логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

✜✣✜

 Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото.

Преподобен Нил Синајски

 

✜✣✜

 „Од сите чувства на срцето само едно, во неговата состојба на пад, може да биде употребено во невидливото Богослужење: тагата поради гревовите, поради гревовноста, поради падот и својата пропаст – наречено плач, покајание, скрушеност на Духот“.

Свети Игнатиј Брјанчанинов

 

 

✜✣✜

Лутината е јама отворена пред нас; кој ќе ја победи лутината во себе – тој преминал преку јамата. - Свети Ефрем Сирин


 
         


На оној што живее дејствителен живот - Господ му е присутен преку добродетелта, а отстапува од оној што добродетелта не ја смета за ништо.

Свети Максим Исповедник
    

 

✜✣✜

 „Помоли се за мене; многу страдам!“ – Духовно израснуваат и умираат за светот само оние, кои страдаат и трпат. – О, возљубен брате мој, Господ претрпел крсни маки, па зар ти не треба да им се радуваш на маките, на страдањата и на претрпувањата кои нѐ воведуваат во царството небесно? Тоа што страдаш е добар знак за тебе. Зар не знаеш дека страдањата и искушенијата се умножуваат тогаш кога Господ му ја приготвува на некого својата милост? И воопшто не го посакувај спокојот, ако не ти го испраќа Господ, зашто телесниот спокој е одвратен пред Господа. Самиот Господ реколː „Во светот ќе имате маки“ (Јован 16, 33)

Светите преподобни оци Варсануфиј и Јован

 

 ✜✣✜

Јас сум видел луѓе немоќни душевно и телесно, кои, поради мноштвото свои гревови, преземале подвизи, кои биле над нивните сили и што не можеле да ги носат. Јас им реков, дека Бог суди и за покајанието не според големината на трудовите, туку според мерката на смирението, придружувано со плач, скрушеност и згрозување од гревот.

Свети Јован Лествичник

 

 ✜✣✜

 Брате ти се жалиш и велиш: „Изнемоштувам од моите искушенија“. – Не очајувај, брате, Бог не те оставил и нема да те остави. Знај дека е неизменлива пресудата, која му ја изрекол на нашиот праотец Адам, кога му рекол: „Со пот од лицето свое ќе јадеш леб“ (1. Мој. 3, 19). Како златото, кое се претопува и пречистува, станува добро да биде употребено и во царската круна, така и човекот, кој гори од страдања, ако трпи со благодарност, станува син Божји и жител на царството. Верувај дека сѐ што се случува со тебе, се случува за твоја корист, за да добиеш смелост пред Бога.

Светите Преподобни оци Варсануфиј и Јован

 

 

 ✜✣✜

Бог не сака секогаш да бидеме мирни пред нападите на страстите, за да се чувствуваме немоќни пред нив, па кога сме прогонувани од нив, да бидеме слични на зајаците, Он само да ни биде камен на прибежиште, зашто инаку Он би реколː „Јас рековː вие сте богови, вие сте сите синови на Севишниот“ (Псал. 81, 6), туку, сака како елени, со трчање да се искачиме на високите планини од Неговите заповеди и да бидеме жедни за живототворните води на Светиот Дух; како што елените, вгорештени и ожеднети од силното трчање, ги голтаат змиите и нивната отровна природа ја претвораат во пиење, кое не им нанесува штета, така и ние – секоја страсна помисла, примајќи ја во нашата духовна утроба, под дејство на огненото брзање по патот на Божјите заповеди и силата на Духот, - да ја претвориме во добро и спасоносно дејствување на добродетелите, „да го покоруваме секој разум“, преку дејствување, „за да Му биде покорен на Христа“ (2. Кор 10, 5). Зашто, горниот свет треба да се исполни – не со земни и несовршени луѓе, туку со духовни и совршени, кои достигнале „возраст на Христовото совршенство“ (Ефес. 4, 13).

Преподобен Никита Ститат

 

 

 ✜✣✜

Не велете дека сте храм Божји, вели божествениот Јеремија (сп. Јерем. 7, 4). И ти не велиː „Мене може да ме спаси само верата во нашиот Господ Исус Христос“. Зашто тоа е неможно, ако не придобиеш љубов спрема Него, која ќе биде посведочена со дела. А што се однесува до голата и осамена вера, еве што ни вели светиот апостол Јаковː „И бесовите веруваат, а треперат“ (Јак. 2, 19).

Свети Максим Исповедник

 

 ✜✣✜

Добра е храната на постот; во неа го нема квасецот на сластољубието.

Преподобен Нил Синајски

 

 

✜✣✜

Молитвата е гранка од дрвото на кротоста и негневливоста.

Ако си трпелив, тогаш секогаш ќе се молиш со радост.

Молитвата е лекување на жалоста и на унинието.

Молитвата е пројавување на радоста и благодарноста.

Преподобен Нил Синајски

 

 

 ✜✣✜

Еден брат имаше седум дена висока температура и еве, оттогаш изминаа четириесет дена, и тој е уште немоќен и незакрепнат. Седум дена беше тешко болен, а еве, оттогаш измина многу време, а тој е уште истоштен. Така бива и со нашата душа: некој ќе згреши малку, а многу време ќе се измачува, ќе се труди и ќе си пати - додека да се поправи.

Преподобен авва Доротеј

 

 

 ✜✣✜

Секое добро дело го правиме со помошта на нашите природни сили, иако нѐ оддалечува и од лошите дела, но без содејството на Божјата благодат, нашите добри дела не може да ни дадат осветување.

Оној што се воздржува се оддлечува од угодувањето на стомакот, несреброљубецот – од среброљубието, молчаливецот – од многуглаголанието, чистиот од приврзаноста кон телесните задоволства, целомудрениот – од блудот, оној што се задоволува со она што го има – од среброљубието, кроткиот – од лутината, смирениот – од суетата, послушниот од самоволието; оној што самиот се изобличува – од лицемерието. На таков начин, и оној што се моли се оддалечува од безнадежноста и очајанието, доброволниот сиромав – од желбата за збогатување, исповедникот на верата – од отпадништвото, маченикот – од идолослужењето. Гледаш ли како секоја добродетел, која бива извршувана дури до смртта, не е ништо друго, туку оддалечување од гревот, а оддалечувањето од гревот е дело на природата, а не е она, за што може да ни биде дадено како награда царството?

Човекот одвај го запазува она што му е природно; Христос со својот крст ни дарува усиновување.

Свети Марко Подвижник

 

 ✜✣✜

Оној што ги оставил своите гревови во невнимание, а се грижи да ги поправи другите, тој ѝ е туѓ на срдечната молитва и на разумната порозба од Бога.

Преподобен авва Исаиј

 

✜✣✜
Еве, што е вистинската храброст, кога човек се бори со изминатите гревови, кога се моли за тоа одново да не падне во нив, ни во своето срце, ни на дело, ни со чувство.

Преподобен авва Исаиј

 

 ✜✣✜

Не се малкумина оние што жалат за своите гревови, а нивните причини ги задржуваат во себе си.

Свети Марко Подвижник

 

 ✜✣✜

Ако некој Го љуби Бога, тогаш и Бог нему му возвраќа со љубов. Оној што поверувал во Бога – нему Бог му дава небесна вера и човекот ги удвојува своите сили. Затоа, ти кога од своите сили Му принесеш на Бога дар, тогаш и Бог од Своите сили ќе ѝ даде дар на твојата душа, за да можеш чисто да работиш, да љубиш и да се молиш.

Марија оставила сè, седнала крај нозете на Господа и во текот на целиот ден Го прославувала Бога. Гледаш ли дека седењето покрај нозете е највозвишената љубов?

Но за да почне Божјото слово да ти светлее уште повеќе, послушај го и ова. Ако некој Го сака Исуса и со внимание Го слуша, како што треба, а не едноставно, туку со љубов, тогаш и Бог посакува да ја надари таа душа со нешто за таа љубов, та иако човекот не го знае тоа, не знае што прима и во каква мерка, Бог ја обдарува негова душа.

Зашто и на Марија, која Го возљубила Господа и која седела покрај Неговите нозе, не ѝ била дадена обична награда, туку Бог ѝ дал од Својата суштина некоја таинствена сила. Самите зборови, кои ги изговорил Бог на Марија биле дух и некаква сила. Овие Негови зборови влегле во нејзината душа и станале душа на нејзината душа, дух – на нејзиниот дух и божествена сила. Тие го исполниле нејзиното срце, зашто таму каде што е таа сила, таа останува и бива богатство во неа, кое никој не може да ѝ го одземе.

Затоа и Господ, знаејќи што ѝ подарил, реколː „Марија го избра добриот дел, кој нема да ѝ се одземеː (Лука 10, 42).

Но со време и она што го правела Марија со желба и усрдност, ја довело, токму до она што ѝ било подарено, зашто и таа ја примила божествената сила во својата душа.

Свети Макариј Велики

 

 

 ✜✣✜

Ако држиш строго подвижништво, твоето срце нека не се надева само на него; помислувај дека тоа само те запзаува. Кажи ѝ на твојата помисла дека Бог те слуша заради Својата милост. - Преподобен авва Исаиј

 

 

✜✣✜

 Знаењето и љубовта треба да се ворамнотежени во тебе - за да ги покриеш сите глупости што ги забележуваш околу себе. Инаку, постојано ќе судиш и осудуваш.

Кога нешто веќе ќе започнеме, немаме многу избор: или одлучно и континуирано ги исполнуваме нашите приоритети или полека попуштаме и се препуштаме под водството на нашите слабости.

 

Избор од ФБ профилот на: Светланка Трајчева

 

Друго:

За Преминпортал

Подготви: Светланка Трајчева 

7-ми мај 2018 лето Господово

 

Друго:

 

  • Поуки од Светите Отци



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…
Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1481
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 935
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 1184
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

Беседи

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на сите Светии

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на сите Светии

Недела на сите Светии – едноставно не можеме а да не ги поврземе претходната и денешната беседа. Првата недела по Педесетница Црквата ја посветила на сите Светии, а светоста во...

Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на слепиот

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на слепиот

Но, слепиот човек прогледал дури во оној миг кога станал послушен на Божјата заповед и ја прифатил Божјата промисла за себе, која била поинаква за него, ако ја споредиме со...

Стефчо Беќарски:✥  ШЕСТА НЕДЕЛА ПО ВЕЛИГДЕН ✥

Стефчо Беќарски:✥ ШЕСТА НЕДЕЛА ПО ВЕЛИГДЕН ✥

 Духовното гледање претставува гледање на вистината. Вистината се состои во сфаќање на фактот дека сите ние сме грешни. Духовниот поглед се избиструва кога човекот ќе биде способен да ги открива...

БEСEДА за свeтитe Бoжји луѓe

БEСEДА за свeтитe Бoжји луѓe

Какo гoвoрeлe и какo гoвoрат свeтитe Бoжји луѓe и вeли: “Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe,ниту спoрeд свoeтo учeњe, ниту...

За силата на смртта и на крстoт Христoв

За силата на смртта и на крстoт Христoв

Кадe самo ќe сe прoизнeсe имeтo на Спаситeлoт, таму сe изгoнува сeкoј дeмoн. Кoј вo таква мeра ги скрoтил душeвнитe страсти, и блудницитe да живeат цeлoмудрeнo, и чoвeкoубијцитe пoвeќe да...

Митрополит Европски Пимен: “Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така?“

Митрополит Европски Пимен: “Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така?“

“Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така? Зар не го дишеме воздухот сите еднакво? Како тогаш не се срамите да...

БEСEДА  за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

БEСEДА за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

Каква e таа прeљуба штo ја направил Израилoт и Јудeја (т.e. израилскиoт и јудeјскиoт нарoд) сo камeн и сo дрвo? Тoа e пoклoнeниeтo на идoлитe oд камeн и oд дрвo....

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

Христoс e пoтрeбeн и на пoчeтoкoт и на крајoт. Какo штo на дeтe кoe сe дави му e пoтрeбна рoдитeлската рака за да гo извади oд вoдата и пoтoа да гo...

« »