3.angeli.so.truba

 Скопје, 20ти ноември   2020 год.- храм на св.пророк Илија, н.Аеродром

3.angeli.so.truba

Божествена Литургија во храмот на св.пророк Илија ,н.Аеродром Скопје (20.11.2020)

 3.angeli.so.truba

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Лука 12:2-12

На 20ти  ноември  2020 година, во  нашата света, соборна и апостолска  Црква молитвено се прослави споменот на :

 vozdvizenie.jpg

Светиот маченик Јерон со дружината

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

  Поука на денот: Авва Макариј Александриски


Ако сакаш да извојуваш победа над страстите и лесно да ги натераш во бегство мноштвото мислени иноплеменици, собирајќи се во себе преку молитвата и со помош Божја слегувајќи во длабочините на срцето – побарај ги во себе оние три силни ѓаволски џинови, т.е. заборавноста, мрзливоста и незнаењето, од коишто се хранат, дејствуваат, живеат и се крепат во сластољубивите срца и во невоспитаните души сите останати страсти...

Кога умот ќе ја спознае безуспешноста на своите спротивставувања на поранешните претстави, и ќе Му ја исповеда на Бог својата поранешна вина, веднаш исчезнува самото искушение и тој одново стекнува власт да внимава на срцето и со сета претпазливост преку молитвата да го чува, настојувајќи да влезе во највнатрешниот и невознемирлив простор на срцето, каде што веќе нема никакви лукави помисли.

3.angeli.so.truba 

 Во дваесет и третата недела по Педесетница, на  20ти ноември  2020 година, кога Македонстата православна црква- Охридска архиепископија молитвено го прослави  споменот на Светиот маченик Јерон со дружината,Светата маченичка Тесалоникија, со Авкт и Таврион, во храмот на св.пророк Илија во скопската населба Аеродром, старешината на храмот протоереј Зоран Стаменковиќ во сослужение на ѓаконот   Александар Брајановски  отслужи Божествена  Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови  Тајни. Во текот на Литургијата отецот произнесе празнична беседа. И во овој петок во храмот се отслужи Мал петочен водосвет.

3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

 

Мал петочен водосвет:

„За да се освети оваа вода со силата, дејството и слегувањето на Светиот Дух...“

 

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

 Преминпортал (к.т.)

3.angeli.so.truba

Што е тоа водосвет?

3.angeli.so.truba

Современ светител, кој бил лекар-хирург, професор на медицина и епископ во Крим, имајќи искуство во телесната и во духовната медицина, ни препорачува: „Пијте почесто света вода. Таа е најефикасен лек. Не ви го велам ова само како свештеник, туку и како лекар. Од моето долгогодишно искуство во медицината“ (Свети Лука Кримски +1961 год.).“

3.angeli.so.truba

Света вода - во што е нејзината сила?

 

 20ти ноември 2020 лето Господово