Литургија на Претходноосветените Дарови

 liturgija.svmakarij.jpgБожествената Литургија е празнична и радосна богослужба, тоа е служба на радост и веселба. Токму заради оваа радосна и торжествена особина на оваа богослужба, за време на Воскресниот пост, се служи само во сабота и недела но не и во останатите седмични денови заради великопосното покајно расположение.

 Сепак, за верните да можат да се причестуваат во текот на седмицата, многу древното и преубаво богослужение, Литургијата на Претходноосветените Дарови се служи само во текот на Воскресниот пост и тоа: секоја среда и петок во првите шест седмици: во четвртокот од петтата седмица, на Велики понедел-ник, вторник и среда. Може да се служи, исто така и во понеделник, вторник и четврток на 2, 3, 4, 5 и 6 седмица од Постот, ако во тие денови падне светител кој има Полиелеј или ако е храмов празник.
 Чесните Дарови не се осветуваат на оваа Литургија, но на претходната (обично неделна) Литургија.
 Пред светата Литургија на Претходноосветените Дарови се совршуваат Великопосните часови: 3, 6 и 9 со Изобразителната, додека самата света Литургија започнува со Вечерна.


Акатистна молебна служба
»Пофалба на Богородица«

 Акатистот е прекрасна песна на пофалба и благочестива посветеност на Мајката на нашиот Господ испеана во 626 Лето Господово во Богородичната црква во Цариград, во чест и благодарност заради  избавувањето и ослободувањето на Цариград од варварите.
 Се пее  во православни цркви во петок за време на првите пет недели на Великиот пост. Акатистот се состои од дваесет и четири строфи( 12 кондаци и 12 икоси) . Икос значи внимание или послушание

 Акатистот( Молебната служба) е поделена во четири дела; по еден дел се пее секој петок од Постот (Пофалба), а во петокот од петтата седмица, Акатистот се пее во целина. Се нарекува Акатист, или неседален, зашто верниот народ од љубов, предаденост и благодарност на Пресветата Богородица, за чудата кои ги направила, стоел за време на пеењето на целата Химна.

 

 Подготви: А.Л.

Посети:{moshits}