Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 4 мај 2012 година (петок) во 12.15 часот, ќе биде отворен V МЛАДИНСКИ ПРОЛЕТЕН САЛОН.
Оваа ликовна манифестација ги афирмира младите таленти и ги презентира нивните дела во професионален простор и прерасна во културен натпревар меѓу средните училишта и факултети, со веќе воспоставени традиционални награди. Во изминатиов период биле изложени над 2000 творби од целата држава, .
Овогодинешната тема носи наслов ЦРНО БЕЛ СВЕТ, и презентирани се мотиви изработени само со ахроматски бои.
Изложбата ќе биде отворена до 14 мај.
Со почит,
Национална галерија на Македонија