Гневот
Лутината, осудувањето, отсуството на разбирање за другите, големите барања од оние кои ни служат... сето тоа, се разбира, не се добри дела и го смалуваат општиот квалитет на нашиот карактер... Затоа треба да бидат исклучени од списокот вашите особини. Како тоа да го направиите? Побарувајте, и ќе ви се даде; Барајте, и ќе најдете.
Прво. Да не им се дава на тие движења да се рашетаат, туку штом се покажат, веднаш да се потсечат и гушат, за да би останале таму каде што ќе се зачнат, не излегувајќи надвор.
Второ. После секоја појава на овие движења, кајте се пред Господа и очистувајте го срцето.
Трето. Разгледајте го секој таков случај и извлечете лекција за себе, како следниот пат во слична прилика да ја избегнете лутината. Трудејќи се така, пред сè молете се, зашто без Господа тука ништо нема да постигнете.
Гневот е – голем непријател. Во него егоизмот, коренот на секоја гревовност, се гледа и покажува во сета своја сила. Потребно е да се чуваме себеси – и да се молиме...
Движењата на гнев во неудобните ситуации секогаш треба да се прогонуваат со молитва и размислување, сè додека потполно не исчезнат. И нема да има штета, а инаку ќе ја има.
Против раздразливоста треба да се бориме. Прв чекор е – да не ú се предаваме... да се стегнат заби и да се оддалечиме... секој пат да се молиме до солзи... можеби и со удари по плеќите. Бог ќе се смилува и ќе исцели.
Повелете секогаш ограничувајте се само на кратки и помирливи објаснувања, а расправачките зборови исфрлете ги од вашиот речник. На светот не постои ништо за што би можело сериозно да се скараме, освен за спасението на душата. Често повторувајте ги Господовите зборови: каква му е на човекот користа ако го задобие сиот свет... (Мт. 16, 26).
Големо совршенство е – да не се изговараат гневни зборови... Во основата на тоа лежи отсуство на раздразливост на срцето, а тоа се залева со предавање на себеси на Божјата волја, со свеста дека Бог допушта непријатности заради испитување и да би ни покажал колку е всушност постојано нашето добро внатрешно расположение... ова нас и нè обврзува во такви случаи да се држиме спокојно, верувајќи дека во тој момент Самиот Бог нè набљудува.
Никогаш себеси не си допуштај слабост нешто да ти се откини од јазикот или да се помрдне некое движење кое покажува декаво твојата душа постои неред... Тоа секогаш е жалосно... зашто открива дека не умееш да владееш со себеси... Кога душата ќе се вознемири, скроти го нејзиното движење, па дури тогаш говори и делувај; а додека трае поматеноста, ќути... Неколку можеби и не сосема успешни обиди, ќе доведат до утешение... и крај.
А што се однесува на лутината, оладете малку. Борете се колку што имате сила... Господ ќе се смилува и ќе ве ослободи од тие слабости. Оставете ги зад себе и благодарете на Бога: тоа води кон смирение. Лутината секако не е добра; но кога тоа е последица на темпераментот, кривица постои само во онаа мера во која свеста рамнодушно се однесува кон овие пориви. Воздивнувајте и кајте се секој пат. Тоа е еден од секојдневните гревови.
(Продолжува)
Подготви: З. Д.
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (1дел)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (4 дел)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (5 дел)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (6)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (7)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (8)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (9)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (10)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (11)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (12)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (13)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (14)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (15)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (19)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (20)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (21)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (22)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (23)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (24)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (25)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (26)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (27)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (28)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (29)
Фото: Ивановски Михајло- „Курбиново“