Свети Симеон Нов Богослов

Оној којшто многу страда во срцето свое кога го срамотат и го нажалуваат, од ова нека познае дека внатре во себе ја носи древната змија. Според тоа, ако трпи молчејќи или ако одговори со многу смирение, ќе ја расслаби и ќе ја направи немоќна онаа змија. Ако пак, одговара со горчина и ако зборува дрско, ќе ѝ овозможи да излее отров во неговото срце и миговно да ја разјаде неговата внатрешност, така што оваа змија од ден на ден станувајќи со тоа сѐ посилна, ќе ги направи свој плен доброто расположение и силата на неговата несреќна душа, и тогаш таквиот човек ќе почне да живее за гревот и наполно ќе умре за праведноста.

 Goran.sv.Erotej.jpg

 Goran.sv.Erotej.jpg

 Goran.sv.Erotej.jpg

Goran.sv.Erotej.jpg

Свето Евангелие од светиот апостол Марко (зач. 50)

Во она време влезе Исус во Ерусалим, и во храмот; разгледа сè; па, како веќе беше доцна, излезе и отиде со дванаесетте во Витанија. А утредента, кога излегоа од Витанија, Он огладне; и кога оддалеку виде една смоква, покриена со лисја, се приближи, не би ли нашол нешто на неа; но, кога се доближи до неа, не најде ништо освен лисја, оти уште не беше времето за смокви. И кога одговори Исус, ѝ рече: „Отсега никој довека да не вкуси плод од тебе!“ И го чуја тоа учениците Негови. И пак дојдоа во Ерусалим. Кога влезе Исус во храмот, почна да ги пади оние што продаваа и купуваа во храмот, и им ги преврти масите на менувачите и столовите на оние, што продаваа гулаби; и не позволуваше никој преку храмот да пренесе каков и да било сад. И ги поучуваше, велејќи: „Не е ли напишано: ,Домот Мој, дом за молитва на сите народи ќе се нарече’; а вие го направивте како разбојничко гнездо.“ И кога го чуја тоа книжниците и првосвештениците, гледаа како да Го погубат, зашто се боеја од Него, оти сиот народ се восхитуваше на Неговото учење. А кога се стемни, Он излезе надвор од градот. Утредента, минувајќи, ја видоа смоквата исушена откорен. И кога се сети, Петар Му рече: „Рави, погледај! Смоквата, што ја проколна, се исушила.“ А Исус им одговори и рече: „Имајте вера во Бога. Оти, вистина ви велам, ако некој ѝ рече на оваа планина: ,Дигни се и фрли се в море!’ и не посомни во срцето свое, а поверува дека ќе биде како што рекол, ќе му се исполни, што и да каже.

 Goran.sv.Erotej.jpg

  

На  29 септември  2010 година, во 19-ттата  недела по Педесетница, на празникот на , светата великомаченичка Ефимија, преподобен Доротеј и светата маченичка Људмила,   во храмот на св.Петка но населбата Црниче,во Скопје, отец  Зоран отслужи  Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

    Goran.sv.Erotej.jpg

 Goran.sv.Erotej.jpg

Goran.sv.Erotej.jpg

Goran.sv.Erotej.jpg

 Goran.sv.Erotej.jpg

 Goran.sv.Erotej.jpg

  Лето Господово 2010