логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Да пораснеме барем до Стариот Завет

 
Во минатата беседа реков дека сите треба да запаметиме: „Светиња со меч не се брани! Без оглед на тоа кој така направил, кој така рекол, кој тоа теолошки го брани, кој тоа го пренесува и кој тоа го застапува – ако сакате да сте барем малку од малку православни. Зарем Богочовекот Христос не е нашата најголема Светиња? Зарем нема да ја послушаме Неговата заповед и зарем нема да го следиме Неговиот пример?“ (види: Јован 18, 10-11; Матеј 26, 51-54; Лука 22, 50-51).

Под меч се подразбира сѐ она што е карактеристика и за периодот пред Стариот Завет: сто очи за едно око и сто вилици за еден заб. Односно, сѐ она што ние денес како христијани си го правиме едни на други како религиозни психо и социопати, без трошка срам и страв Божји, да не речам – без грам вера. Сепак, нели, Стариот Завет постави и некоја мерка: око за око, заб за заб. Би ги замолил сите ако може да пораснеме барем до Стариот Завет, како добра основа да се запознаеме и со Новиот. (Не ми се верува дека дојде ден да треба и вакво нешто да напишам.)

Уште реков дека после брзоплетото христијанизирање (со непочитување на правилата за подготовка на крштението, подготовка што дотогаш траела три години), и откако христијанството станало помодарство во Империјата, ширум се отворија вратите за христијаните само по име (номиналните христијани) да се поистоветуваат со минливите форми на општествено организирање од овој свет (прво со државата, подоцна со нацијата, денес со партијата итн.), кои немаат ама баш никаква врска со Царството Небесно. И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака.

Единствена светла појава, после разводнувањето на првобитното христијанство, остана монаштвото, кое, сепак, успеа да го задржи маченичкиот етос на првата Црква и да го пренесува и да го шири меѓу верниот народ низ вековите до денес. Маченички етос не само како одбивање да се поистоветат со минливите форми од овој свет (па макар биле тие и религиозни), туку и како аскетско-исихастички подвиг за влез во Царството Божјо, кое е внатре во нас (види: Лука 17, 21), уште во овој живот, како и негово сведоштво и Предание.

И уште реков дека поради неправилен душевен живот, наместо да ги искачуваме степените од природниот начин на духовниот живот: очистување на срцето од страстите, просветлување на умот и боговподобување, постои голема опасност – посебно кај оние што се на раководни места во Црквата, да се симнат по степените на противприродниот начин на живот: религиозна невроза, религиозно растројство на личноста (психопати или социопати) и религиозна психоза или демонизираност.

Но, ако Богочовекот Христос, односно тоа што ни е најсвето, не се брани со меч – напротив се губи, како треба да Го браниме? Христос се брани со светост, односно со љубов, и Христос се брани однатре, од Црквата. Христос се брани со заемно личносно проземање – ние слободно влегуваме во Христос и Христос слободно нѐ прозема и влегува во нас – постепено преобразувајќи нѐ. Христос конечно се одбранува кога станува неразделив од нас – живот на нашето срце, но и ние неразделив соборен дел од Него, и кога Христос лично Го сведочиме со нашиот живот; а ако Он така сака, и бескрајно повеќе со нашата смрт и после неа.

Богочовекот Христос е нашиот вечен живот и нашето восиновување од Отецот; Тој е Син Божји и икона на Отецот (види: Кол. 1, 15); Тој е Вистина за сите иста (не како нашите човечки вистини, кои негде важат, а негде не важат, и кои негде смееш, а негде не смееш да ги кажеш); Тој е и Глава на Црквата, која е Телото Негово; Црквата е и тело на Богородица Марија, како што е и Он Нејзин Син или Син Човечки; Тој е и Светото Предание; Тој ни е сѐ што преку Светиот Дух Господ добиваме после Неговото Воскресение; Тој ни е единствениот Дар на нашиот Отец Небесен од Светиот Дух и Марија Дева.

Да погледнеме сега за момент, со духовното око, во Стариот Завет и да го видиме тригодишното девојче како чекори кон Светињата на Светињите од старозаветниот храм и како влегува внатре. Да погледнеме и да видиме како малата Марија го посветува Својот живот за да ни ја покаже вистинската Светиња, а како старозаветната станува сенка во Нејзиното присуство. Да видиме како Пречистата Дева девет години во осама се подготвува преку умно-срдечната молитва (според великиот Григориј Палама) да Го прими во Себе Единородниот Син Божји. Да видиме како времето се исполнува и како Тој бара дозвола да се воплоти во Неа и како Таа слободно и љубовно Го прифаќа. И на крај, да видиме како Богородица и Приснодева Марија станува Вечнонова и Единствена Светиња на Светињите – Ширшаја Небес.

Пресвета Богородице...!

Митрополит Струмички Наум

Извор:МПЦ-ОА

4-ти декември, лето Господово 2015

Друго:

http://preminportal.com.mk/component/search/?searchword=%D0%B1%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%B1%D0%BE%D0%B6%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B4%D0%B0&searchphrase=all&Itemid=278

 

Кој постојано Го распнува Христос?

Рековме дека единствена светла појава, после разводнувањето на првобитното христијанство, остана вистинското монаштво, кое, сепак, успеа да го задржи маченичкиот етос на првата Црква и да го пренесува и да го шири меѓу верниот народ низ вековите до денес. Маченички етос не само како одбивање да се поистоветат со минливите форми од овој свет (па макар биле тие и религиозни – не напразно го потенцирав ова) туку и како аскетско-исихастички подвиг за влез во Царството Божјо, кое е внатре во нас (види: Лука 17, 21), уште во овој живот, како и негово сведоштво и Предание.

И уште рековме дека, за разлика од монаштвото, откако христијанството стана помодарство во Империјата (4 век), ширум се отворија вратите за христијаните само по име (номиналните христијани) да се поистоветуваат со минливите форми на општественото организирање од овој свет (прво со државата, подоцна со нацијата, денес со партијата итн.), кои немаат ама баш никаква врска со Царството Небесно. И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака.

Но, како што номиналните христијани паѓаат во искушението да се поистоветат со минливите форми на општественото организирање од овој свет (држава, нација), а поради религиозна невроза или поради религиозно растројство на личноста, така и помесните цркви, сфатени како институции, не можеше а да не го избегнат истиот пад – да се поистоветат со минливите форми на општественото организирање од овој свет, па макар тие форми се преоблекле во црковно руво и попримиле облик на религиозни форми на организирање – без оглед дали ќе ги наречеме канонски национални цркви или национални цркви, кои пребиваат во административен раскол во однос на т.н. канонски.

Да се потсетиме уште еднаш: во времето кога номиналните христијани ќе се поистоветат и со нацијата (19 век), одеднаш гледаме (исто како и во меѓусебните физички убивања од тоа време) дека нема ни трага од духовно толерирање на „другите“ − тие што сакаат да прогласат таканаречена национална автокефална Црква веднаш се прогласувани за расколници и еретици и веднаш се анатемисани – од исти такви кои, за разлика од нив, истото тоа попрви го смислиле и направиле, и како со тоа да го зеле монополот за одлучување кој е канонски, а кој не е. Историјата ни е добро позната.

Да се потсетиме на нашиот случај. На чисто административен чин на прогласување на автокефалност (1967 г.) од страна на веќе признаената од нив самостојна МПЦ (1959 г.), СПЦ презема светотаински мерки и одговор – прекин на евхаристиската заедница, наместо на административен чин, исто така, да одговореше со административен, со просто непризнавање на нашата автокефалност, со сите административни последици што од тоа непризнавање произлегуваат, и толку. Или, на пример, ако СПЦ веќе сакаше да преземе некаква поостра педагошка мерка, тоа најмногу можеше да биде само прекинување на заедничкото сослужување со свештенството на МПЦ, но не и прекин на евхаристиската заедница со него, а камоли со народот. Тоа што го направија е несоодветна и теолошки неоправдана црковна реакција. Тоа е световна, а не пастирска постапка. Тоа е прекумерен и несоодветен одговор.

Сфаќате ли сега зошто реков дека би било добро кога би можеле да пораснеме барем до нивото на душевноста од Стариот Завет. Сепак, нели, Стариот Завет постави и некоја мерка: око за око, заб за заб, наместо сѐ она што ние денес како христијани си го правиме едни на други како религиозни психопати или социопати (зависи од местото во хиерархијата), без трошка срам и страв Божји, да не речам – без грам вера. Замислете, наместо да се препознаваме меѓусебно по плодовите – според Господовиот совет (види: Матеј 17, 16-18), ние допрва се договараме и молиме да се однесуваме едни кон други барем во рамките на Стариот Завет.

Континуитетот на заедничкото служење и учество во Светата Евхаристија (Литургија) на Црквата ќе го оневозможеше конечното институционално поистоветување на помесните Цркви со минливите форми на човечко организирање од овој свет (читај со националните држави) и ќе беше единствена здрава основа за решавање на кое било отворено прашање меѓу нив, без притоа споменатите човечки и минливи форми на организирање да имаат некакво одлучувачко влијание при овој процес.

Првите христијани сите свои проблеми ги решавале внатре во молитвената заедница, собрани на Светата Литургија. И многу посложени проблеми во историјата на Црквата, дури и такви што засегале во догмите (едносуштен и сличносуштен), биле надминувани со одржување и непрекинување на заедничкото служење. Еден поучен пример на старозаветно однесување за сите нас, надвор од црковното организирање, е комуникацијата на Р. Македонија и Р. Грција: иако меѓу нив сè уште егзистира проблемот со името на нашата држава, сепак, тие не ги прекинаа суштинските меѓусебни односи на сите нивоа, од човечко и економско до локално-меѓугранично и државно. Што е најчудно, сите држави во принцип се непријателски расположени едни кон други; ние, пак, кои како Цркви сме во суштина едно и кои требаше да бидеме пример на единство, станавме камен на сопнување меѓу народите.

Затоа, цел на православниот христијанин е најпрво да го исцели својот душевен раскол помеѓу својот ум и своето срце – од кој произлегуваат сите останати поделби, и внатрешни и меѓучовечки, па потоа, во зависност од својата хиерархиска позиција во Црквата, да допринесе да се решаваат и другите поделби меѓу луѓето на кој било план, а не да им ги припишува своите болни внатрешни состојби на „другите“, како и да ги шири меѓу „ближните“. Јасно ли е сега кој постојано Го распнува Христос, а заедно со Него и сите Свети?

Свети Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици, ви благодариме што со љубов Го посведочивте Христос токму во нашиот град – Струмица, и што, очигледно, поради истата љубов, засекогаш останавте со нас.

Митрополит Струмички Наум

12-ти декември, лето Господово 2015

За двете функции на умот

Рековме дека различна е храната на умот од храната на разумот. И различно е знаењето на умот од она на разумот. Храна на умот е опитот и заедницата со Бог (светотаинската и молитвената), додека, пак, храна на разумот е овоземното теоретско образование (од која било област на науката и културата, па дури и на теологијата, како и од разните вештини). Знаењето на умот е познанието на Бог (како просветленост или обоженост), додека, пак, знаењето на разумот е опитноста во овоземните науки и вештини, како и во културата.
Просто речено, умот прво го храниме со опит на Бог од кој произлегува и знаењето или познанието на Бог, додека разумот прво го храниме со теоретско знаење од која било област, а од опитот во работењето во конкретната област произлегува и неговото соодветно знаење. Умот, преку молитвено собирање на својата енергија во Бог - во срцето, Го познава Бог и ја остварува својата основна функција, а кога умот преку сетилата ќе ја расее својата енергија низ светот, тогаш ја остварува својата секундарна функција како разум. И едната и другата функција, преку подвиг или острастување, можат да предизвикаат соодветна зависност на умот, но едно е зависност на умот како љубов, а друго е зависност на разумот како страст. Зависноста како љубов (кон Бог) е слобода за човековиот ум, додека зависноста како страст (кон што било) е ропство на човековиот разум, која станува како втора природа на човековиот ум.
Сега, како што ние го забрзуваме ритамот и интензитетот на изговарање на Исусовата молитва за да ги прекинеме демонските помисли и да ја собереме молитвено енергијата на умот во Бог - во нашето срце, така и демонот го забрзува ритамот на нашиот живот и протокот на информации во него за да ја прекине Исусовата молитва, а енергијата на нашиот ум преку сетилата да ја расее и поврзе со световното. Ние се бориме умот да ни функционира, пред се, во својата основна функција, а демонот се бори умот да ни функционира постојано низ неговата секундарна функција - како разум. Со просветлувањето на умот, а со тоа и на разумот (преку дарот на умно-срдечната молитва),  конечно се надминува внатрешниот расцеп меѓу основната функција на умот и неговото функционирање како разум, и човековата личност се исцелува.
Значи, очигледно е дека Бог и духовниот живот не можат да се достигнат, спознаат и правилно објаснат само преку функционирањето на разумот и телесните сетила, затоа што Он за нив е недостапен. За оној што на тој начин ќе се обиде да им пријде, БОГ, Богородица, Црква и духовен живот засекогаш ќе останат само апстрактни поими. Следствено, не можеме само преку разумот и сетилното да ја пронајдеме и смислата на нашето постоење. Бесмисленоста на животот, пак, е основната причина за ноогената невроза*  и депресијата од кои скоро целото човештво е опфатено. Оттука произлегуваат и разните бегства, од така доживеаната реалност, во разните зависности - од кои прва денес стана зависноста од интернетот и социјалните мрежи. Дури ни проповедта на Евангелското слово, заснована само на разумот, не може да го осмисли нашиот живот и не може да не извлече од замката на депресијата и очајанието - туку само ќе ги храни и зајакнува.
Затоа, комуникацијата со светот само преку непреобразените разум и сетила (внимавајте!) го претвора светот околу нас во еден куп мртви идоли (нешто од коешто „зависиме" и без коешто „не можеме"), без оглед дали ние тоа свесно го сакаме или не, и истовремено претставува и соодветно острастено поврзување и заедница со мртвите идоли на овој свет - без оглед на тоа каква форма и кое име тие го носат, како и ропско служење ним - наместо на Живиот Бог. Значи, уште еднаш: се она (и нам најблиското), кое преку разумот и телесните сетила ќе го поставиме како приоритет во нашиот живот пред превосходната заедница и познание на Живиот Бог, е мртов идол и непремостлива пречка за единство со Живиот Бог. Нормално, кој нема заедница со Бог, нема ни вистинска заедница со своите ближни.
Сега мислам дека е јасно зошто покајанието, односно преумувањето (возобновувањето на основната функција на умот) - како суштински Евангелски повик, е длабока егзистенцијална потреба за жив живот во Соборното Тело на Богочовекот Христос - Црквата, а не обичен гол морализам и пиетистички декор - како кај номиналните христијани на денешницата.

*Ноогената невроза, особено распространета кај младите луѓе, не потекнува од психолошка туку од ноолошка или духовна (од грчкиотзбор nоuѕ-дух) димензија на човековата егзистенција. Таа не се заснова на комплексите и конфликтите во вообичаената смисла на зборот, туку на конфликтите на совеста, судирите на вредности, егзистенцијалната празнина и егзистенцијалната фрустрација настанати исклучиво од егзогени причини

 
Митрополит Струмички Наум

Ноември, лето Господово 2015

Друго:

Интернет синаксис за сите - Ефект на скршено огледало

 



Видео содржини

Руски Светец Александар Свирски

Сеп 29, 2018
Рускиот светец Александар Свирски - мошти со бела боја и кожа стара повеќе од 500 години, како да е жив

Верата на нашите татковци - Евхаристија

Авг 04, 2018
Верата на нашите татковци Тема: Евхаристија - Света Причест 11.03.2018

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Октомври 18, 2018

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво, на почетокот на монашката историја стои и преподобниот Пахомиј, исто така почитуван како Велики, не само заради својата посебна духовна величина, туку и заради тоа што…
Октомври 18, 2018

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на неговото служение, проповедта е трубата на неговото слово и творештво. Неговата проповед е образец за сите времиња и места – по својата библиска основа, православно…

Св. Климент Охридски: Слово за зачнувањето на св. Јован Претеча

Окт 14, 2018 Житија 38
Но ти (Крстителу Јоване), направи нè, преку твоите молитви, да принесуваме достојни…

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН - Псалм 11 4

Фев 17, 2018 Полезно и Потребно 7168
sv.efrem.sirin2.jpg
СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН Псалм 11. Нема да се справам со себеси и со ѓаволот – Ти Господи,…

Беседи

Митрополит г. Наум: Суштинско недоразбирање

Митрополит г. Наум: Суштинско недоразбирање

Пројавите на неврозата ги објаснивме: губење контрола над мислите и чувствата, губење контрола над зборовите, и најтешкиот вид невроза – губење контрола и над своите дела. Не можат меѓу себе...

БEСEДА за Бoга Свeтиoт Дух кoј излeгува oд Oтeцoт

БEСEДА за Бoга Свeтиoт Дух кoј излeгува oд Oтeцoт

За Свeтиoт Дух ни e oткриeнo дeка Oн излeгува oд Oтeцoт и сo Синoт сe испраќа. Никoј да нe бара пoвeќe за да нe паднe вo заблуда. Штoм излeгува oд...

БEСEДА за Христoвата тага

БEСEДА за Христoвата тага

Глeдатe ли кoлку e важна смртта Христoва? Ниe сo нeа смe искупeни, сo нeа смe спасeни. Никoј да нe застанува eдинствeнo на Христoвата наука, туку нeка сe прeнeсe и на...

Воздвижение на Чесниот Крст

Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

БEСEДА за тoа какo грeшницитe гo примаат лoшиoт а нe дoбриoт

БEСEДА за тoа какo грeшницитe гo примаат лoшиoт а нe дoбриoт

Кoј e тoј другиoт кoј ќe дoјдe вo свoe имe и кoгo грeшнитe луѓe пoлeснo ќe гo примат oткoлку Христа Гoспoда? Тoа e oнoј кoј нe нoси крст и нe...

   Митрополит Антониј Сурожски - Рождество на Пресвета Богородица

Митрополит Антониј Сурожски - Рождество на Пресвета Богородица

Секој празник на Mајката Божја е чиста радост; тоа е радост не само заради љубовта Божја кон нас, туку и радост заради тоа што земјата – нашата едноставна, родна, обична...

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

Духoт на Гoспoда e врз Мeнe. Зoштo Oн тoа гo гoвoри кoга e рамeн на Духoт какo и на Oтeцoт? Заради свeдoштвo на луѓeтo, какo штo тoлкува св. Златoуст. Нe...

протоереј Драган Јанковски: Петнаесетта недела по Педесетница

протоереј Драган Јанковски: Петнаесетта недела по Педесетница

Aко треба да дадеме најкратка дефиниција и најверодостојна карактеристика за науката на Господ Исус Христос и христијанството воопшто, треба да речеме дека тоа е љубов. Можат да се дадат и...

Митрополит Николај Месогејски:Зошто мене, Боже мој? (прв дел)

Митрополит Николај Месогејски:Зошто мене, Боже мој? (прв дел)

Бурата на лекарските прегледи ја заменува бомбардирањето со неодговорените „зошто“. Зошто, Боже мој, толкава болка? Што згрешило ова невино создание? Зошто моето дете, кое ми се чини дека е најдоброто,...

« »

Најново од духовност

Православен календар

20/10/2018 - сабота

Светите маченици Сергиј и Вакх; Светиот маченик Полихрониј;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Тропар

Тропар на светата Христова подвижничка Пелагија преподобна 8 октомври / 21 октомври

Тропар на светата Христова подвижничка Пелагија преподобна 8 октомври / 21 октомври

Од темнина изведи ја душата моја –повикуваше о, ти славна мајко Пелагиокон Небесниот Женик твој Христос,Он те поведе во познание,

Тропар на светите Христови маченици Сергеј и Вах 7 октомври / 20 октомври 2018

Тропар на светите Христови маченици Сергеј и Вах 7 октомври / 20 октомври 2018

Величание на Христовите страдалници, и очи на Црквата Христова, Сергее многустрадалени Вакхе преславен, просветете ги очите на нашите души.

 Тропар на светиот Христов апостол Тома 7 октомври / 20 октомври 2018

Тропар на светиот Христов апостол Тома 7 октомври / 20 октомври 2018

Ученик Христов бивајќи, на Божествениот Апостолски Собор сотрудник,со неверие го прими известувањето,за Христовото воскресение,

Добредојде Православие.мк

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Последни коментари

За Божествената правда

Кога некој би ми рекол: ’Отец, морате да ја напуштите својата ќелија зашто таа ми припаѓа мене. Слезете и одете под чемпресот во градината’, ако поседувам Божествена правда, јас тоа со радост ќе го прифатам. Ако постапам според човечката правда, би ја одбил неговата понуда и би почнал да се расправам со него, а може да завршиме и на суд Повеќе...

Архимандрит Георгиј Капсанис

Личноста на архимандритот Георгиј ќе остане во вечно паметење во срцата на оние што го запознале, но генерално и во целата Православна Црква, затоа што преголеми се неговите заслуги за чистотата на верата и за автентичното живеење според неа..Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

Протоереј Андреј Ткачев: Примете, јадете

 

Во Рајот Господ им рекол на луѓето да не јадат од дрвото на познанието. А злиот лукавец велел – јадете. Христос вели „јадете“, „пијте од Неа сите“, а злиот говори: „не јадете“, „недостојни сте“, „потребно е долго и тешко да се подготвувате“. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Икона на Пресвета Богородица „Нажалена за бебињата убиени во утроба“

 

Божјата Мајка е добра застапничка во сé, особено голема е Нејзината помош за жените и децата. Во христијанството постојат голем број на икони на Богородица и тие толку се разликуваат една од друга што тешко е да се претстави дека на нив е изобразена едната и иста Божја Мајка.  Повеќе...

За Моето име

Взбранной Воеводе победительная