Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на  4 мај 2012 година (петок) во 12.15 часот, ќе биде отворен V МЛАДИНСКИ ПРОЛЕТЕН САЛОН.
                Оваа ликовна манифестација ги афирмира младите таленти и ги презентира нивните дела во професионален простор и прерасна во културен натпревар меѓу средните училишта и факултети, со веќе  воспоставени традиционални награди. Во изминатиов период биле изложени над 2000 творби од целата држава, . 
               Овогодинешната тема носи наслов ЦРНО БЕЛ СВЕТ, и презентирани се  мотиви изработени само  со ахроматски бои.
               Изложбата ќе биде отворена до 14 мај.


Со почит,

Национална галерија на Македонија