HRISTOS.Mienjenannoze.jpg

Божествениот Отец, благоустројувајќи ги сите твари, со прикладниот поредок на читање од светите Посланија и свето Евангелие ни дава четири случувања на кои се сеќаваме во Великиот четврток: светото дело на миење на нозете на апостолите, Тајната вечера (кога е востановена светата Тајна Причест), најпрекрасната и најусрдна молитва и предавството.
Синаксар

HRISTOS.TAJNATAVECERA.jpg

 

Поучувајќи ги пријателите свои на Тајните, вистинската Премудрост Божја ја подготвува трпезата која ја храни душата и подготвува за верните чаша вино за живот вечен. Побожно да пристапиме и да воскликнеме: Христос Бог наш е величествено прославен.
 Како браќа во Христа, да стекнеме братољубие и да не оскудеваме во сожалување спрема ближниот за да не бидеме заради пари осудени како немилостивиот слуга и да се каеме залудно како Јуда.
Велик четврток,
 

Служба на Дванаесетте страсни Евангелија

 Да се приближиме со страв до таинствената трпеза и со чисти души да го примиме Лебот; да останеме покрај Владиката, за да Го видиме Оној Кој ги мие нозете на своите ученици и ги брише со крпа; да правиме како што видовме, покорувајќи се меѓусебно и миејќи си ги нозете еден на друг. Зашто таква заповед Христос им даде на Своите ученици, но Јуда, роб и лажливец, не ја послуша.
 Утрена, Велик четврток.

 Читање од Светото Писмо:
 Утрена служба:
 1 Послание до Коринтјаните 11, 23-32
 Свето Евангелие по:
 Матеј 26, 2-20
 Јован 13, 3-17
 Матеј 26, 21-39
 Лука 22, 43-45
 Матеј 26, 40; 27, 2

Подготви: А.Л.