3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel



Во Стариот Завет, во петте книги на Мојсеј, читаме многу интересни истории од животот на избраниот израилски народ. Во една од тие книги читаме за една побуна на неколку еврејски водачи против Мојсеј, а тој ги собрал жезлите – стаповите од сите 12 водачи на 12 племиња на Израилот, меѓу кои бил и стапот на неговиот брат Арон. Сите жезли ги ставил во Скинијата на сведоштвото, и кога отишол во Скинијата следниот ден, сите жезли биле исти како и претходно, само жезолот на Арон расцветал и пуштил цврст плод – орев. Тоа било доказ дека Арон му е угоден на Бога дека од неговото потомство ќе се бираат идните духовни водачи на Израилот.

Отците на Црквата, просветлени од благодатта Божја, ни го објаснуваат овој настан и му даваат духовна димензија. Имено, сувиот стап е потеклото на Пресвета Богородица, старите и бездетни Јоаким и Ана, за кои сите мислеле дека ќе останат бездетни цел живот, а тие, откако упорно и долги години се молеле, сепак добиле благословена рожба, Богородица Марија, од кој ќе се роди Спасителот на светот Господ Христос. Цветот на жезлот Аронов ја претставува токму неа, мајката Божја, а тврдиот, но сладок плод е Христос, до кого стигнуваме со многу труд, со многу подвизи, со многу маки, но сепак на крајот нѐ очекува сладоста на плодот, сладоста од заедницата со нашиот Господ.

По молитвите на Пресвета Богородица, по молитвите на нејзините родители Јоаким и Ана, Господ да ги израдува и благослови сите оние, кои долги години чекаат рожба. Амин.

20.09.2021

 Свештеник Јани Мулев

 

 

https://crkvaveles.wordpress.com/2021/09/21/%d0%b6%d0%b5%d0%b7%d0%bb%d0%be%d1%82-%d0%b0%d1%80%d0%be%d0%bd%d0%be%d0%b2/