Светиот дух живее во Вас …
Кога чувствувате радост и полнотата на животот, без обѕир на успесите или неуспесите.
Кога сте среќни, иако не сте ги решиле сите проблеми во својот живот.
Кога не очекувате сѐ да е „совршено“ за да би живееле и да би уживале во Божјите дарови.
Кога во малку и во незначително гледате големо и божествено.
Кога со малку ќе направите многу.
Вие го имате духот Божји…
Кога ќе одлучите да се насмевнете и да го прославите Бог во свет кој знае само да се жали и да се облекува во бојата на кукањето и тагата.
Кога во другиот може да ги видете даровите и убавината на уникатноста нагласувајќи ја светлината, наместо темнината на неговото постоење.
Кога на другиот можете да му простите и да му дадете уште една шанса, сфаќајќи дека неговото отсуство боли повеќе отколку неговата грешка.
Кога љубовта не е само доблест или морален избор, туку начин на кој гледате и толкувате сè што се случува во вашиот живот.
Кога може да сакате без да калкулирате.
Кога критиките и зборовите од светот не доаѓаат во вашето срце, бидејќи духот Божји ви ја открива бескорисноста и минливоста и на оние кои ве обвинуваат и на оние кои ви аплаудираат.
Кога се надевате и тогаш кога сите ве жалат.
Кога ќе станете веднаш штом ве турнале.
Кога го разбирате она што другите само го гледаат.
Кога молчите таму кадешто сите зборуваат.
Но, дури и да немате ништо одгоре наведеното, сепак Светиот Дух е оној кој ве просветлува да ја барате Светлината, а мракот да не ве разочара.
П. Ливиос
Извор-https://zivereci.com/8926