Скопје, 4-ти декември  2016 год.- храм Свето Благовештение

На 4-ти декември 2016 година,  на празникот на Воведение на Пресвета Богородица, протопрезвитер  Душко Наумовски  отслужи Божествена Литургија во храмот на Свето Благовештение, во кругот на Клиничкиот центар, во Скопје. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. Во молитвеното обраќање кон Бог, отецот се помоли за болните, стадалниците, за македонскиот народ, за сите и за се, и по молитвите на Пресвета Богородица  Господ да не помилува и спаси.

Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бога, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување - ‘безмолвие на умот', оддалеченост од светот, заборав на сè земно и стремење кон Божествените откровенија, избор на ‘подобриот дел'. Открива дека ако умот не се расејува кон земните работи, би можел да се оддаде на подобро и повозвишено дејствување, што значи да се сврти кон самиот себеси: единственото дејствување преку коешто би можел да се соедини со Бога. …Пресветата Дева престојувајќи во храмот се ослободи од сите тварни окови и ги отфрли сите врски, истовремено воздигнувајќи се над сожалувањето кон сопственото тело и собирајќи го умот во сосредоточеност кон него самиот, со внимание и во непрестајна молитва. И преку неа (молитвата), Таа целата Своја стана и се воздигна над разнородното мноштво помисли, воспостави нов и неискажлив пат кон Небото, којшто јас ќе го наречам ‘молчание на умот'.

 

 

 

 
Понекогаш, кога љубовта Христова нe допира, ја чувствуваме вечноста. Тоа не можеме да го сфатиме со разумот. Бог дејствува на Негов, својствен начин, кој е недофатлив за логиката. Во нашиот христијански живот не треба единствено да се потпираме на својот разум.- Старец Софрониј Сахаров

 

 

 

 Преминпортал (к.т.)

 

Друго: