Општи прашања
Акатист
Во акатистот треба доследно да заблеска целиот живот на светителот кој се слави, исто како во неговиот канон. Но мене секогаш ми доаѓа на ум дека формата или образецот на акатистот би требало да се направат разнолики. Некаде „радувај се“, некаде „ти благодариме“, некаде „те фалиме“ или “ти се молиме“, директна молитва или слично... И во секое обраќање или цел икос и кондак да се одредат за тоа, или во секој икос и кондак да ги повторуваме едно по друго, за целиот акатист да би се преобразил во пофална и молебна песна кон прославуваниот.
 ... Главна грижа секако треба да биде тоа, секое обраќање да содржи целосна смисла, изразена како што треба, кратко, јасно и ефективно. Во нашите црковни книги има доста служби кон Мајката Божја. Таму можат да се најдат чудесни изрази: длабоки, возвишени, кои со малку зборови опфаќаат многу. И акатисти има многу. Нека ви помогне Мајката Божја да придонесете на акатистите најдобро.

Преводот на Библијата
За преводот на Библијата од еврејски вие изгледа небрежно размислувате и на погрешен начин, а тоа е работа од голема важност.
Црквата Божја не знае за еврејска Библија. Таа Библијата ја примила во преводот на седумдесетмината (Септуагинта) од Апостолите и ја чува до денес. Неа ја нарекуваат боговдахновена, каде и да станува збор за тоа – и на соборите и кај сите Свети Отци.
Преводот на еврејската Библија носи осуда во Црквата. На ова ништо не може да се приговори. Ние на тоа и ќе се држиме – зошто во Црквата би вовеле туѓа Библија?! (заб. прев. Најверојатно се мисли на старостилците кои се појавиле како реакција на новиот превод на Библијата во Русија)

Објаснување на тешки места од Евангелието
Мт. 9, 16-17; Никој не шие нова крпа на стара облека... ниту ново вино се става во стари мевови... Што сака Спасителот да покаже со овие споредувања? Со тие споредувања Господ покажал дека строгите подвизи без духот на вистинскиот живот... не донесуваат духовна корист, туку растројство и пропаст. На оној кој што се кае му се дава благодат која во него образува одлучност да Му угодува на Господ, не штедејќи го ни животот. Кој има таква одлучност, нему сите подвизи му се на корист... А кој ја нема, тој кога за нешто ќе се зафати – на пример за строг пост – го држи, држи, па го остава. И после тоа неговиот живот станува уште полош.
Мт. 11, 11. Како да се сфатат зборовите на Спасителот: Најмалиот во Царството Небесно е поголем од Јован Крстител?
Одговор: Сите отци под најмал Го подразбираат Самиот Спасител: зашто кој меѓу родените од жена може да биде поголем од сите, освен Тој? А најмал Се нарекол според степенот на унижувањето кој го прифатил според домостројот на спасението. Затоа апостолот и вели дека се смалил Себеси.
Мт. 12, 31 -32: Зошто хулата на Светиот Дух нема да се опрости, а на Синот Божји ќе се опрости?
Одговор: Не може да се хули на Бога, како на Бог. Ова се случува само заради затемнување на идејата за Бога. Унижувањето на Бог Син заради нашето спасение може да се смета дека во Него се гледа Бог, и да се доведе до тоа да се похули на Него, не како на Бог, туку како на секој човек. А Духот Божји кога се пројавувал себеси, го правел тоа со забележливо со Божествени дела, затоа строго е невозможно во Него да не се види Бог. Затоа кој хули на Него, хули на Бога и нема оправдувања за тоа. Овие зборови Господ ги изговорил после исцелението на глувонемиот во што е пројавен прст Божји. И оние кои рекле дека ги изгонил со Велзевул... хулеле неопростливо.
Јн. 16, 7. Зошто Духот Свет не можел да слезе во време на пребивањето на Спасителот на земјата, и зошто за луѓето би било подобро да слезе Светиот Дух, а Синот Божји да се вознесе?
Одговор: Ова е тајната на домостројот на нашето спасение. Како да ја разбереме? Најдобро вака да расудуваме: така рекол Господ, така било и сигурно поинаку не може да биде. Во евангелието според Јован, пред ова е речено: зашто Духот Свет сеуште не беше даден, затоа што Исус уште не беше прославен (Јн. 7, 39). Слегувањето на Светиот Дух се става во зависност од прославувањето на Синот Божји. Зошто? Така е одлучено на советот на Триипостасниот Бог во уредувањето на нашето спасение. Да се поклониме пред оваа тајна! И тоа за нас е доволно.
Мт. 11, 12: Зошто Господ рекол дека од времето на Јован Крстител Царството Небесно ќе се освојува со сила; зарем пред Јован не се освојувало со сила?
Одговор: Со сила се освојува – тоа е неточен превод. Зашто во Божјиот поредок на спасението ништо не се зема со сила. Словенскиот превод е поточен: „се нуди“ , то ест, се бара со напор, со самопринуда, со напрегнување на силите. Грчкиот збор тоа и означува. Мислата е следна: дека кон Царството Божјо се пробива како што се пробива низ збиена толпа. Во пракса, така и е: самопринудувањето и противењето на себеси – тоа се неодвоиви црти на барањето на спасението и Царството Божјо. И само тие кои се такви го задобиваат Царството. Тоа никому не се дава лесно. А зошто после Јовановото време... или, на друго место... после законот и пророците... не мора да се истражува, зашто сме свесни дека не сме во состојба да објасниме.
Мт. 24, 40-41: Тогаш ќе бидат двајца на нива: еден ќе се земе, другиот ќе се остави. Како да се сфатат овие зборови?
Одговор: Тоа ќе биде на крајот на векот... и тешко е да се сфати каде ќе се земе еден, а ќе остане друг. Но, денес дејствата на благодатта се вакви: во едни исти околности, еден благодатта го извлекува од гревот, а другиот, кој е од страна, го остава. Сетете се на Атина и на проповедите на апостолот Павле... Дионисиј поверувал, а другите рекле: Што сака овој празнословец да каже? Применувајќи го ова на крајот на векот... под изразот еден ќе се земе треба да се подразбира „во Царството“, а другиот ќе се остави... својата судбина. Воопшто земено, со ова се изразува... дека тогаш ќе му се случи секому она што не го очекува и што не може да се очекува.
1 Јн. 5, 16-17: Што е тоа грев не на смрт?
Одговор: Смртен грев е оној кој ја убива душата, лушувајќи ја од благодатта. А грев кој не е на смрт, тоа е грев кој не убива, туку ја мачи и валка душата. Кои гревови се од првиот или вториот вид, тешко може точно да се определи. Во животот треба да се постапува вака: штом совеста почне да нè осудува, побрзај да се покаеш и разорната сила на гревот ќе биде пресечена. Нема грев кој би можел да се спротивстави на дејството на искреното покајание... Со ова треба да се задоволуваме.
Како да се сфатат зборовите на апостолот (Павле) во втората глава од посланието до Колосјаните, ст. 16-23. Зарем тука не се зборува против монаштвото?
Одговор: Не. Тоа биле еретици кои јадењето месо, женидбата и слично ги сметале за грев. И кај нас има такви: беспоповците, самобичевците, скопениците, духоборците и други.
Рим. 9, 11-16, 18: Господ вели дека Царството Небесно со сила се добива и подвижниците го задобиваат, а кај апостолот Павле наоѓаме дека спасението воопшто не зависи од нас(ст. 16) и дека Бог уште пред раѓање ни го одредил овој или оној дел. Во каков однос се наоѓаат назначувањето Божјо и нашата слободна волја?
Одговор: Тоа дека Царството Божјо со напор се освојува, ги подразбира нашите сопствени напори. А кога ап. Павле вели дека тоа не зависи од нас, значи дека сопствените напори не го даваат она што се бара. Треба да се соедини и едното и другото: да се напрегаме... и сè да очекуваме од благодатта. Сопствените настојувања не доведуваат до целта, зашто без благодатта тие не стигнуваат далеку, а ни благодатта без напори не го дава она што се очекува, зашто благодатта во нас и за нас дејствува преку нашите напори. И едното и другото го придвижуваат човекот напред и го доведуваат до целта. Предодредување е недопустливо. За нас е доволно со сето срце да веруваме дека тоа во никој случај не е спротивно на Божјата благодат и правда и не ја нарушува човечката слобода. Ова прашање обично се решава на следниот начин: Бог предвидува како човекот слободно ќе делува и соодветно на тоа донесува одлука, така да тоа се основа на човековиот живот, а не животот на одлуката.
Рим. 12, 20: Зарем нема да биде сурово ако им правиме добро на непријателите, ако знаеме дека со тоа им ставаме жив јаглен на главата?
Одговор: Ние не правиме добро со таа цел да ставиме јаглен на нивната глава, туку по заповед. А тоа е веќе неизбежна последица на ова. Не можеме да ја наружуваме заповедта Божја за да би избегнеле непријатности за злодејците, па така да навлечеме јаглен на својата глава.
Лк. 20, 18: Што значат зборовите: секој кој ќе падне на тој камен ќе се разбие, а на кого тој ќе падне, ќе го сотре?
Одговор: На тој камен ќе падне – неверникот, хулителот, сомневливиот... Бидејќи на хулителот на Синот човечки Господ му ветил простување... ако се покае, тој, дури и после тежок потрес, ќе се спаси. Така и сите слични. А на кого ќе падне тој камен... кој заслужува да го пополни гневот Господов, тој пропаднал и за него нема надеж... Такви се очајниците, богоборците, сатански тврдоглавите и сл.
Лк. 6, 26: Тешко вас кога сите луѓе ќе почнат да зборуваат добро за вас. Зошто Господ рекол, кога знаеме дека славата на добрите луѓе далеку се пренесува и дека постојат такви пред кои сите се клањаат?
Одговор: Рекол така, затоа што на оној кој вистински верува, тоа не може да му се случи. За таквите Господ рекол: Јас ве избрав од светот, затоа светот ве мрази. Ако сите зборуваат добро, тоа не може да помине без човекоугодување и повлекување. А што зборувате за славата на некои луѓе... точно е само дека станува збор за многу, то ест дека многу зборуваат добро, дури многу и премногу.

 bogorodica.k.dol.jpg

(AdamiEva.jpgПродолжува)

Подготви: З. Д.

 

   Св.Теофан Затворник : 1.Молитвата – дишење на духот (Речник на христијанскиот живот - 69)


 Stefan.LIt.Bogorodica.jpg

Подготви: Златко  Дивјаковски

 

Друго:Житие на свети Теофан Затворник