логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Слово на Неговото Високопреподобие, Архимандрит Партениј, за Неделата на митарот и фарисејот, изговорено во манастирската трпезарија

Возљубени мои, ниедно друго зло, никаква друга болест не е толку смртоносно погубна за човекот колку омразената гордост, бидејќи имено преку гордоста влезе гревот во овој свет, а преку гревот – смртта. Впрочем и на небото зародишот на гревот беше во гордоста. Светлоносната деница, луцифер, украсот на ангелскиот свет, падна од небесната слава и убавината на присуството Божјо затоа што се погордеа и го посака местото на Бога. Како падна ти од небото, Денице, сине на зората! Се разби од земјата ти, кој ги угнетуваше народите. А во срцето свое си велеше: „Ќе се искачам на небото, ќе го издигнам престолот свој погоре од Божјите ѕвезди…, ќе бидам сличен на Севишниот (Иса. 14,12-14).

Така значи, преку Светото Писмо и живото предание на Црквата, Бог ни ја покажал дијагнозата за смртноста, но ни го одредил и лекот за бесмртието. Неговото смирено доаѓање на земјата беше, всушност, неопходното лекарство за смртно разболениот човек, за човекот на гордоста, гревот и распадливоста. Потоа, Неговото крајно смирение и трпение со кои Он триесет и три години живееше на земјата, ги поднесе сите сурови понижувања, страданијата, распетието и смртта, беа последната мерка на тоа божествено лекарство. Следствено, смирението е единствениот проод до Лекарот над лекарите, до Исцелителот на паднатата ни природа. Он го покажа и ни го даде лекот со тоа што се воплоти, постана човек, се распна заради нас и воскресна; сега, достапен е за нас тој лек, отворени ни се „дверите на милосрдието“, потребно е само да влегуваме низ нив со срце понизно и смирено (Псал. 50,17). Смирено пристапување кон смирениот Спасител.


Параболата за митарот и фарисејот

Ете зошто денес Црквата преку Параболата за митарот и фарисејот (Лука 18,9-14), нѐ поучи колку е важно постојано да се смируваме, да бараме од Бога прошка и спас за сопствената грешност, а не да осудуваме. Чувме како во параболата се зборуваше за два човека коишто дошле да се помолат во храмот, да застанат пред лицето Божјо, пред единствениот Судија. Едниот, фарисејот, бил од социјалниот слој на почитувани луѓе во општеството, угледен, со голем авторитет меѓу народот. Тој застанал на видно место во Божјото светилиште и започнал да се моли: Боже, Ти благодарам… Нема никаков сомнеж дека овој човек убаво започнал да разговара со Бога. Ние за сѐ треба да Му благодариме на нашиот Создател. Непрестајно. Ако земеме да набројуваме сѐ за што треба да Му благодариме на Бога, навистина не знам од каде би почнале и каде би завршиле. Меѓутоа, наместо да Му благодари на Бога за добрините што му ги дал, за милоста, за прошката, за преизобилната љубов Негова пројавена кон него, смртниот и грешен човек, фарисејот заминал во сосема спротивна насока: Ти благодарам што не сум како другите луѓе: разбојници, несправедливи, прељубодејци, или како овој митник. Постам двапати во седмицата, давам десеток од сè што придобивам. Залутал во крајната гордост, ги присвоил сите богодарувани добродетели како лично свои.  Другиот човек, пак, цариникот, се чувствувал толку грешен и недостоен, што не се осмелувал ни да погледне симболично нагоре, кон Бога, но со наведната глава, со внатрешна и надворешна скрушеност, стоел на последното место во храмот. Се удираше в гради и велеше: „Боже, биди милостив спрема мене грешниот!“  И гледајте што нѐ поучи прекрасната уста на Спасителот: ви велам: дека тој си отиде дома повеќе оправдан, отколку оној; зашто секој што се воздига, ќе биде понизен, а кој се понизува ќе биде воздигнат. Чудесно нешто! Со толку едноставна парабола и со прости зборови ни го посочи лекот: смирението.

Ниедна друга страст не го валка толку подобието Божјо во човекот како што тоа го прави гордоста. Оти со неа неизоставно следи и лицемерството. Гордите луѓе  особено си прават лажна слика за себеси, и пред другите и лично пред себе. А Бог не се гнаси од ништо друго така, како од лицемерието. Да го погледнеме Светото Евангелие – во него се опишани многу настани, многу греови и падови. Колку пати Христос ги милувал грешниците, ги исцелувал, се дружел со нив, ги посетувал нивните домови, седел на трпеза со нив… Не Го жалостеле Него смирените грешници, туку вообразените праведници. Сетете се само на онаа случка со жената фатена во прељуба, на која, според еврејскиот закон, ѝ претстоело да ја каменуваат. Ја донесле тогаш лицемерите пред Него, Учителот на милоста и простувањето, и злобно го искушувале: Учителе, оваа жена сега е фатена во прељубодејство. А Мојсеј во Законот ни заповеда: такви со камења да ги убиваме; Ти, пак, што велиш? (Јован 8,4-5) „Ти, Кој учиш дека треба да простуваме, да покажуваме милост, што велиш? Зарем ако ѝ простиме на оваа докажана грешница нема ли да го нарушиме законот што Мојсеј ни го даде? Нема ли тоа да биде најстрашно богохулство? Ти, пак, што велиш?“ Што направил тогаш премудриот наш Спасител? Почнал да им ги пишува во правта гревовите на оние што најмногу го осудувале тоа несреќното човечко суштество и биле насрчени први да ја посипат со камен. И откако Срцезналецот им покажал дека знае какви страшни гревови имаат направено, многу поголеми дури и од блудницата, им рекол: Кој од вас е без грев, нека прв фрли камен на неа! (…) А тие, штом го чуја тоа, бидејќи совеста ги гризеше, се разотидоа еден по еден, почнувајќи од најстарите до последните; остана Исус Сам со жената, која стоеше насреде (8, 7,9). Сите си заминале, никој не се осмелил да ја осуди. Тогаш и благиот Христос ѝ рекол: Ни Јас не те осудувам. Оди си и немој повеќе да грешиш (11). Гледате? Господ ја спаси грешницата; не ја осуди туку преку смирението ја исправи и поучи, и неа, и сите околу неа, и сите луѓе од сите поколенија. А со гордите лицемери како постапувал? Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери…

Пред извесно време слушнав како едно мое духовно чедо, коешто подолг период не дошло во Манастиров, зборувал пред некои луѓе и велел: „Како да одам в Манастир кога таму одат многу грешници, наркомани, пијаници, па дури и некои поранешни големи блудници што ги познавам?“ Кога го слушнав ова ми надојдоа солзи во очите. Си реков во себе: „Ох, Господи, колку сме мизерни ние луѓето! Застануваме на Твоето место и судиме“. А сите ние сме болни. Многу болни! Наведни ја главата, беден човеку, и моли се, оти и ти си болен! Признај ја пред Бога и пред себе твојата болест за да се спасиш. На смртна постела е твојата душа, а ти за другите ли ќе кажуваш? Зашто, ако човек добро погледне во себе, сигурно ќе го најде тоа што големите грешници можеби јавно го прават. Но нивното грешење сите го гледаме и го знаеме, а нивното покајание не. Само Бог има право да даде пресуда, не и ние. Големиот учител на монасите преподобниот Ефрем Сирин, поучувајќи ги своите монаси, а и сите луѓе, меѓу другото, вели: „Немој никогаш да се повикуваш на Божјата правда, бидејќи нема да се одржиш. Повикувај се секогаш на Божјата милост ако сакаш да се одржиш“. Нели и во храмот постојано повторуваме: „Господи помилуј!“ – она што денес го кажуваше грешниот, но смирен цариник во Евангелието: Боже, биди милостив спрема мене грешниот! Забележете, толкава била неговата доверба во Божјото сезнаење, така што воопшто не ги набројувал своите гревови, а само во смирение барал прошка за нив. Важно е да се покаеме и да се смириме. Тогаш неизоставно Бог ќе се приближи до нас, ќе ни помогне, ќе нѐ исцели. Затоа никогаш не смееме да велиме: „Ти благодарам, Боже, што не сум грешен како другите…“, туку со скрушеност да кажуваме: „Ти благодарам, Боже, за Твојата милост што ја покажуваш кон мене, а која јас воопшто не ја заслужувам“.

Ве замолувам да ми простите и мене, бидејќи навистина се чувствувам недостоен да говорам сега за овие работи, затоа што сум прв од тие кои грешат. Многу пати, во својата слабост и необмисленост, знам да покажам кон другите и да речам: „ах, како може тој и тој човек да греши во тоа?!“ Понекогаш се соблазнувам и од носителите на одговорни места во општеството и Црквата, па судам, а тоа не треба така да биде. Ете, и мене Господ ме поставил да бидам игумен, а, секако, сум човек со многу слабости и честопати грешам. Но важно е секогаш да се трудиме да бидеме не први во пофалбите и горделивото предимство пред други, туку први во служењето едни на други – онака како што кажа Христос: кој сака меѓу вас да биде прв, нека ви биде слуга (Матеј 20,27). Доколку, пак, ние следиме што прават другите и ги ловиме нивите гревови, или се соблазнуваме од властите, од владиците, од свештениците, од монасите, што добро ќе постигнеме со тоа? Потполно ништо. Најнапред ќе допринесеме да се умножи злото и ќе ја погубиме својата душа. Затоа, секогаш да го имаме пред нашите мисловни очи денешниот пример со цариникот, којшто се чувствуваше најгрешен и побара прошка од Бога.

Христијански е кога ќе видиме дека некој паднал во грев, не да го осудуваме или прекоруваме со остри зборови, туку да направиме нешто за да го подигнеме, да му дадеме добар пример, поттик, доверба. Тоа Бог од нас го бара – да се носиме едни со други по патот кон спасението, бидејќи сите сме немоќни и грешни. Браќа, – нѐ повикува апостолот Павле – и да падне човек во некаков грев, вие духовните поправајте го таков со духот на кротоста, пазејќи се и вие да не бидете искушани. Поднесувајте ги тешкотиите еден на друг, и исполнувајте го така законот Христов (Гал. 6,1-2). И оние што навидум изгледаат многу силни, верувајте, лесно можат да паднат. Доволно е да го отвориме Евангелието и ќе се увериме во тоа. Погледнете само како апостолите што Господ ги избрал се прикажани со своите падови. Да го земеме за пример силниот и ревносен ап. Петар. Тој прв така одлучно Го исповедал Христа за Син Божји: Ти си Христос, Синот на живиот Бог (Матеј 16,16); пламено Го одвраќал својот Учител од страданијата (Матеј 16,22),  Му ветил дека душата своја ќе ја положи за Него (Јован 13,37), па дури и извадил нож да Го брани (Јован 18,10). Меѓутоа, што се случило потоа? Петар три пати се одрекол од Господ, па уште рекол дека не Го познава Човекот. И другите апостоли исто така – луѓе со слабости. Тома, на пример, кој не бил со останатите апостоли кога им се јавил воскреснатиот Исус, пројавил големо неверие. Пркосел на сведоштвото на сите други: Дури не ги видам раните од клинците на рацете Негови, и не го ставам прстот свој во раните од клинците, и не ја ставам раката своја во ребрата Негови, нема да поверувам (Јован 20,25). Со овие примери Бог едноставно сака да ни укаже на сите колку сме слаби и грешни, па затоа и не треба со ништо да се гордееме.

Да се плашиме, значи, од осудувањето. Оној којшто суди најтешко ќе падне, а оној, пак, кој се смирува, тој не може да падне, оти веќе се чувствува како најдолен и најгрешен. Божјата благодат и заштита ќе бидат со него, зашто тој на правилен начин Го бара Лекарот. Најтешко болен е тој што не знае дека е болен и следствено – не бара лек. Така и оној којшто постојано гледа во туѓите гревови и туѓите падови, а на своите не ни помислува. За жал, има и луѓе што секоја недела и секој празник се в црква, но постојано осудуваат. „Не одам во тој и тој манастир оти таму одат многу грешници“. Или: „Оној свештеник постојано ме соблазнува, затоа не сакам да одам во неговата црква на богослужба“. Фарисејство. Седнување на Божјото место. Се ставаме во улога на Бога, па судиме. Нема пострашно од тоа! Човекот којшто се занимава со туѓите гревови, а не со своите, верувајте, изгубил секакво човечко чувство. Просто како да се откажал од Бога…

До Светиот и велик пост ни останува уште малку време, три седмици. Затоа Црквата, во овој подготвителен циклус пред највеликиот од сите празници – Воскресението Христово, нѐ повикува да се украсиме со скапоценото смирение и да почнеме да се подготвуваме за средба со Бога. И тоа го прави секоја година, бидејќи знае дека нашата природа е таква – лесно забораваме и запаѓаме во мрзеливост, па почнуваат да нѐ интересираат туѓите слабости.

Накрај, ве замолувам секогаш да си спомнуваме колку Бог ни проштева, пред сѐ, лично нам, а потоа и на сите други. Имајќи ја предвид сопствената грешност и сеопростувачката милост Божја, нема да сакаме да ги осудуваме другите.

Простете ми и Бог нека биде со сите нас!

 

Извор: Бигорски манастир


Add comment

Security code
Refresh


Видео содржини

Верата на нашите татковци - Евхаристија

Авг 04, 2018
Верата на нашите татковци Тема: Евхаристија - Света Причест 11.03.2018

Во продажба е новиот број на Премин 127/128

Јун 05, 2018
„И сега, убеден сум дека тој на небото принесува жртва за нас и се моли за сиот народ (иако нѐ остави, сосема не нѐ напушти), а јас – Григориј, полумртов, полуосакатен, оттргнат од великото…

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Февруари 17, 2018
sv.efrem.sirin2.jpg

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН - Псалм 11 4

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН Псалм 11. Нема да се справам со себеси и со ѓаволот – Ти Господи, помогни ми! Никој не може да ја излекува мојата болест, освен Оној, Кој ги познава длабочините на срцето. Колку пати си поставувам растојанија и подигам прегради помеѓу себе и…

о. Горан Стојчевски „БОЛНИТЕ ИСЦЕЛИ ГИ ЛЕКАРУ НА ДУШИТЕ И ТЕЛАТА“

Јан 27, 2018 Беседи 1368
о. Горан Стојчевски„БОЛНИТЕ ИСЦЕЛИ ГИ ЛЕКАРУ НА ДУШИТЕ И ТЕЛАТА“,,… Кој ја преминува…

Јеромонах Методиј Зинковскиј: Св. Стилијан – Светилник Христов и покровител на децата

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух, Драги браќа и сестри, ве по здравувам со…

Излегоа од печат „Житијата на Светиите“ за месец септември

Ное 16, 2017 Полезно и Потребно 1455
Во издание на црквата посветена на св.Григориј Палама и св. Димитриј Мироточив во…

Беседи

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

Духoт на Гoспoда e врз Мeнe. Зoштo Oн тoа гo гoвoри кoга e рамeн на Духoт какo и на Oтeцoт? Заради свeдoштвo на луѓeтo, какo штo тoлкува св. Златoуст. Нe...

протоереј Драган Јанковски: Петнаесетта недела по Педесетница

протоереј Драган Јанковски: Петнаесетта недела по Педесетница

Aко треба да дадеме најкратка дефиниција и најверодостојна карактеристика за науката на Господ Исус Христос и христијанството воопшто, треба да речеме дека тоа е љубов. Можат да се дадат и...

Митрополит Николај Месогејски:Зошто мене, Боже мој? (прв дел)

Митрополит Николај Месогејски:Зошто мене, Боже мој? (прв дел)

Бурата на лекарските прегледи ја заменува бомбардирањето со неодговорените „зошто“. Зошто, Боже мој, толкава болка? Што згрешило ова невино создание? Зошто моето дете, кое ми се чини дека е најдоброто,...

Николај Митрополит Месогејски: Зошто мене, Боже мој? (втор дел)

Николај Митрополит Месогејски: Зошто мене, Боже мој? (втор дел)

Такви многубројни „зошто“ излегоа и од устата на многустрадалниот Јов, или од перото на повредениот Давид, двајца луѓе на кои трагичната смрт на нивните деца им го запечати поминувањето низ...

Свети Григориј Палама: Беседа на Преображението

Свети Григориј Палама: Беседа на Преображението

На Гората имало осум, но се гледале само шестмина: тројца – Петар, Јаков и Јован, кои се искачиле заедно со Исус, ги виделе како со Него стојат и разговараат Мојсеј...

БEСEДА Цeлата глава ви e вo рани, и цeлoтo срцe ви e изнeмoштeнo (Иса. 1:5).

БEСEДА Цeлата глава ви e вo рани, и цeлoтo срцe ви e изнeмoштeнo (Иса. 1:5).

И пoтпадналe вo бeзизлeзeн мрак на идoлoпoклoничкитe заблуди. А oд лудoриитe на главата срцeтo изнeмoштeлo. Срцeтo пoтeшкo сe oддвoјува oд Бoга oткoлку главата; нарoдoт пoтeшкo сe oддвoјува oд Бoга oткoлку...

БEСEДА за нeблагoдарнoста штo нe e видeна и мeѓу живoтнитe

БEСEДА за нeблагoдарнoста штo нe e видeна и мeѓу живoтнитe

Кoга вoлoт, кoјштo нe збoрува, знаe кoј му e гoспoдар и кoга магарeтo знаe чии сe јаслитe oд кoи сe храни, какo чoвeкoт кoј збoрува да нe знаe за Бoга,...

Свети Јован Златоуст: Ве преколнувам...

Свети Јован Златоуст: Ве преколнувам...

Ве преколнувам, значи, да не ги оддалечувате своите срца од Господ, туку да стражарите над нив и да ги чувате, сеќавајќи се секогаш на нашиот Господ Исус Христос, додека Името...

БEСEДА за лажнитe учитeли

БEСEДА за лажнитe учитeли

Нo, акo знаeтe, и, акo нe знаeтe, впeрeтe гo свoјoт ум кoн Гoспoда, oградeтe сe сo знакoт на крстoт, пoвикајтe ја на пoмoш свeтата Прeчиста какo и Бoжјитe угoдници, а...

« »

Најново од духовност

Православен календар

18/09/2018 - вторникник

Св. свш-мч. Вавил еп. Антиохиски; св. пророк и боговидец Мојсеј

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Тропар

Тропар на свeтиот пророк Захарија и светата праведната Елисавета 5 септември / 18 септември 2018

Тропар на свeтиот пророк Захарија и светата праведната Елисавета 5 септември / 18 септември 2018

Со свештенчката одежда заштитен,премудри Захарие Божји,жртва благопријатна, свештено си принесувал,бивајќи светилник и тајновидец,

Тропар на св.Христов свш-мч. Вавил Антиохиски и со него три  деца 4 септември / 17 септември2018

Тропар на св.Христов свш-мч. Вавил Антиохиски и со него три деца 4 септември / 17 септември2018

Твоите деца духовни о свети Вавило,Урван, Прилудијан и Еполоние,станаа новонасадени маслини во Господовите градини,

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антим Никомидиски 3 септември / 16 септември 2018

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антим Никомидиски 3 септември / 16 септември 2018

Радувај се роде човечки, радувај се Никомидио,ете од тебе Бог порасна фиданка, која стократен плод ќе принесе,преку неа врати ќе...

Добредојде Православие.мк

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Последни коментари

Почаевско чудо

Ако некој се помоли од сето срце, тогаш Господ ќе му помогне и ќе го поправи и ќе продолжи по патот на вистината. Во една од посетите на Почаевска Лавра, јас станав сведок на прекрасно чудо, кога пред мои очи се исцели жена која педесет години не можеше да оди бидејќи имаше извиткани нозе. Повеќе...

Архимандрит Георгиј Капсанис

Личноста на архимандритот Георгиј ќе остане во вечно паметење во срцата на оние што го запознале, но генерално и во целата Православна Црква, затоа што преголеми се неговите заслуги за чистотата на верата и за автентичното живеење според неа..Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

Протоереј Андреј Ткачев: Примете, јадете

 

Во Рајот Господ им рекол на луѓето да не јадат од дрвото на познанието. А злиот лукавец велел – јадете. Христос вели „јадете“, „пијте од Неа сите“, а злиот говори: „не јадете“, „недостојни сте“, „потребно е долго и тешко да се подготвувате“. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Св.Јован Шангајски - БДЕНИЕ

 

Стојте цврсто на духовна стража, затоа што не знаете кога Бог ке ве повика кај Себе. Во вашиот земен живот бидете секогаш подготвени да му положите сметка. Внимавајте непријателот да не ве фати во неговата мрежа, да не ве измами и предизвика да паднете во искушение. Повеќе...

За Моето име

Взбранной Воеводе победительная