логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 Скопје, 21 октомври 2018 лето Господово- храм на св.Јован Кртител, н.Капиштец

 

ДВАЕСЕТ И ПРВА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

 


„Излезе сејач да сее семе..."(Лука 8: 5)


Има ли поедноставни зборови со кои би се опишала суштината и значењето на Христовата наука, отколку зборовите кои Христос ги употребил во денеска слушнатата приказна за сејачот и семетo Има ли поразбирлива споредба сокоја би се опишала состојбата на човечките души, кои на различен начин ја прифаќаат Христовата вистина.
Сејачот цели дваесет векови не престано ја обиколува земјата, се појавува во животот низ сите епохи, како вечен патник оди по патиштата на разни народи и насекаде го сее словото за вистинскиот живот и спасениета. А какви и колку многу историски пресврти доживеало човештвото низ сите дваесет векови.

Дваесет векови четирите краја на земјата се сретнуваат во љубов, но и во омраза, во радост, но и во тага, во слога, но и во крвави војни, воразбирања, но и во кавги. Но, во текот на сите тие векови на вера, но и на богоотпадништво, еден лик останува неизменет тоа е Неговиот лик, ликот на божествениот Сејач. Господ Исус Христос за да не поучи во богоугодниот живот, честопати ни зборувал во приказни земал наједноставни секојдневни нешта и настани, за да би ни ги открил совршените и вечни карактеристики на Царството Божјо. Никој што не ги слушнал Неговите примери не би ни помислил дека во сите тие секојдневни тгворевини Божји се кријат такви тајни за Царството Божје. Како на секојдневна и највпечатлива е приказната за сејачот и семето парабола која ја слушнавм ео денешното свето Евангелие.

Господ Исус Христос е величенствениот божествен Сејач на семето, кое раѓа живот, зашто „Неговите зборови се дух и живот“. Неговиот збор најмногу одговара на сите потреби на човечката душа, срце и волја. Во Неговите зборови човекот го достигнува своето високо назначување, афирмацијата на својата личност, која ја збогатува со вечни вредности. Христовите зборови, фрлени како семе врз почвата на човечката душа траат низ сите времиња. Колку и да се менувале условите на животот, колку и да напредувале науката и техниката, сепак, Христовите зборови нема да престанат да бидат патоказ за човекот.

А пак, секој земјоделец ја сака својата земја Тој вложува труд да ја обработи земјата па откако ќе го фрли семето, се надева на плод кој ќе биде награда за неговиот труд. Затоа тој го бира семето, кое треба да биде посеано, за да роди здрав и убав плод. Така постапуваат сите совесни и разумни земјоделци. Но, уште повеќе е важно какво семе на духовен живот се сее во светот, зашто постојат различни семиња кои се сејат во човечките души. А семето, кое го сее божествениот Сејач е Божјото слово. Тоа семе е семето на верата, љубовта, правдата, мирот, чистотата, човечките души.


Зрното на верата посеано во човечките души, раѓа живот. Оној кој искрено верува, го љуби својот небесен Отец и се потчинува на Неговата воља.  А Неговата воља е совршеноста на човекот. Господ Исус Христос ја протолкувал симболиката на целата парабола по барање на апостолите. И кога сееше едно семе падна покрај патот, па беше изгазено, или исколвано од птиците, друго падна на камена почва па штом никна немаше влага па се исуши, трето падна помеѓу трње, па трњето го угушија, а четвртото семе падна на плодна земја и откако никна порасна здраво и даде стократен плод. Благочестиви хр-ни, нивата ги претставува човечките души, различните почви сме ние верниците, кои треба да се стремиме да бидеме како четвртата категоријај односно плодната земја а семето евангелието Христово.

Зарем многумина од нас, кои денес се наоѓаат во овој храм, и кои ја слушнаа приказната за сејачот и семето нема во себе да заклучат. Колку е добра и вистинска денешната евангелска поука која ја слушнавме! Колку голем Учител е Христос! Колку многу е убедлива Неговата наука!

Но сепак, кога ќе излезат од храмот тие повторно ќе продолжат со стариот грешен начин на живеење. Токму кај нив семето паднало на неплодна почва и нема да донесе плод зашто нивната внатрешност не е препородена и не е раздвижена со силата на Христовата наука. Господовиот глас се одбил од нивните срца. Тие го слушаат само Неговото далечно ехо, како познато блиско и блажено сеќавање за нешто божествено.
Токму за тоа денес од едни можеме да слушнеме: Немаме време ни можност да се посветиме на науката за Божјото царство, од други: Денес не е време да мислиме за Божјото царство, зашто, животот е краток а задоволствата и минливите земни радости за нас се нешто најубаво. Трети ќе речат: Зарем науката за Божјото царство може да ни помогне? Апсолутно не, зашто се надеваме дека современата наука ќе ги реши сите наши животни проблеми. Од четврти ќе слушнеме: Премногу сме зафатени со животните професионални обврски, па немаме време за никакви други науки. А други, пак, ќе речат: Каква наука за вистината? Секоја вистина ја ограничува слободата на нашите мисли!

Оној, кој ќе го отвори своето срце за во неговите бразди да падне божественото семе тој ќе ја познае вистината и во неа ќе го најде животот. Во тие срца и за тие срца ќе расцути пролетта, ќе созрее летото, ќе дојде жетвата и ќе се соберат безброј плодови. За нив ќе има живот во изобилства. А оние, пак, кои ќе ги затворат своите срца нема да го примат семето на животот. Тежок е оној живот, кој е сличен на сува почва која е жедна за вода, која испукала зашто нема дожд и која тажно овенала во својата јаловост.

Затоа, излезе Сејачот да сее семе... За Него сонцето никогаш нема да зајде, бидејќи сите времиња се Негов ден и нема да остави ниту една почва непосеана зашто Неговите зборови се Дух и Живот.

Господ Исус Христос параболата ја завршил со зборовите: „Кој има уши да слуша нека чуе“! Тоа е повик за совет, но и опомена. Оти има слушање за кое нашиот народ вели: влегува низ едно и излегува низ друго уво. Но има слушање кое допира до срцето. Нека секој однас одлучи, дали само површно ќе живее христијански и ќе го остави семето да биде изгазено во него исколвано од демонските птици, ќе го угуши во трњето на световните минливи задоволства или со ангелска радост ќе го чува и расте до небесните височини на вечното Божјо Царство.

АМИН.

 

ереј Игор Острески

 

 Преминпортал (к.т.)

 

Друго:

Божествена Литургиј во храмот на св. Јован Крстител,н. Капиштец, Скопје (21.10.2018)

 



Видео содржини

Икона на Мајката Божја Одигитрија

Ное 16, 2018
Помага при сите болести, лекува од најтешки болести, опседнатост од нечиста сила и ги штити малите деца.

Руски Светец Александар Свирски

Сеп 29, 2018
Рускиот светец Александар Свирски - мошти со бела боја и кожа стара повеќе од 500 години, како да е жив

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!
Октомври 30, 2018

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 445
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 763
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Окт 18, 2018 Житија 728
Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на…

Беседи

БEСEДА за таинствeнoтo Бoжјo Трoјствo

БEСEДА за таинствeнoтo Бoжјo Трoјствo

Вoдата и крвта гo прават тeлoтo, а духoт e дух. “Тeлoтo сака спрoтивни рабoти на духoт, а духoт – спрoтивни на тeлoтo” (Гал. 5:17), штo значи дeка нe сe eднo,...

СЛОВО НА СВЕТОТО БОГОЈАВЕНИЕ    на нашиот свет отец Јован Златоуст

СЛОВО НА СВЕТОТО БОГОЈАВЕНИЕ на нашиот свет отец Јован Златоуст

Христос се бори, а јас венец примам! Он војува против ѓаволот, а јас ја земам победата над ѓаволот! Он ја смачкува главата на змијата во вода, а јас како законски...

БEСEДА за нашата нeмoќ бeз Гoспoда Христа

БEСEДА за нашата нeмoќ бeз Гoспoда Христа

Нашиoт Гoспoд нeмал oбичај да збoрува прeувeличeнo. Ничии збoрoви вo свeтoт нe сe пooдмeрeни oд Нeгoвитe. Па кoга Oн вeли дeка бeз Нeгo нe мoжeмe да направимe ништo тoгаш тoа...

БEСEДА за трпeливиoт Јoв

БEСEДА за трпeливиoт Јoв

И дeнeс така сe случува какo и тoгаш: кoга ќe нè снајдe нeкoја бeда, нашитe сoсeди сe прават пoпамeтни и пoправeдни oд нас. Нo Сeмудриoт Бoг ги пуштил ситe oвиe...

Архимандрит Партениј Бигорски: Благодарноста – пат кон милосрдието

Архимандрит Партениј Бигорски: Благодарноста – пат кон милосрдието

Да се трудиме, мили мои, да бидеме благодарни и милосрдни, та и ние да најдеме милост пред Господа. А за благодарност има безброј причини, нема човек кој нема за што...

БEСEДА за двата свeта

БEСEДА за двата свeта

Штo сака Бoг, браќа, тoа и гo oткрива на луѓeтo, а штo нe сака Oн, тoа oстанува нeoткриeнo. Бoгoвидeцoт Мoјсeј ништo нe мoжeл да рeчe пoвeќe за нeбoтo, oсвeн самo...

Митрополит Американско-канадски Методиј: КАМБАНИТЕ БИЈАТ ЗА СИРОМАСИТЕ

Митрополит Американско-канадски Методиј: КАМБАНИТЕ БИЈАТ ЗА СИРОМАСИТЕ

Фреската од Сикстинската капела на која Микаланџело го изобрази создавањето на Адам, првиот допир на Бога и човекот, е прекрасна метафора за дарот на животот кој има божествен происход и...

БEСEДА за раздeлувањeтo на службата и звањeтo

БEСEДА за раздeлувањeтo на службата и звањeтo

Какo штo вo чoвeчкoтo тeлo разнитe oргани имаат различни служби, нo ситe дeјствуваат вo хармoнија за дoбрoтo на цeлoтo тeлo, така Гoспoд вoстанoвил и вo Црквата, кoја e Нeгoвo тeлo,...

о.Горан Стојчевски: Благодатта на нашиот Господ Исус Христос, љубовта на Бога Отца и заедницата на Светиот Дух да биде со сите нас

о.Горан Стојчевски: Благодатта на нашиот Господ Исус Христос, љубовта на Бога Отца и заедницата на Светиот Дух да биде со сите нас

Делата Апостолски сеуште ми се живо четиво, не само како почеток на историскиот пат на Црквата Христова во светот и неговото прибирање во лоното на Авраама, и личносен подвиг кој...

« »