Што е тоа слегување на благодатниот оган?
Секогаш на Пасха, оние кои се наоѓаат во и близу до храмот, стануваат сведоци на слегувањето од Благодатниот Оган. Благодатниот Оган не го палат луѓе, туку слегува од Господа и притоа на поклониците им носи чувство на духовно исцелување, а на болните и немоќните им дарува телесно исцелување и со тоа се потврдуваат голем број настани кои ни се добро познати од Библијата.


Целоноќната служба на Велики четврток ѝ е посветена на Тајната Вечера, на којашто Спасителот ја востанови Тајната на Светата Евхаристија, оставајќи заповед Пасхата на Новиот Завет да се вкусува во Негов спомен, на Неговото Тело и Неговата Крв пролеана за отпуштање на гревовите. Во богослужењето на овој ден се говори и за предавството на Јуда.
Дарот на простувањето е поголем од дарот на исправување со казнувањето. Немој поради сето тоа да ставаш забелешки - помалку и трпи премолчувајќи, и гледај го тоа низ прсти: „Љубовта сè покрива и сè трпи“.
Сепак, ако детето се плаши првпат да му пристапи на свештеникот за исповед, што да правиме?
Поклади идет, се чудиш колку манџи да направиш. Пак ce берете по две куќи по три на едно да покладите, да разлагуете, да поете песни coблазнителни, да jaдете до ден, да се oпиете и скверна безделија да чините за три дни. Heмојте, xpистиани, не губите си душите, не празнујте погански. Caм поклади си со своата челад, штогодер јади, помало пии, поскоро стани, метание чини, зашто yтре Велик Пост.
Со зборовите „освети ги со Својата вистина“ (Јован 17:17) – објаснува св. Кирил Александриски – Христос „јасно укажува на потребата од восприемање на вистината преку просветлување со вистината. Причината за тоа е што никој не може да дојде до познание на вистината без просветлување од Духот, ниту да ги усвои точно Божествените догми – се
– Мене, бедниот Серафим, од Господа ми е предодредено да живеам многу повеќе од сто години. Но, бидејќи во тоа време свештенството толку многу ќе се обесчести, што со својата нечистотија ќе ги надминат и архиереите од времето на Теодосиј Помладиот, така што веќе нема да веруваат ниту во главната догма на Христовата вера, на Господ Бог Му е благоугодно да ме земе, мене, бедниот Серафим, од овој привремен живот, а потоа да ме воскресне, и воскресението мое ќе биде како воскресение на седумте момчиња во пештерата Охлонска во деновите на Теодосиј Помладиот.“
Значи, целта на досега напишаното е една: да ја загреам вашата душа, да ве поттикнам на ревност и да ви побудам желба за најслаткиот наш Исус, како што во војската генералите им раскажуваат за подвизите на храбрите војници така што ги поттикнуваат да се борат бестрашно. Но, и тие што пишуваа за животот на Светиите и ги објавија нивните слова, го сторија тоа со таа цел.
Ние го поимаме Бога единствено од христијански аспект и Он никогаш не е предмет на наше физичко разгледување, туку внатрешно чувство кое во себе содржи вера, надеж и љубов од коишто љубовта е најголема, така да Бог во својата суштина е Љубов, и кога христијанинот тврди дека има вера во Бога, он сака да каже дека верува во Љубовта и се труди да го избегнува злото, така што во своите дела или личносни односи со другите луѓе он неминовно и постојано...
Светителите канонизирани не се помесни светители, туку се сеправославни и нивното величание е во целата вселена, над сите народи, над целиот род човечки.
Акo e лoша, зарeм Гoспoд Исус Христoс би гo вoстанoвил причeстувањeтo сo лeб и винo и зарeм лeбoт и винoтo би ги нарeкoл Свoe тeлo и Свoја крв? Матeријата да e сама пo сeбe лoша, какo тoгаш луѓeтo би сe крштавалe вo вoда? Какo апoстoлoт Јакoв би запoвeдал бoлнитe да сe пoмажуваат сo маслo?
Кога Му се предаваме на Христос, нашиот духовен организам се смирува, а како резултат на тоа сите наши органи и жлезди почнуваат да функционираат нормално. На сѐ се шири благодатното влијание. Оздравуваме, престануваме да страдаме. Дури и рак да имаме, ако сѐ Му препуштиме на Бог и ако нашата душа се успокои, божествената благодат може со помош на тоа спокојство да влијае да исчезне и ракот, и сѐ останато.
Според мене, ако човекот не чувствува некакви тешки гревови што би го принудиле да побара полноцена исповед, тој не треба задолжително да се исповеда пред секоја Причест. Светата тајна Покајание е важно самостојно таинство, „второ крштение“ и недозволиво е да се сведува на некој задолжителен додаток кон Евхаристијата.


























