логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Vecerna.Ksenija.jpg

Гневот

Лутината, осудувањето, отсуството на разбирање за другите, големите барања од оние кои ни служат... сето тоа, се разбира, не се добри дела и го смалуваат општиот  квалитет на нашиот карактер... Затоа треба да бидат исклучени од списокот вашите особини. Како тоа да го направиите? Побарувајте, и ќе ви се даде; Барајте, и ќе најдете.
Прво. Да не им се дава на тие движења да се рашетаат, туку штом се покажат, веднаш да се потсечат и гушат, за да би останале таму каде што ќе се зачнат, не излегувајќи надвор.
Второ. После секоја појава на овие движења, кајте се пред Господа и очистувајте го срцето.
Трето. Разгледајте го секој таков случај и извлечете лекција за себе, како следниот пат во слична прилика да ја избегнете лутината. Трудејќи се така, пред сè молете се, зашто без Господа тука ништо нема да постигнете.
Гневот е – голем непријател. Во него егоизмот, коренот на секоја гревовност, се гледа и покажува во сета своја сила. Потребно е да се чуваме себеси – и да се молиме...
Движењата на гнев во неудобните ситуации секогаш треба да се прогонуваат со молитва и размислување, сè додека потполно не исчезнат. И нема да има штета, а инаку ќе ја има.
Против раздразливоста треба да се бориме. Прв чекор е – да не ú се предаваме... да се стегнат заби и да се оддалечиме... секој пат да се молиме до солзи... можеби и со удари по плеќите. Бог ќе се смилува  и ќе исцели.

Stefan.Petkovden.jpg
 

Повелете секогаш ограничувајте се само на кратки и помирливи објаснувања, а расправачките зборови исфрлете ги од вашиот речник. На светот не постои ништо за  што би можело сериозно да се скараме, освен за спасението на душата. Често повторувајте ги Господовите зборови: каква му е на човекот користа ако го задобие сиот свет... (Мт. 16, 26).
Големо совршенство е – да не се изговараат гневни зборови... Во основата на тоа лежи отсуство на раздразливост на срцето, а тоа се залева со предавање на себеси на Божјата волја, со свеста дека Бог допушта непријатности заради испитување и да би ни покажал колку е всушност постојано нашето добро внатрешно расположение... ова нас и нè обврзува во такви случаи да се држиме спокојно, верувајќи дека во тој момент Самиот Бог нè набљудува.
Никогаш себеси не си допуштај слабост нешто да ти се откини од јазикот или да се помрдне некое движење кое покажува декаво твојата душа постои неред... Тоа секогаш е жалосно... зашто открива дека не умееш да владееш со себеси... Кога душата ќе се вознемири, скроти го нејзиното движење, па дури тогаш говори и делувај; а додека трае поматеноста, ќути... Неколку можеби и не сосема успешни обиди, ќе доведат до утешение... и крај.
А што се однесува на лутината, оладете малку. Борете се колку што имате сила... Господ ќе се смилува и ќе ве ослободи од тие слабости. Оставете ги зад себе  и благодарете на Бога: тоа води кон смирение. Лутината секако не е добра; но кога тоа е последица на темпераментот, кривица постои само во онаа мера во која свеста рамнодушно се однесува кон овие пориви. Воздивнувајте и кајте се секој пат. Тоа е еден од секојдневните гревови.

 

 

 

 

(AdamiEva.jpgПродолжува)

Подготви: З. Д.

 


Фото: Ивановски Михајло-  „Курбиново“

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2080
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2096
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 541
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

14/05/2026 - четврток

+Светиот пророк Еремија; Преподобниот маченик Акакиј Влечкар; Свети Пафнутиј Боровски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная