Во секој случај, ќе слушнеш глас во својата душа, којшто ќе ти посочи решение. Ќе видиш светлина во тунелот, ќе видиш излез за она што те вознемирува и измачува. Што е тоа решение? Решението го означува опишаното во една кинеска поговорка: „Во животот не треба да се грижиш за две работи – за оние што се решливи, и за оние што се нерешливи“.
Архимандрит Андреј Конанос: За секој проблем има решение – III дел
Еднаш еден човек ме праша: „Не е ли за нив разводот подобро решение, во споредба со тоа да живеат една драма, мачеништво кое никако не запира?“ Во принцип готовите решенија се многу лесни. Зашто ако јас сега дозволам „развод“, тогаш некој ќе прокоментира: „Отецот рече дека разводот е добар, кој сака нека се разведе!“ Јас не го спомнав тоа, туку реков дека во одредени случаи, кај некои луѓе се претпочита да се случи нешто кое ќе го промени тој „систем“, отколку сите заедно да пропаднат.