Dorotea.sv.Teodot.jpg


8 мај  2011 год.- На празникот на  светиот апостол и евангелист Марко и свети Анијан, епископ Александриски

Dorotea.sv.Teodot.jpg

Свето Евангелие од светиот апостол Јован 23

Рече Господ на Јудеите што беа дошле кај Него: „Јас сум лебот на животот. Татковците ваши јадеа мана во пустињата и умреа; а ова е леб што доаѓа од небото, и оној, кој јаде од него, нема да умре. Јас сум живиот леб што слезе од небото; кој јаде од овој леб, ќе живее вечно; а лебот што ќе го дадам Јас, е Моето тело, што ќе го предадам за животот на светот.” Јудејците пак почнаа да се препираат помеѓу себе, велејќи: „Како може Овој да ни го даде телото Свое да го јадеме?” А Исус им рече: „Вистина, вистина ви кажувам: ако не го јадете телото на Синот Човечки и не ја пиете крвта Негова, не ќе имате живот во себе. Кој го јаде Моето тело и ја пие Мојата крв, има живот вечен и Јас ќе го воскреснам во последниот ден.“

 Dorotea.sv.Teodot.jpg

На 5 мај  2011 година, во Третата недела  по Пасха на жените мироносици ,  на празникот на светиот апостол и евангелист Марко и свети Анијан, епископ Александриски, во храмот на Светото Благовештение, во кругот на Клиничкиот центар во Скопје, отец  Душко Наумоски отслужи Божествена Литургија. Во текот на Литургијата се принесоа молитви кон Бог за  Ѓорѓи кој неодамна доживеа пад од  петти  кат, за што побрзо да оздрави и да му даде Господ наскоро  да се врати во својот дом. На Литургијата  малиот Владимир  се причести со Светите Христови Тајни.  Бидејќи оваа недела е посветена на  на жените мироносици, по отлужената Литургија, отец Душко  прочита заедничка молитва и верниот народ го помаза со елеј.

Dorotea.sv.Teodot.jpg

Dorotea.sv.Teodot.jpg

Dorotea.sv.Teodot.jpg

Dorotea.sv.Teodot.jpg   Dorotea.sv.Teodot.jpg

 Dorotea.sv.Teodot.jpg

 Dorotea.sv.Teodot.jpg  Dorotea.sv.Teodot.jpg

 Dorotea.sv.Teodot.jpg

Dorotea.sv.Teodot.jpg

Dorotea.sv.Teodot.jpg

Dorotea.sv.Teodot.jpg

Dorotea.sv.Teodot.jpg

Dorotea.sv.Teodot.jpg

Dorotea.sv.Teodot.jpg


 

Dorotea.sv.Teodot.jpg

Dorotea.sv.Teodot.jpg

Свети Ефрем Сирин

Човекот кој трпеливо поднесува кога го озборуваат или навредуваат личи на оној кој го заклучил лавот во кафез, а оној кој одговара со озборување и со навреди, личи на човек којшто самиот себеси се удира (со оружје).

Преминпортал

Лето Гоподово2011