логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 TVITer75


Пробивање низ темнината (18.05.2020 16:18)

Гледаме како Христос настапува како вистинска светлина и ги трга слоевите на темнина од жената Самарјанка, и ја воведува од светлина во светлина, додека не ја направи Свој автентичен сведок. И сето тоа, откако прво жената Самарјанка виде и препозна Човек во Него.

Ист е процесот низ кој Христос и нас нѐ води, преку духовното раководство од духовниот отец (откако претходно ќе препознаеме Човек во него), во Црквата, со тоа што, од наш аспект, се работи за пробивање низ темнината.

Пред да побара духовно раководство, секој човек во својот живот се среќава со темнината на неверието што треба да ја пробие. Оној што ќе се пробие низ таа прва темнина – продолжува по патот, оној што – не, останува.

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а тоа се: темнината на поистоветувањето со државата, темнината на поистоветувањето со нацијата (народот) и темнината на поистоветувањето со партијата. Христијаните може да се поистоветат само со Христос, затоа што со секое друго поистоветување тие отпаѓаат од Христос и го губат христијанскиот идентитет. Затоа, оној што ќе поверува, ќе треба да излезе на светлината на пастирскиот пристап кон државата, нацијата (народот) и партијата.

Со темнината на поистоветувањето го исклучуваш другиот, различниот, а бидејќи се одрекуваш од христијанскиот идентитет, престануваш да бидеш преносител на Божјата благодат кон она со кое се поистоветуваш и допринесуваш за неговата пропаст. Она што го реков: нечовекот и своите ќе ги однесе во пропаст. Христијанскиот подвиг е сосема друг. Во светлината на пастирскиот пристап, христијанинот ги прегрнува сите, без да исклучува некого, и бидејќи е преносител на Божјата благодат, го преобразува и спасува сето она меѓу кое пастирски дејствува.

Зошто денешните „христијани“ не го разбираат напишаново и доживуваат криза (суд) додека го читаат? „А овој суд е затоа што Светлината дојде на светот, ама на луѓето повеќе им омиле темнината отколку светлината, оти нивните дела беа лоши. Зашто секој што прави зло, ја мрази светлината и не оди кон светлината, за да не бидат осудени неговите дела, оти се лукави. А оној што твори вистина, оди кон светлината, за да се видат неговите дела, бидејќи се по Бог извршени“ (Јован 3, 19–21).

Секоја темнина си има свој демон кој се крие во неа, кој истовремено, со сите сили, преку помислите, се труди да ја одржи или да ја зголеми истата.

Од оние, пак, кои ги пробиваат овие првични темнини, мнозина само телесно стануваат членови на Црквата, крстени и причестени итн., но не ја откриваат тајната на послушанието, односно тајната на восогласувањето на начинот на својот живот со степенот на духовниот раст на кој се наоѓаат, како и тајната на восогласувањето на начинот на својот живот со местото и улогата што ги имаат во општеството и во Црквата; и во најдобар случај, душевно остануваат во темнината на религиозната невроза, со повремени проблесоци од светлината на природниот начин на живот.

Има и такви, кои откако ќе ја пробијат првата темнина – на неверието, и откако ќе станат членови на Црквата, под духовно раководство, при силното дејство на првата благодат, пробуваат да се одлучат за монашки живот и подвиг. Пред нив обично се појавува проблемот на пробивање на темнината која го дели монашкиот од животот во светот. Велам дека обично се појавува, иако има и случаи во кои не се појавува. Демонот знае точно кога и како да нападне, согласно профилот на подвижникот и согласно тоа што му е допуштено.

Ако веќе се појави, се работи за темнина, многу слична на онаа што свети Јован ја опишува во својата книга „Лествица“ како попладневен демон. Така, младиот човек кој се наоѓа во посета на манастирот, како што денот ближи кон пладне, ќе почувствува намалување на светлината во него, т.е. повлекување на благодатта Божја. После пладне, веќе ќе го опфати една темнина, пропратена од демонски помисли, која нема да се повлече сѐ до вечерта. Вечерта може да му се врати или вообичаената светлина, т.е. благодат, на животот, или ако се подвизувал, и поголема светлина од вообичаената.

Да не должам многу, оној што, преку самоодрекување, ќе ја пробие оваа темнина, односно ќе го победи нејзиниот демон, ќе влезе во уште поголема светлина и ќе може и да остане во манастир. Оној што, поради самољубие, нема да ја пробие таа темнина, се враќа дома. Очигледно, таа темнина се јавува како добар филтер за тоа кој останува, а кој си оди дома.

Постојат и други филтер-темнини, кои оној што се одлучува за монашки подвиг треба да ги помине, но за тоа следниот пат.

Христос Воскресе!

Митрополит Струмички Наум

http://www.mpc.org.mk/MPC/SE/vest.asp?id=7284

 

Друго:

3.angeli.so.truba

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

 

3.angeli.so.truba

Депресија и надеж од православен аспект (09.05.2020)

 

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 746
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Архиепископот г.г. Стефан:Продолжи ги богољубивите и родољубивите дела

Архиепископот г.г. Стефан:Продолжи ги богољубивите и родољубивите дела

    Со денешниов чин, преку Светиот Дух, врз тебе се изли љубовта Божја[6], и тој дар ќе ти помага со љубов да им служиш на луѓето и да ги исполнуваш задолженијата...

Партениј Епископ Антаниски и Игумен Бигорски:Да си биде епископ значи да се биде прв во служењето

Партениј Епископ Антаниски и Игумен Бигорски:Да си биде епископ значи да се биде прв во служењето

Да се биде епископ, преемник на апостолската благодат, значи да се биде прв не во превласта, не во некакви привилегии, туку во одговорноста и во служењето на другите за добро,...

О.Бобан Митевски: Долгоденствувај владико свет, Преосветен епископе Антаниски, г. Партениј

О.Бобан Митевски: Долгоденствувај владико свет, Преосветен епископе Антаниски, г. Партениј

Денес беше сецрковно торжество, радост за дојдените заради љубовта во Христа... Радост долгоочекувана, желба кој тивко тлееше во посакувањата на илјадници наши браќа и сестри христијани. Се се радуваше. Толку...

Митрополит Струмички Наум: Првенство по чест (11.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Првенство по чест (11.07.2020)

Нема таков голем грев пред Бог каков што е духовниот геноцид што се врши над нашата света Црква. Да имаш власт да сврзуваш и да разврзуваш и на небото и...

Митрополит Струмички Наум:  Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Теологија без умно-срдечна молитва е повеќе технологија, т.е. умешност, односно техника на составување и вообликување на мислата и на зборот, отколку богословие, отколку Божјо слово; повеќе знаење што произлегува од...

 Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Во духовната пустина на овој суетен свет, на ова место на нашето исконско туѓинување, огромна е човечката жед за љубов. Дури и се навикнуваме да живееме без внимание кон себе...

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Исто така, извршен e и Литургискиот (Евхаристиски) збор, и тој е збор во сила; извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот; затоа што Христос е...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥  (03.07.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥ (03.07.2020)

Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на...

« »