логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Проф. Јован Фундулис

✤✣✤

Пресвета Богородице спаси нè

✤✣✤

Во последно време во Македонија некои личности кои иако немаат доволно богословско, или барем православно, познавање на тематиката, почнаа да објавуваат многу написи и да се вклучуваат во разговори чија тема е Пресвета Богородица и нејзината улога во спасението на човекот низ православното богослужение, а со тоа да внесуваат не мал, крајно непотребен смут помеѓу верните. Затоа наоѓаме за сходно, не да се мешаме со свои умувања, туку да го објавиме следниов текст на далекупрочуениот светски литургиолог и богослов, проф. Јован Фундулис. Тоа е дел од петтомната книга „Одговори на литургиски недоумици“, во која блаженоупокоениот професор дава одговори на неколку стотини прашања од областа на православното богослужение. Го објавуваме во целост, и покрај тоа што во неодамнешното минато беше веќе објавено на македонски јазик во неколку делови, бидејќи во многу наврати не беше доволно добро разбрано и вадено од контекст. Оставаме на читателите да го извлечат својот заклучок за тоа каква улога има Пресвета Богородица во нивниот живот и спасение.

– од Уредништвото

Прашање: Во текот на големата ектенија и малите ектении, кога свештеникот или ѓаконот велат: „Пресветата, пречиста...“, псалтите додаваат и пеат: „Пресвета Богородице, спаси нѐ“. Дали ова е правилно? Можеби е и догматски неумесно и поради тоа и во овој случај, како и во другите случаи, треба да се вели: „Пресвета Богородице, моли се за нас?“

Одговор: Ова прашање има два дела. Првиот се однесува на оправданоста на додавањето на „Пресвета Богородице, спаси нѐ“ во ектениите, а другиот на догматската точност на оваа фраза. Ќе започнеме од вториот дел, кој претставува предуслов, како што следи, за одговарање на првиот.  

1. „Пресвета Богородице, спаси нѐ“, што се пее, како што е познато, не само на ектениите, но и наместо (библиски) стих пред тропарите на богородичните канони, како и на повеќе други места, од многу псалти и свештеници кои богословствуваат се смета како догматски неточно и нешто што треба да се отфрли. Многумина го поправаат во „Пресвета Богородице, моли се за нас“. Така го слушаме и во одредени храмови и понекогаш и од преноси на радио станиците, особено на богослужбата на Акатистот во Великата Четириесетница. Аргументот е познат: спасението на луѓето им се дава само од Бога и од никој друг. И Он Самиот го вели тоа преку устата на пророкот Исаија: „Нема праведен и спасител освен Мене“ (Ис. 45,22). Христос е Спасителот, единствениот спасител на луѓето. И според зборовите на апостолот Петар: „под небото нема друго име дадено на луѓето, со кое би можеле да се спасиме (Дела 4,12). Напоредно на тоа и во иста смисла – значи не како спас од една опасност или од една потреба, како што денес обично го користиме зборот, но со посебната смисла за вечно спасение на душата на човекот – се користи глаголот „спасувам“ и зборот „спасение“ во самото Свето Писмо, не само во врска со Бога, или поточно, со Господа Исуса Христа, но и тогаш кога се работи за луѓе, апостоли, или верници, кои преку нивните молитви, или поучувања содејствуваат кон тоа да се спасат луѓето. Така, верната жена или верниот човек го спасува неверниот сопруг (1Кор. 7,16), апостолот Павле ги спасува оние што веруваат во неговата проповед (Рим 11,14 и 1Кор. 9,22), Тимотеј преку неговиот пример и учење ќе се спаси и самиот тој, како и „оние кои го слушаат“ (1Тим. 4,16), „оној што обрати грешник од лажливиот пат, спасува една душа од смрт“ (Јаков 5,20) и верните ќе ги спасат, „истргнувајќи ги од оган“ останатите луѓе (Јуда 22-23). Наведените библиски цитати не се спротивставени на првите. И повторно се подразбира дека спасението се дава само од Бога и само преку искупителното дело на Господа Исуса се спасуваат верните. Луѓето се орудија Божји и соучесници во делото на спасението. Тие преку слово, преку молитва или преку животот во Христа ги изградуваат светителите и ги прават чесни членови на таинственото Тело Христово, Кој е Глава и „спасител на телото“ (Еф. 5,23), односно Црквата. Вон оваа Црква, односно вон таинственото Христово Тело, не постои можност за спасение, според познатото отечко учење. Верните, пак, како членови на тоа Тело и причесници на Неговите благодатни енергии, и самите дејствуваат како „христоносци“ и „богоносци“ и спасуваат во Христа, изградувајќи и надградувајќи се еден со друг. Бидејќи преку смртта не се нарушува ова општење на таинственото тело, но сите се живи во Христа, претходно претставените и во Христа покојни верници продолжуваат да нѐ спасуваат преку нивните зборови запишани во свештените книги, преку нивниот пример кој се предлага за подражавање и, пред сѐ, преку нивните молитви и „делотворни“ молби кон Бога. Затоа и Црквата, не само што ги чита на верните поуките од светите и ги предлага за подражавање нивните дела и вера, но и трајно се повикува на нивните молитви и молења. Ако овие работи важат за светителите, многу повеќе важат за Пресвета Богородица, која единствена се удостои да стане Мајка Божја и на тој уникатен начин најнепосредно да содејствува во спасението на светот. Токму во оваа смисла се обраќаме кон неа, која секогаш живо и неуморно се моли за сите нас и, призивајќи ја нејзината помош, пееме „Пресвета Богородице, спаси нѐ“, што е, како што веќе видовме, согласно и со Светото Писмо, и со догматското учење на Црквата.

До истиот заклучок доаѓа и о. Епифаниј Теодоропулос во еден член насловен како Πρέπει νὰ ἀποβληθῇ τὸ ‘Ὑπεραγία Θεοτόκε, σῶσον ἡμᾶς’; (Треба ли да се отфрли ‘Пресвета Богородице, спаси нѐ’?), објавен во списанието «Ἐνορία» бр. 13 (1958) стр. 121-122: „Никако не е за отфрлање ‘Пресвета Богородице, спаси нѐ’, зашто, пеејќи и воспевајќи го тоа со усните и со срцето, не бараме од Пречистата Владичица да нѐ спаси со сопствена сила и власт и природно право, како што некои погрешно сфаќаат, но, користејќи се со својата безмерна мајчинска смелост кон Бога Словото, Кому Му позајми од сопственото тело, да придонесе со своите молитви за да го добиеме конечно спасението во Христа и да се избавиме од бесмртната смрт. Сходно на тоа... ова не се однесува на нешто друго освен на нејзините топли молитви, преку кои таа може да придонесе за добар напредок на нашето во Христа спасение.“ Слично на ова види и во посебните книги на професорот Јован Калогирос, Μαρία ἡ ἀειπάρθενος Θεοτόκος κατὰ τὴν ὀρθόδοξον πίστιν, Θεσσαλονίκη 1957, како и кај Мегас Фарантос Ἡ θέσις καὶ ἡ σημασία τῆς Θεοτόκου εἰς τὴν πίστιν καὶ εἰς τὴν ζωήν, «Θεολογία», 44 (1973), стр. 136-156.

Но, за да не се сфатат овие наши заклучоци како произволни, потребно е, за да ги поткрепиме, да направиме еден преглед на литургиските текстови на нашата Црква. Да почнеме од поновите типици. „Типикот на Великата Христова Црква“ (Г. Виолакис) во Протеоријата, §24, го предвидува пеењето на „Пресвета Богородице, спаси нѐ“ наместо стихот на библиските песни на богородичните тропари на каноните. Истото се однесува и на богородичните канони на богородичните празници (8 септември итн.) и на Осмогласникот. Врз основа на оваа уредба, „Пресвета Богородице, спаси нѐ“ се додава на тропарите од канонот на Акатистот и на молебните канони во Часословот во издание на Ἀποστολικὴ διακονία (Атина 1963, 1967). Истиот чин се пази и во манастирите на Света Гора. А сите знаеме колку монасите отсекогаш биле чувствителни по догматските прашања.

Но, да не се помисли дека воведувањето на овој стих настанало во вековите на религиозно незнаење. Го среќаваме како пропсалма на ирмосот од деветтата песна на канонот на Воздвижение на Чесниот Крст (Таинъ еси Богородице рай) во Атинскиот кодекс 2062, л. 95, од 14 век. Од постарата литургиска традиција, барем јас лично не познавам сведоштво за употребата на овој стих во погорните случаи. Но, тоа нема значение. Во многу тропари ја наоѓаме истата фраза, со истите или слични зборови. Ќе одбереме неколку од нив: во алфавитните тропари на Малиот водосвет, кои се јавуваат уште во ракописите од 12 век во истата форма како во денешните печатени требници, или пак, со мали измени, го наоѓаме повикот кон Богородица: „Ти, која си примила од ангелот ‘Радувај се’, спасувај ги оние што те величаат“, „Оживеј ме... спаси ме со твоите молитви“, „Ти, која Творецот... со твоите молитви спаси ги нашите души“, „Должно... со твоите молитви да се спасиме“, „ ... спаси ме“, „Спаси ги сите со своите молитви...“, или „Спаси ги сите, Пресвета...“, или „Спаси, спаси...“, „Поштеди... и спаси нѐ...“, „Кои пееме... и спаси сепеана“. Слично на ова, но веројатно е многу постар богородичниот на утрената од Велики Петок „Неискажливо... Дево, спаси ги тие што те величаат“. Исто така, прастари се и тропарите од Осмогласникот, кои имаат слични изрази, од кои ги истакнуваме овие неколку:  Глас 1 – „Обземени... повикуваме благодарствено: спаси нѐ...“, „Се обнови светот... на верните спасение“ (стиховни на малата вечерна во сабота, тропар 3 и 4), „Марие, чесно... зашто ти си спасение на грешните и помош и ги спасуваш твоите слуги“ (утрена во недела, втор седален), „Радост на небесните чинови... пречиста Дево, спаси нѐ“ (недела вечер, богородичен), „Посвета од светиите... Владичице на светот, спаси нѐ“ (стиховни на утрената во вторник). Глас 2 – „Во судниот час... Дево, ти викам... и спаси ме“ (стихира на вечерната во понеделник). Глас 4 – „Погледни на молењата... и спасение на душите наши“ (стиховни на вечерната во недела). Глас 7 – „Под твојот покров, Владичице... и спаси ги душите наши“ (стиховни на вечерната во сабота), „Ги надминуваш полковите... побрзај, спаси ме“ (стиховни на вечерната во недела). Глас 8 – „Во опасното море... Богородице, самата спаси ме со твоето благоутробие“ (вторник, втор седален). И неколку од богородичните празници: „По раѓањето... спаси го нашиот род“ (стихира на вечерната на 21 ноември), „Кога отиде... спаси ги душите наши“ (стиховни на 15 август), „Прими ги од нас... и која доделуваш спасение на душите“ (15 август, канон на Јован Дамаскин, деветта песна, тропар 3), „Радувај се, единствено спасение на луѓето“ (24 март, седма песна на канонот, тропар 2). И за крај, многу познатиот тропар: „Дверите на милосрдието отвори ни ги, благословена Богородице, да не загинеме ние што се надеваме на тебе, но преку тебе да се избавиме од беди, зашто ти си спасение на родот христијански“.Но, често пати против химнографијата на нашата Црква се наведува аргументот дека во химните се содржат зборови кои се догматски неточни, зашто се работи за поетски дела, кои не се пишуваат за да ги изразат догмите, но за да ги пофалат свештените лица преку „поетска слобода“ со вообичаените и за надворешната поезија преувеличувања и слаткоречиви цветови.

Но, ова прашање е дискутабилно: свештените химнографи истовремено беа и теолози и имаа свест за точноста на догмите и за строго литургискиот карактер на нивната поезија. И Црквата, која Го воспева Бога и ги велича своите светители, православно богослови и преку богослужењето ја изразува догмата и преку неа го поучува народот на правата вера. Но, ако и за момент го прифатиме како точно ова тврдење, тогаш и „Пресвета Богородице, спаси нѐ“, како химнографски елемент, би можело да се суди со истата мерка како и паралелните изрази на химните кои ги изложивме – доколку би била прифатлива фразата „спаси нѐ“ во однос на Богородица во другите химни, според истото би била прифатлива и во „Пресвета Богородице, спаси нѐ“, па дури и како претерување или како обраќање кое настанува според „поетската слобода“.

Но, дека се работи за чисто православно изразување, можеме да видиме и од аналогни изрази во други непоетски отечки дела. Еве неколку: „Работилница на нашето спасение“ (Јован Дамаскин, Пофалба за сечесното Успение на Богомајката, 3,5), „Радувај се... која на сите краишта на светот си им општо спасение“ (од истиот, Слово на Благовештение), „Преку неа (Богородица) прва и единствена сме спасени“ (Симеон Солунски, Толкување, 50). „Преку неа сѐ се осветлува и од неа прва се спасуваме ние со светињите, зашто и преку неа со Бога се соединивме... зашто таа е заедничко спасение на целиот свет... и преку неа се надеваме на спасение... зашто може да нѐ спаси повеќе од сите“ (од истиот, Дијалог, гл. 94, 99 и 359).

Од сево ова изложено, мислам дека стана потполно јасно и нема место за никаков сомнеж или противречење дека стихот „Пресвета Богородице, спаси нѐ“ е и догматски исправен и исправно се кажува во богослужението, каде што е предвидено да се кажува.

2. Првиот дел на прашањето се однесува на додавањето на „Пресвета Богородице, спаси нѐ“ во ектениите, кога се кажува нејзиното име со украсните епитети кои го придружуваат, од ѓаконот, или во негово отсуство, од свештеникот. Оваа употреба не одговара на никој ракопис или печатено издание. Тоа покажува дека се работи за подоцнежна навика, која не се оправдува од литургиската традиција. Зошто се кажува? Тоа е лесно да се објасни. Почитта кон Богородица во нашиот народ била и е голема и тоа со право. При слушањето на нејзиното име, верните се осенувале со знакот на крстот и во себе го изговарале, вообичаениот во другите литургиски случаи, краток призив кон неа. Така и во Божествената Литургија започнало додавањето на нејзиното величание (Достойно есть) при спомнувањето на нејзиното име во почетокот на диптисите по осветувањето на чесните Дарови, што на крај и се задржало. Исто така и на „Спаси ги, Боже, Твоите луѓе...“ на утрената, каде за Богородица и за другите светители се додаваат слични призиви од страна на многу псалти. И во овој случај, како и при завршетоците на ектениите не е исправно да се прави ова обраќање. Барем не се оправдува од преданието и од исправниот литургиски чин. Освен тоа, со еден непотребен додаток ја прекинува фразата на ѓаконското обраќање кон народот, покривајќи го целото значење и префрлајќи ја тежината од Христа и предавањето на нашиот живот на Него, кон молитвите на Пресвета Богородица.

(Ἰωάννου Μ. Φουντούλη, Ἀπαντήσεις εἰς λειτουργικὰς ἀπορίας, τ. Β΄, Ἀθήνα: Ἀποστολικὴ Διακονία 20065, σσ. 319-326)

На крај, во контекст на последниот пасус, би сакале да заклучиме дека е јасно тоа што нема писмени сведоштва за тоа кога почнала таквата употреба на овој стих, па затоа не би можело лесно да се осуди како новотарија. Ние го примивме тој обичај од светогорските монаси, кои секогаш и во сите светогорски храмови го практикуваат. На потсетувањето на авторот за тоа колку монасите се чувствителни по догматските прашања, ние би додале дека особено светогорците се чувствителни за пазењето и на богослужбениот поредок. Но, да не заборавиме дека и кај нас, долги години пред враќањето на нашите монаси од Света Гора во 1995 година, во многу случаи се практикуваше пеењето на овој стих, особено на  Акатистите и Молебните канони кон Пресвета Богородица (Молебниот канон).

 Извор: Бигорски манастир

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная