логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Возљубени духовни чеда,

Денес Светата Православната Црква го празнува најскапоцениот Дар кој човекот го прими од својот Создател – телесното раѓање на нашиот Господ и Спасител Исус Христос. Кога се исполни времето, старозаветното пророштвото искажано преку устата на пророкот Исаија се оствари токму во малото местенце Витлеем, “… ете, Девица ќе зачне и ќе роди Син, и ќе му го дадат името Емануел” (Исаија 7:14). Синот Божји, Вечното Слово Божјо, се воплоти преку Светиот Дух и Дева Марија и стана еден од нас. Бог стана човек, за човекот да го обожи и да го направи сличен на Себе. Оние кои ја имаа привилегијата да бидат физички сведоци на овој монументален настан кој доведе до радикални промени во текот на историјата на човештвото, беа првите кои ги слушнаа блажените ангелски зборови, “Не плашете се: Еве ви навестувам голема радост која ќе биде за сите луѓе, зашто денес ви се роди во градот Давидов, Спасител, Кој е Господ” (Лука 2:10-11). Како тие тогаш, така и ние денес, од година во година не престануваме да се воодушевуваме од важноста на овој универзален космички настан. Но, за правилно да биде сфатена големината на Христовото рождество, пред сè, потребно е правилно да разбереме што е тоа од кое Христос нас нè спасува.

Мили мои во Христа Спасителот,

Уште од Адам и Ева, кои на некој начин поставија лош пример за сите поколенија и со тоа ја отворија вратата на гревот, во секој од нас провејува истата непослушност и бунтовност кон божјите возвишени стандарди. Како и прародителите, така и ние денес, секојдневно се соочуваме со истото основно искушение а тоа е, со своите вредности да ги замениме божјите, та во свое време и на свој начин самите да се прогласиме за “богови” (Битие 3:1-7). Иако сите сме виновни за истиот грев, како индивидуално така и колективно како човештво, ваквата состојба светоотечкото предание всушност ја дефинира како болест од која самите не можеме да се излечиме. За гревот, како духовна болест која го зафатила целото човештво и нè заробила уште од почетоците на човековото постоење, нема друг универзално ефективен лек освен оној Божјиот, преку отелотворувањето на Синот Божји. Ако гревот на толку суштински начин се помешал со нашата личност и на некој начин станал наша “втора природа,” тогаш преку отелотворувањето, Христос на суштински начин врз себе ја превзеде човечката природа, и откако ја исцели и обожи, ни ја понуди слободата на обожувањето како “втора природа” наспроти ропството на гревот. Нам ни беше потребен Некој Кој е способен онтолошки да ја измени човечката природа, така што со присуството на Неговата благодат ќе го истисне ропството на гревот. Па така, секој од нас повторно може да биде прогласен за “обожен,” но овој пат на оној вистинскиот, од Бога предвиден и благословен начин. Ова, се разбира, можеше единствено Христос да го постигне токму затоа што припаѓа и на двата светови: Небесниот од каде и потекнува, и земскиот кој своеволно го превзеде. Како што нè поучува Светиот Јован Златоуст, Отелотворувањето Христово е чудесен настан зашто “го поништува ропството, ја крши силата на смртта, ги отклучува рајските порти, ја одзема клетвата, го оттргнува гревот од човекот, ја отклонува грешката, ја враќа вистината, ги сузбива демонските сили, а ангелите бестрашно со нас комуницираат и конечно, небесното владение и живот го претстави на земјата.”

Драги браќа и сестри,

Чинот на отелотворување на Синот Божји е исто така и поучителен настан, а за нас полезно е овој Божиќ да се огледаме на Христовата Скромност која се очитуваше преку понизноста и послушноста. Иако Творец на универзумот, Христос не одбра да се роди во Ерусалим или Рим, туку во малото местенце Витлеем. Тој не одбра да дојде во познато или општествено влијателно семејство, туку во семејството на дрводелецот Јосиф и девојката Марија. Богомладенецот не одбра рождество во удобна палата опкружен со лекари и медицински помагала, туку во скромна и неудобна штала. Како што се роди, Тој така и живееше. Не носеше скапи облеки ниту јадеше скапа храна. Сè што имаше му беше дадено а и Самиот истото го раздаваше на луѓето во потреба. Живееше во скромност и понизност а сепак го спаси човештвото, или подобро е да се каже, токму затоа го спаси човештвото. Она што во што не успеаја прародителите заради неконтролираните желби, непослушноста и горделивоста, Христос го постигна токму преку скромноста, послушноста и понизноста. За разлика од Адам и Ева, Христос не се исплаши дека ќе му биде одземена славата доколку своеволно и себично не се држи до она што му припаѓа. Напротив, Тој доброволно и во старт се откажа од Своето. Христос, “иако беше во обличје Божјо, сепак не држеше многу до тоа што е еднаков со Бога, но Сам Себе се понизи откако зеде обличје на слуга и се изедначи со луѓето и по вид се покажа како човек.” (Филипјаните 2:6-7). Адам, грчевито се држеше и се грабаше за ветувањето, а изгуби сè. Христос пак, иако доброволно се откажа од сè што имаше, од Своето ништо не изгуби. Ова е вистинска мудрост преку која Тој го ослободи човештвото. Скромноста со понизноста и послушноста како свои придружнички, според Христовиот пример, се доблести кои секојдневно треба да ги следиме и подражаваме, без страв дека некој може да ни го одземе она што во мудроста Божја е одредено нам да ни припадне.

Возљубени во Христа Богочовекот,

Ова е период во кој темата за Божиќ секоја година станува повторно актуелна. За жал, наместо за суштината на рождеството, луѓето скоро исклучиво се интересираат за техничките нешта околу празнувањето како датумите, точните зборови кои ги употребуваме при честитањето, храната која треба да ја припремиме за прославата и ним сличните. Она што вистински треба да не загрижува драги мои, е целосното десакрализирање на рождеството и неговото целосно сведување на световен празник. За “светот,” Божиќ е само убав универзален празник на западната култура, оптоварен со комерција, консумеризам, разни дедомразовци, светилки, украси и убаво спакувани дарови, без трага и спомен за Христовите придобивки за кои веќе говоревме. Тоа е само уште еден празник чија главна цел е убав провод и ден повеќе одмор од работата. Вистинското празнување на Божиќ е бесмислено доколку во нас не оживеала суштинската промена заради која Божиќ и се случи. Ако од празнувањето ја истиснеме метафизичката реалност дека рождеството стана единствено заради исцеление на нашата гревовна природа и ако таквото разбирање не води кон суштински промени во нашата личност, самата прослава станува излишна и потполно бесмислена.

Мили мои во Христа,

Раѓањето на Синот Божји донесе исцеление за целиот човечки род. Преку отелотворувањето Христос ги постави темелите за новата реалност на Божјото присуство помеѓу луѓето – Светата Православна Црква како заедница на Христијани, а самото воплотувањето, стана извор на силата на таа Заедница, Црквата. Секој кој верува дека Синот Божји се јави во тело, и кој се крстил во Неговото име, станува дел од ова ново Христово семејство. “Вие сте тело Христово, а поодеделно сте Негови членови,” нè поучува св. Апостол Павле (1 Коринтјаните 12:27). Празнувањето на Божиќ е празнување на таинственото Тело Христово, зашто преку отелотворувањето верниците стануваат заедница на членови во Христа. Преку воплотувањето на еден таинствен начин човештвото се обединува во Христа. Токму затоа од огромна важност е да се биде дел од тоа семејство, та земајќи учество во неделните богослужби на реален начин да бидеме дел тое единство, првенствено со Христа преку причестувањето со Неговите Тело и Крв, а потоа и со останатите членови од Телото, односно нашите браќа и сестри христијани. Црковниот живот драги мои, има многу поголемо значење од едноставна традиционална припадност или религиозна обврска. Тоа е живот во Христа, искусување на слободата од ропството на гревот, суштинска промена преку благодатта на обожението, и предвкус на идното Божјо Царство.

Возљубени во Христа Богомладенецот,

Да се радуваме заради љубовта со која Христос засака. Да се пееме за неизмерната милост која ни е понудена. Да воскликнеме за Христовата извојувана победа над смртта и гревот. Да ја зграбиме понудената можност за божанска трансформација. Да не дозволиме да се задоволиме единствено со материјалните дарови, туку да го примиме Дарот Христов кој единствено ќе нè направи вистински задоволни. Да ја прославуваме радоста на рождеството и да ги сакаме ближните со љубовта со која Новороденецот прв нè засака.

Христос се раѓа, славете!

Христос од Небото, пречекајте Го!

Христос на земјата, воспејте Го!

Пеј Му на Господ цела земјо во радост!

Пејте Му народи, зашто се прослави!

НЕКА НИ СЕ ЗА МНОГУ ГОДИНИ БОЖИЌНИТЕ И БОГОЈАВЛЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА!

ХРИСТОС СЕ РОДИ! НАВИСТИНА СЕ РОДИ!

Митрополит Американско-Канадски

Методиј

 

 Извор: Мистагогија.мк


Add comment

Security code
Refresh


Видео содржини

Верата на нашите татковци - Евхаристија

Авг 04, 2018
Верата на нашите татковци Тема: Евхаристија - Света Причест 11.03.2018

Во продажба е новиот број на Премин 127/128

Јун 05, 2018
„И сега, убеден сум дека тој на небото принесува жртва за нас и се моли за сиот народ (иако нѐ остави, сосема не нѐ напушти), а јас – Григориј, полумртов, полуосакатен, оттргнат од великото…

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Февруари 17, 2018
sv.efrem.sirin2.jpg

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН - Псалм 11 4

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН Псалм 11. Нема да се справам со себеси и со ѓаволот – Ти Господи, помогни ми! Никој не може да ја излекува мојата болест, освен Оној, Кој ги познава длабочините на срцето. Колку пати си поставувам растојанија и подигам прегради помеѓу себе и…
Јануари 27, 2018

о. Горан Стојчевски „БОЛНИТЕ ИСЦЕЛИ ГИ ЛЕКАРУ НА ДУШИТЕ И ТЕЛАТА“

о. Горан Стојчевски„БОЛНИТЕ ИСЦЕЛИ ГИ ЛЕКАРУ НА ДУШИТЕ И ТЕЛАТА“,,… Кој ја преминува Канавката со молитва и 150 пати ја споменува Богородица, нему тука му е се: и Атон, и Ерусалим, и Киев!‘‘Св. Серафим Саровски „Умствената молитва е опитна потврда за…

Јеромонах Методиј Зинковскиј: Св. Стилијан – Светилник Христов и покровител на децата

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух, Драги браќа и сестри, ве по здравувам со…

Излегоа од печат „Житијата на Светиите“ за месец септември

Ное 16, 2017 Полезно и Потребно 1339
Во издание на црквата посветена на св.Григориј Палама и св. Димитриј Мироточив во…

Македонски преродбеник Теодосиј Синаитски

Окт 31, 2017 Друго од духовност 1113
Теодосиј Синаитски бил македонски [1][2] преродбеник. Тој е роден во Дојран во втората…

Беседи

БEСEДА за лажнитe учитeли

БEСEДА за лажнитe учитeли

Нo, акo знаeтe, и, акo нe знаeтe, впeрeтe гo свoјoт ум кoн Гoспoда, oградeтe сe сo знакoт на крстoт, пoвикајтe ја на пoмoш свeтата Прeчиста какo и Бoжјитe угoдници, а...

Јован Кумевски: ЗА  ДУХОВНОТО  СЛЕПИЛО

Јован Кумевски: ЗА ДУХОВНОТО СЛЕПИЛО

 Секој кој од Него ќе добие духовне вид, ќе појде по Него, и ќе Го прослави Бога. Затоа, да ја отфлиме од нашето срце гревовната напластеност, сета духовна нечистотија, а...

БEСEДА за тoа какo трeба да му сe радувамe на Христа

БEСEДА за тoа какo трeба да му сe радувамe на Христа

Нo зoштo, браќа, да сe радувамe на Христа? Затoа штo Oн ни ја oткри и ни ја пoкажа вистината за најгoлeмитe и најубавитe надeжи и сни на чoвeчкиoт рoд; ни...

Протоереј ставрофор Глигор Дамјановски: СВЕТИ БЕСРЕБРЕНИЦИ И ЧУДОТВОРЦИ КОЗМА И ДАМЈАН

Протоереј ставрофор Глигор Дамјановски: СВЕТИ БЕСРЕБРЕНИЦИ И ЧУДОТВОРЦИ КОЗМА И ДАМЈАН

 Бидејќи имале силна и непоколеблива вера, Божјата благодат делувала врз сите луѓе коишто им се обраќале за помош. Колку што лекувале со разните треви, толку повеќе Бог, поради нивниот свет...

БEСEДА  за свeтoста

БEСEДА за свeтoста

Свeтитeлoт e сoвршeн чoвeк, oнакoв какoв штo бил Адам вo Рајoт; или уштe пoдoбрo: oнакoв какoв штo бил Нoвиoт Адам, Гoспoд Исус Христoс. Oвoј e свeтитeл над свeтитeлитe, Oвoј e...

БEСEДА за висoкиoт заклoн

БEСEДА за висoкиoт заклoн

Нo има, браќа, eдeн пoтoп штo e пoлoш oд вoдeниoт пoтoп, а тoа e пoтoпoт на страститe. Кoга страститe ќe сe разгoрат, кoга ќe сe зачадат и зацрнат, кoга наoкoлу ќe...

Св. Климент Охридски: Слово за раѓањето на Свети Јован Претеча

Св. Климент Охридски: Слово за раѓањето на Свети Јован Претеча

А архангелот Гавриил, гледајќи ги помислите на свештеникот, веднаш му одговори кротко и со тивок глас, убедувајќи го, и рече: „Не бој се Захарија, зашто е услишена твојата молитва и...

Слово на Митрополит г. Тимотеј за Рождеството на Свети Јован Крстител

Слово на Митрополит г. Тимотеј за Рождеството на Свети Јован Крстител

И ние денеска, кои го чествуваме неговото рождество, да му се обратиме со искрена молитва. Да не нè заборави, сиромашните и бедни по дух, пред Престолот на Севишниот. Да ја...

Протоереј Антониј Петрушевски: Не бој се, Захарија, зашто се услиша твојата молба...

Протоереј Антониј Петрушевски: Не бој се, Захарија, зашто се услиша твојата молба...

По многу години праведен живот пред Бога, истовремено, по многу години мачна бездетност и многугодишно трпеливо поднесување на осуда од луѓето, архангелот Гавриил се појавил пред Захарија и му рекол:...

« »

Најново од духовност

Православен календар

15/08/2018 - среда

Откривање и пренос на моштите на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан; Светиот свештеномаченик Стефан, папа Римски и другите со него; Светиот блажен Василиј, јуродив Московски;

Богородичен пост (строг пост)

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Тропар

Пренос на моштите на св. Стефан 2 август / 15 август 2018

Пренос на моштите на св. Стефан 2 август / 15 август 2018

Од твоите страдања со царски венец се венча твојата глава,за сето она што го претрпе за Христа Бога,о Стефане прв...

Тропар на св. Божји угодници браќа Макавеи – Авим, Антониј, Гуриј, Елеазар, Евсевон, Алим, Маркел, и нивната мајка Саломија 1 август / 14 август 2018

Тропар на св. Божји угодници браќа Макавеи – Авим, Антониј, Гуриј, Елеазар, Евсевон, Алим, Маркел, и нивната мајка Саломија 1 август / 14 август 2018

Господе Боже наш, Ти Кој поглед од човека не свртуваш,смилувај се на нас кои на Тебе забораваме,еве во труд срцата...

Тропар на св. праведен Евдоким 31 јули / 13 август 2018

Тропар на св. праведен Евдоким 31 јули / 13 август 2018

Оној Кој те повика од земјата кон Небесните населби,Тој и по смртта го сочува неповредено телото твое,о свети Евдокимети во...

Добредојде Православие.мк

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Последни коментари

Почаевско чудо

Ако некој се помоли од сето срце, тогаш Господ ќе му помогне и ќе го поправи и ќе продолжи по патот на вистината. Во една од посетите на Почаевска Лавра, јас станав сведок на прекрасно чудо, кога пред мои очи се исцели жена која педесет години не можеше да оди бидејќи имаше извиткани нозе. Повеќе...

Архимандрит Георгиј Капсанис

Личноста на архимандритот Георгиј ќе остане во вечно паметење во срцата на оние што го запознале, но генерално и во целата Православна Црква, затоа што преголеми се неговите заслуги за чистотата на верата и за автентичното живеење според неа..Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

Протоереј Андреј Ткачев: Примете, јадете

 

Во Рајот Господ им рекол на луѓето да не јадат од дрвото на познанието. А злиот лукавец велел – јадете. Христос вели „јадете“, „пијте од Неа сите“, а злиот говори: „не јадете“, „недостојни сте“, „потребно е долго и тешко да се подготвувате“. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Св.Јован Шангајски - БДЕНИЕ

 

Стојте цврсто на духовна стража, затоа што не знаете кога Бог ке ве повика кај Себе. Во вашиот земен живот бидете секогаш подготвени да му положите сметка. Внимавајте непријателот да не ве фати во неговата мрежа, да не ве измами и предизвика да паднете во искушение. Повеќе...

За Моето име

Взбранной Воеводе победительная