С. Серафим Роуз, во една прилика рекол: „Зошто луѓето се учат преку болката и страдањето, а не преку удобноста и среќата? Многу едноставно, затоа што преку удобноста и среќата, човекот се навикнува да се задоволува со нештата од овој свет, додека болката и страдањето го тераат човекот да трага по најдлабоката среќа, која го надминува овој свет“.
Протоѓакон Андреј Кураев: Ако се оттргнеш од моето архипастирско иго, ќе одиш во адот
И верноста кон Христа не е сосема иста со верноста кон амбициите на туѓиот началник. Верноста кон Христа е верност кон Христа и кон никој друг. Со еден исклучок: Сам Христос во оваа формула решил да се замени Себеси со зборот „ближен“. А ближните не се кријат зад телохранители.
Ќе ја повторам својата формула на аксиолошка спротивставеност за Украина. Таа е дводелна. Во нејзиниот прв дел, неопходно е сите страни да кажат дека нема грев во тоа да преминеш во таа Црква што денес ја создава