На празникот Воведение на Пресвета Богородица

ivica.bdenie5.jpg

Манастир Успение на Пресвета Богородица, Матка (02. 12. 2007 г.)- 23:00 ч.

ivica.bdenie6.jpg

Во манастирот на бдение покрај бројниот верен народ, пристигнаа и сестрите од Св. Никола ( с. Љубанци)  и Марков манастир.

ivica.bdenie9.jpg

Придружувајќи му се на видливиот хор од чисти девици, невидливиот хор на Бесплотни Сили невидливо ја воведе Пречистата Дева Марија во Светињата на Светиите, по наредба Божја, опкружувајќи ја како избран сад Божји. За тоа Светиот Григориј , Архиепископ Никомидиски вели вака: Родителите веќе ја водоа кон дверите на храмот Девствената, опкружена со ангели на заедничко радување на сите небесни сили, зашто ангелите иако не ја знаеја силата на тајната сепак како послушни слуги по наредба Божја служеа при нејзиното влегување во храмот.Тие значи, прво, се восхитуваа гледајќи дека Таа е скапоцен сад на добродетели, и дека Таа носи знаци на вечна чистота и има такво тело, до коешто никогаш нема да се приближи никаква гревовна нечистотија; а второ, исполувајќи ја волјата Божја ја извршуваа дадената им должност.

ivica.bdenie4.jpg
 Така со чест и слава Себеспрекорната Дева беше воведена во храмот Божји не само од луѓето но и од ангелите.И тоа со полно право: бидејќи кога старозаветниот Ковчег кој што во себе ја носеше маната, и беше само праобраз на Пресветата Дева, со голема почест беше внесен во храмот Божји во присуство на целиот Израил, дотолку повеќе со најголема почест и придужба на ангели и луѓе требаше да се изврши воведувањето во храмот на оној вистински одухотворен ковчег којшто требаше да ја носи во себе маната-Христос, Преблагословената Дева, однапред избрана за Мајка Божја.


Бдението во манастирот Успение на Пресвета Богородица започна со  Вечерна богослужба на која  претстојател беше  презвитер Ивица Тодоров. Певницата ја водеа учениците на Македонската Православна Богословија.


ivica.bdenie1.jpg

ivica.bdenie3.jpg

ivica.bdenie.jpg

ivica.bdenie2.jpg


ivica.bdenie7.jpg 

(Миро од преподобна  Петка- Параскева, старешината на манастирот сестра Перпртуа, го донесе на бдението)

ivica.bdenie8.jpg


ivica.bdenie12.jpg

ivica.bdenie11.jpg

По застапништвото на Пресветата Владичица наша Богородица и Секогашдева Марија, по молитвите на Преподобна Петка-Параскева (од чие миро се изврши помазание за време на бдението) и по молитвите на сите Светии, Господи Исусе Христе помилуј не.


ivica.bdenie13.jpg

А преку акатистот благодарствена молитва до Пресвета Богородица принесоа сестрите Сарита и Даниела.

Литургијата започна...

ivica.bdenie10.jpg

 

 Божествена Литургија во манастирот Успение на Пресвета Богородица, Матка

Посети:{moshits}