Што ќе Ти принесам, Христе? Ти си ни дарувал да се поклониме на Твојот Чесен Крст, на кој е пролеана Твојата пресвета Крв, на кој Твоето Тело со клинци беше приковано. Со љубов го целиваме и Ти благодариме.
Утрена, Крстопоклнона Недела

crkva.zime2.jpg

 

sv.Jov.Zlatoust.jpgПоуки на светите отци: Да не чекаме до утре, зашто не знаеме што ни носи утрешниот ден, ниту да велиме дека ќе ја победиме гревовната навика постепено, зашто тоа „постепено“ никогаш нема да се соврши...
 Свети Јован Златоуст

 Молитва:
 Господи Исусе, ветивме дека ќе Ти служиме до крајот. Помогни ни, Господи, да го разбереме вистинското значење и духот на пожртвуваноста, зашто го предаваме своето тело, ум и срце, Тебе да Ти служат. Твојот Чесен крст секогаш нека ни биде укрепување и вдахновување наше. Амин.

 Читање од Светото Писмо:
 Исаија 11, 10-16; 12, 1-12
 Битие 7, 11-24; 8, 1-3
 Соломонови Изреки 10, 1-22

 Послание до Римјаните 8, 28-29
 Свето Евангелие по Лука 4, 16-22

 Созерцание: А знаеме дека на оние кои Го љубат Бога, Он на сите им помага на добро.
Послание до Римјаните 8, 28

Подготви:А.Л.

 


Икона на денот:

Blagovestenie4.jpg

 
Свето Евангелие од светиот апостол Марко (зач. 7)

Во она време влезе Исус во Капернаум; и се чу дека е во една куќа. Веднаш се собраа мнозина, така што и пред вратата не можеа да се сместат; а Он им зборуваше. И дојдоа при Него со еден фатен, кого го носеа четворица; па, како не можеа да се приближат до Него од народот, откако го открија и го пробија покривот од куќата, каде што беше Он, ја спуштија постелката, на која лежеше фатениот. А Исус, кога ја виде верата нивна, му рече на фатениот: „Синко, ти се простуваат гревовите твои!“ Таму седеа некои од книжниците и си помислија во срцата свои: „Што хули Овој на Бога? Кој друг може да простува гревови, освен единиот Бог?“ Исус веднаш, штом узна со Својот дух, дека тие така мислат во себе, им рече: „3ошто го помислувате тоа во срцата свои? Што е полесно да му кажам на фатениот: ти се простуваат гревовите или да речам: дигни се, земи ја постелката своја и оди? Но за да знаете дека Синот Човечки има власт на земјата да ги простува гревовите“ - му рече на фатениот - „Тебе ти велам: стани, земи ја постелката своја и оди си дома!“ И тој стана веднаш, па, штом ја зеде својота постелка, се појави пред сите - така што сите се восхитуваа и Го славеа Бога, велејќи: „Никогаш вакво чудо не сме виделе!“