Светиот дух живее во Вас …

Светиот дух живее во Вас …

Кога чувствувате радост и полнотата на животот, без обѕир на успесите или неуспесите.

Кога сте среќни, иако не сте ги решиле сите  проблеми во својот живот.

Кога не очекувате сѐ да е „совршено“ за да би живееле и да би уживале во Божјите дарови.

Кога во малку и во незначително гледате големо и божествено.

Кога со малку ќе направите многу.

Вие го имате духот Божји…

Кога ќе одлучите да се насмевнете и да го прославите Бог во свет кој знае само да се жали и да се облекува во бојата на кукањето и тагата.

Кога во другиот може да ги видете даровите и убавината на уникатноста нагласувајќи ја светлината, наместо темнината на неговото постоење.

Кога на другиот можете да му простите и да му дадете уште една шанса, сфаќајќи дека неговото отсуство боли повеќе отколку неговата грешка.

Кога љубовта не е само доблест или морален избор, туку начин на кој гледате и толкувате сè што се случува во вашиот живот.

Кога може да сакате без да калкулирате.

Кога критиките и зборовите од светот не доаѓаат во вашето срце, бидејќи духот Божји ви ја открива бескорисноста и минливоста и на оние кои ве обвинуваат и на оние кои ви аплаудираат.

Кога се надевате и тогаш кога сите ве жалат.

Кога ќе станете веднаш штом ве турнале.

Кога го разбирате она што другите само го гледаат.

Кога молчите таму кадешто сите зборуваат.

Но, дури и да немате ништо одгоре наведеното, сепак Светиотдух е оној кој ве просветлува да ја барате Светлината, а мракот да не ве разочара.

П. Ливиос

Извор-https://zivereci.com/8926

 

 

https://www.tiveriopol.mk/svetiot-duh-zivee-vo-vas/?fbclid=IwAR0-hBBSf6Gj1pz7Q4VC2tcFsBSCuVqcFNyJbUy6j5Dt6wQPiA2IWZF8_ps