логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 3.angeli.so.truba

Света вода - во што е нејзината сила? - протоереј Игор Гагарин

3.angeli.so.truba

    На Крстовден и на самиот празник Богојавление во храмовите се врши Голем освет на водата. Според тоа, молебен со осветување на водата се служи преку целата година. Како се користи светата вода? Каде е границата помеѓу почитувањето на светињата и обичната магија?

Зошто вода?
 
    На грчки „светата вода“ се нарекува „агиазма“ (αγίασμα) - „светиња“. Светиња се нарекува сето она што е исполнето со благодатта Божја. Тоа може да бидат моштите на светителите, иконите, мирото, нафората. Но сепак, првенствено, под „светињата“ „агиазма“ се подразбира водата над која е извршен чинот водосвет.
    По своите физички квалитети и вкусот, светата вода со ништо не се разликува од обичната. Навистина, таа останува подолго време свежа од обичната вода, но поентата не е во тоа. Знам еден случај кога и светата вода се има расипано, но тоа воопшто не ме поттикна да се посомневам во тоа дека таа не била осветена.
     Што се случува кога обичната вода станува света? Да се одговори на ова прашање воопшто не е тешко, доколку се обрне внимание на зборовите од молитвата кои ги чита свештеникот при нејзиното осветување. Еве ги првите зборови: „За да се освети оваа вода со силата, дејството и слегувањето на Светиот Дух...“ Кога прв пат се случило тоа слегување, кога Светиот Дух слегнал на апостолите, тие станале други луѓе, силни, безстрашни, со пламена вера и желба да проповедаат по целиот свет. „Секоја душа живее со Светиот Дух...“ - се пее во една од често повторуваните песни. Светиот Дух слегува врз обичната вода и ја прави необична, ја прави света, која пренесува благодат кон се што допре. Во почетокот осветуваме обична вода читајќи молитви и спуштајќи го крстот во неа. А потоа, таа вода ја пренесува благодатта на се што ќе попрскаме со неа.
     Зошто се осветува водата? Зарем само таа е способна да ја прими во себе силата Божја? Секако дека не само таа. На празничната вечерна ние осветуваме пет лебови, пченица, вино и елеј (масло). Постои и неспоредливо осветување кога на Литургијата лебот и виното стануваат Тело и Крв Христови. Но од сите овие земни елементи водата има посебно значење. Поимите „вода“ и „живот“ се неразделни еден од друг. Тоа му е јасно на секој. Според тоа, општо познато е дека и ние самите се состоиме од 80% вода.
      
Зошто треба да се осветуваат автомобилите?

     На тој начин може преку верата да се спроведе суеверие. Преку побожноста - магијата и при тоа второто се маскира позади првото. Како да го разликуваме едно од друго? И едното и другото се од нематеријалниот свет, од духовното, натприродното. Често се користат исти зборови, поими, форми. Становите на современите магови се украсени со икони, заколнувачки книги кои често можат да се најдат во книжарници, кои го заобиколуваат спомнувањето на Света Троица, Богородица, светите угодници.
    Од учесниците во магиските ритуали не се бара никаков духовен напор, никаков подвиг, промена на начинот на живот, покајание. Таму главното правило е да се изврши ритуалот, да се прочитаат одредените зборови, да се извршат одредени движења со телото. Верата укажува дека не живее „Бог за мене“, туку „јас за Бога“. Со пристапување кон магијата човекот не е веќе послушник Божји, туку Боженственото се доживува како некоја сила чија намена е да му помага на човекот, да го чува, штити, лечи и да ги решава неговите проблеми. Од човекот се бара само правилно да ја извршува „Божјата служба“. Овие зборови ги ставив во наводници затоа што тоа и не е служење на Бога иако се користи света вода, икона или крст.
     Со светата вода ги попрскуваме нашите станови не само да станат наши, туку и Божји, за да можат станарите во осветениот стан да си кажат еден на друг „Христос посреде нас“ - “е и ќе биде“. Тажно е тоа, што за многу луѓе, кои осветуваат стан и повикуваат свештеник да им го освети, тој обред го примаат како магија. „Осветете го отец нашиот стан, бидејќи ние сме често болни! Исто така ни се случуваат разни непријатности.“ Таквото доаѓање на свештеникот има смисла само доколку постои можност за прва проповед, за почеток на разговор за Христос, за Евангелието, за покајанието. Евангелието за Закхеј кое се чита на осветување на стан е добар повод за почеток на еден таков разговор.
     Ние осветуваме различни работи кои ги користиме во секојдневниот живот попрскувајќи со агиазмата (светата вода). И автомобилите се дел од тоа. За ова последното често можат да се случат скептични мислења. Да, навистина тоа изгледа како магијата да победила. Луѓето, кои честопати не се прекрстуваат, доаѓаат со новите автомобили и сакаат да ги осветат. Нема ништо лошо во тоа да се проси благослов, помош и заштита, бидејќи возењето е одговорна и опасна активност. И молитвата, која е пропратена со попрскување со светена вода е исправна и неоходна активност пред почеток на возењето. Но труди се секогаш да му објасниш на возачот, доколку со тоа попрскување се сѐ заврши да не очекува помош и заштита. А понатаму, секој човек одлучува дали тоа осветување ќе биде неговиот прв чекор на долгиот и тежок пат на воцрковување, или само ќе биде дел од распространетото суеверие, како со попрскувањето со света вода и со читање на некакви таинствени зборови од страна на свештеникот само по себе ќе биде ибавен неволјите и несреќите.
      Од искуството е познато дека секоја нечиста сила се плаши од светата вода. Но таму каде што нема искрено покајание, молитва, злиот дух кој е изгонет секогаш се враќа. Кога нечистиот дух ќе излезе од човека, минува низ безводни места, барајќи спокој и не наоѓа; па ќе рече тогаш: „Да се вратам во мојот дом, од каде што излегов.“ И штом дојде, го наоѓа празен, изметен и уреден; тогаш оди и доведува други седум духови, полоши од себе, и штом ќе влезат таму и ќе живеат; и последната состојба на тој човек станува полоша од првата (Мат. 12, 43-45).

За оние кои веруваат

     Главната намена на водата е да ја гаси телесната жед. А што е со духовната жед? Со обична вода нема да ја изгаснеме. Таа се гаси со Светиот Дух, и кога пиеме од светата вода, тоа е еден од начините на здобивање на Светиот Дух. Не е случајно што самиот Господ повеќе пати ја споредува Својата благодат со водата. Да се потсетиме на разговорот со самарјанката од четвртата глава од Евангелието според Јован, или на зборовите кои се читаат на Литургијата на денот на Света Троица, денот кога си споменуваме за слегувањето на Светиот Дух врз апостолите: Кој е жеден, нека дојде при Мене да пие! Кој верува во Мене, од неговата утроба, како што е речено во Писмото, ќе потечат реки од жива вода. А ова го рече за Духот, Кого што ќе го примат оние, кои веруваат во Него (Јов. 7, 37-39). Овие зборови за водата се сликовити, но за православните христијани осветената вода е драгоцена заради тоа што е исполнета со силата на Светиот Дух. Обрнете внимание на следните зборови од наведениот цитат: „...Кој верува во Мене...“ и „...кои веруваат во Него...“. Можеме ли да се попрскуваат со светената вода неверниците или претставниците на другите религии? Се наметнува прашањето: Зошто? Јас и при голем напор не можам да најдам разумен одговор.
    Верата во Исус Христос, верата во Евангелието нѐ прават слободни да ја примиме благодатта која ја донесува светата вода. Да ги попрскуваме или да им дадеме да пијат на оние кои не веруваат е безсмислено, дури и навредливо, како за светињата така и за човекот. Самиот Господ никогаш не ја нарушува слободата на човекот, па зарем можеме ние тоа да си го дозволиме? Читајќи ги молитвите за осветување над садот со вода, свештеникот го моли Бога: „За да се освети оваа вода со силата, дејството и слегувањето на Светиот Дух... за осветување на домовите на оние што црпат и земаат од неа... за очистување на душите и телата на сите што со вера црпат од неа...“ Што да додадеме на ова? Што може да биде по благотворно од горенаведените блага за оние што со надеж ја „пијат, земаат и се попрскуваат“? Намерно ги издвоив зборовите „со вера“. По нашата вера и ќе ни биде дадено.


   превод: ѓакон Димитар Арсовски     

      објавено во „Троичник“ бр. 43

https://bogopodobie.weebly.com/10571074107710901072-1074108610761072---10741086-109610901086-1077-108510771112107910801085107210

 

Друго:

Свети Јован Златоуст, во IV век, говорел дека светата богојавленска вода во текот на многу години останува нерасиплива, свежа, чиста и пријатна, како тукушто да била донесена од жив извор. Тоа е чудото на Божјата благодат, кое и денес секој може да го види!


Светителот Теофан Задонски вели: „Целата благодат што доаѓа од Бога преку светиот Крст, светите икони, светата вода и др. – има сила само за оние, кои се достојни за таа благодат преку покајание, молитва, смирение, служење на луѓето, преку милосрдни дела и пројавување на другите христијански добродетели. Значи, благодатта не спасува и не дејствува автоматски, таа е бесполезна за нечестивите и лажните христијани (без добродетели).”

 „Свети Димитриј Херсонски пишува:„Светата вода има сила да ги осветува душите и телата на сите што ја користат.Ако се користи со вера и молитва,таа ги лекува сите наши телесни болести“.


Преподобниот Серафим Саровски на поклониците по исповед секогаш им давал да се напијат по една чаша богојавленска вода.
Преподобен Амвросиј Оптински му испратил шише со света вода на болниот на смрт и неизлечивата болест исчезнала на изненадување на лекарот.


Старецот еросхимонахот Серафим Вирицки советувал производите и храната да се попрскуваат со крстовденска вода,која,според неговите зборови„се' сама осветува“.кога некој бил тешко болен старецот му давал благослов да зема по една лажичка осветена вода на секој час.Старецот кажувал дека нема посилен лек од светата вода и од светото масло.“

 

 

Што е тоа водосвет?

3.angeli.so.truba

Современ светител, кој бил лекар-хирург, професор на медицина и епископ во Крим, имајќи искуство во телесната и во духовната медицина, ни препорачува: „Пијте почесто света вода. Таа е најефикасен лек. Не ви го велам ова само како свештеник, туку и како лекар. Од моето долгогодишно искуство во медицината“ (Свети Лука Кримски +1961 год.).“

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2076
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2092
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 538
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/05/2026 - среда

+Светиот апостол Јаков; Свети Донат; Светата маченичка Аргира; Свети Игнатиј Брјанчанинов;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная