Виена, 25.09.2011

Stefan.Viena.jpg

  Stefan.Viena.jpg

Stefan.Viena.jpg

Stefan.Viena.jpg

Годинава се навршија 2 год.од купување и осветување на црквата Св.Наум Охридски во срцето на Европа. Јубилеј кој црковната општина го прослави на посебно величествен начин / имено имавме чест со прославата да раководат Архиепископот г.г.Стефан и Митрополитот Европски,г.Пимен во сослужение на  јеромонахот Јосиф и ѓаконот Антоние.
Во саботата, беше одржана Вечерна Богослужба со која чиноначалствуваше  Митрополит Европски Пимен.

Stefan.Viena.jpg

Stefan.Viena.jpg

Stefan.Viena.jpg

Stefan.Viena.jpg
Недела, ден кога Православната црква го слави Одданието на Мала Богородица и Светиот свештеномаченик Автоном, Преподобен Даниил од Тасос;Светите маченици Македониј, Татијан и Теодул - Архиепископот г.г.Стефан го крсти и во Христа облече младенецот Леон Е. а потоа одслужи Архиерејска Божествена Литургија на која верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Во беседата Архиепископ стави акцент на историјата на нашата Македонска Православна црква, истакнувајки дека верата во Христа е она што треба како добар Македонец да го живееме. Нагласи исто така да ги негуваме нашите традиции, македонскиот јазик , историјата - а сето тоа е можно и за нас лесно изводливо само во склопот на црквата која треба да ја негуваме и надградуваме.

Stefan.Viena.jpg

Благословувајки го свечениот ручек на кој присуствуваа и представниците на Амбасадата на Р.Македонија и др.гости - верниците добија уште една пофалба од нашиот поглавар за пожртвованоста и ревноста за да дојдеме до своја црква, свое македонско катче / да бидеме наши на своето/.

Слава му на Бога, и благодарност  за милоста што ни ја праќа преку блажените свои апостоли ,светиот свештеномаченик Автоном, преподобен Даниил од Тасос, светите маченици Македониј, Татијан и Теодул.

Stefan.Viena.jpg


За Премин портал од Виена, А.Л.