисеите и книжниците Го прашаа: „3ошто учениците Твои не постапуваат според преданието на старите, но со неизмиени раце јадат леб?“ А Он им одговори и рече: „Добро пророкувал Исаија за вас лицемерите, како што е напишано: ,Овој народ со уста Ме почитува, а со срцето свое стои далеку од Мене; но напразно Ме почитува, оти проповеда човечки повелби.’ Зашто, вие, оставајќи ја Божјата заповед, го држите преданието човечко: миење чинии и чаши, и вршите многу други слични работи.“

  

  Stefan.LIt.Bogorodica.jpg

    Stefan.LIt.Bogorodica.jpg

  Stefan.LIt.Bogorodica.jpg

  Stefan.LIt.Bogorodica.jpg

  Stefan.LIt.Bogorodica.jpg

  Stefan.LIt.Bogorodica.jpg

  Stefan.LIt.Bogorodica.jpg

Stefan.LIt.Bogorodica.jpg

    Stefan.LIt.Bogorodica.jpg

   Stefan.LIt.Bogorodica.jpg

    Stefan.LIt.Bogorodica.jpg

  Stefan.LIt.Bogorodica.jpg

 

Stefan.LIt.Bogorodica.jpg

  Stefan.LIt.Bogorodica.jpg

Stefan.LIt.Bogorodica.jpg

Лето Господово 2010