Cvetnici.Radishan.jpg

  Cvetnici.Radishan.jpg

  Cvetnici.Radishan.jpg


На 28 април 2013 г. во манастирот Свети Наум охридски чудотворец во скопската населба Радишани се прослави влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим - Цветници; заедно со празнувањето и на  спомените на светите апостоли Аристарх, Пуд и Трофим. Торжеството и со Светата божествена литургија ги предводеше отец Владимир Кралев во сослужение на ѓакон Игор Миланов. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. Старешината отец Гоце ги благослови славските колачи.

Cvetnici.Radishan.jpg

  Cvetnici.Radishan.jpg

  Cvetnici.Radishan.jpg

Во прекрасниот пролетен амбиент на манастирот свети Наум на падините на Скопска Црна Гора; со духовното присуство на блаженоупокоените во Христа и секогаш спомнувани поглавари на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Гаврил и г.г. Михаил; и бројните семејни обители взаемно допринесуваа верните да ја доживеат величественоста на настанот. 

Cvetnici.Radishan.jpg

Отец Владимир ги храбреше верните со сознанието за создавањето на човекот како круна на сè во природата.  Пред нас е Страсната седмица која во исто време е тажна но и величествена.  Како што Мојсиј ја kрена змијата на дрво во пустината па секој отруен кој што ќе погледне на неа да се спаси, така е спасителна и за нас жртвата на крстот. Да се загледуваме почесто во Христос , да ја јакнеме нашата вера и да црпиме сила како кога имаме потреба од исцеление така и за севкупен развиток на личноста. Можеби и да го доживееме предвкусот на величественоста на божествената природа која  по благодат сме ја добиле како луѓе.

    Cvetnici.Radishan.jpg

  Cvetnici.Radishan.jpg

  Cvetnici.Radishan8.jpg

  Cvetnici.Radishan8.jpg

 Cvetnici.Radishan8.jpg

 Cvetnici.Radishan8.jpg

  Cvetnici.Radishan8.jpg

 Cvetnici.Radishan8.jpg

 

За Преминпортал: Ратислав Кардалев